OPEL ZAFIRA C 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2018.5Pages: 393, PDF Size: 10.25 MB
Page 261 of 393

Возење и ракување259Продолжување со снимената
брзина
Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето на
RES/+ при брзина поголема од
50 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.
Зачуваната брзина се прикажува
во загради кога системот е
вклучен, но не е активен,
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на
патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете E повторно
за да ја смените оддалеченоста за следење. Поставката е прикажана
и на Информативниот центар за
возачот.Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир.
Пример: Ако е избрана поставката
3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред
можниот судир и ако
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.
Page 262 of 393

260Возење и ракување9Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува кога системот ќе открие
возило на патеката за возење.
Предупредување за преден судир
3 264.
Ако симболот не се појави, или се
појавува кусо, приспособливата
контрола на патувањето нема да
реагира на возилата напред.
Деактивирање на
функционалноста
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
● Ќе се притисне y.
● Педалата за сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди.
● Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е
ставена во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
● Брзината на возилото се зголеми над 190 км/ч или се
намали под 45 км/ч.
● Работи системот за контрола на превртувањето.● Работи електронскатаконтрола на стабилноста.
● Нема сообраќај и не е откриено
ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
нема радарски еха и сензорот
може да извести дека е
блокиран.
● Системот за активно итно сопирање ги активира
сопирачките.
● Возење на остри стрмнини.
● Радарскиот сензор се блокира со мраз или слој вода.
● Откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Кога приспособливата контрола на патувањето е деактивирана,
контролната сијаличка m во
Информативниот центар за
возачот од зелена станува бела и
се прикажува скок-порака.
Page 263 of 393

Возење и ракување261
Зачуваната брзина се одржува и сеприкажува во загради во
Информативниот центар за
возачот. Системот е деактивиран,
но не е исклучен.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување на системот
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролните
сијалички m и C во
Информативниот центар за
возачот се гасат. Зачуваната
брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола врз возилото.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Ова ја намалува или сосема ја спречува
видливоста. Во случај наблокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ● Автоматската сопирна сила на системот не дозволува нагло
сопирање и нивото на
сопирање може да не биде
доволно за да се избегне
судир.
● По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возило
напред. Затоа, ако се открие
ново возило, системот може да забрза наместо да присопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
Page 264 of 393

262Возење и ракување● Приспособливата контрола напатувањето не сопира за
пешаци, животни, возење со
многу ниска брзина или
сопрени возила.
● Не користете приспособлива контрола на патувањето когавлечете приколка.
Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да се избегне излетување од свиок.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливоста, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не може да го
сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Page 265 of 393

Возење и ракување263Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот по
нагорнини и кога се влече приколка зависат од брзината на возилото,натовареноста на возилото,
сообраќајните услови и степенот
на стрмнината. Може да не открие
возило на вашата патека додека
возите по ридови. На стрмнини,
може ќе треба да ја користите
педалата на гасот за да ја
одржувате брзината на возилото.
Кога одите по надолнини, особено
кога влечете приколка, може ќе
треба да сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставките можат да се променат
во изборникот за приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби во Инфо-екранот.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) во Инфо-
екранот.
Информативен екран 3 138.
Page 266 of 393

264Возење и ракувањеПриспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Дефект Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 139.
Предупредување за преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.Контролната сијаличка A укажува
кога има возило напред.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140 или
да не е исклучено со притискање на
V (зависно од системот, видете
понатаму).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
● Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 256.
● Предупредување за преден
судир врз основа на предна камера
кај возилата со традиционална
контрола на патувањето 3 252.
Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
Системот го користи радарскиот сензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.
Page 267 of 393

Возење и ракување265Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење ако не е исклучена
поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 140.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.Притиснете E; моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете E повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето. Поставката
се прикажува и на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот.
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Предупредување на возачот
Контролната сијаличка за возило
напред A светнува зелено во
групата инструменти кога системот
ќе открие возило на патеката за
возење.Внимание
Бојата на осветлувањето на овој индикатор за контрола не
соодветствува со локалните
закони во сообраќајот на
оддалеченост за следење.
Возачот сноси целосна
одговорност за одржување на
безбедноста на оддалеченост
за следење во согласност со
правилата што се применуваат
во сообраќајот, времето и
условите на патот итн. на сите
времиња.
Page 268 of 393

266Возење и ракување
Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него
премногу ќе се намали, или кога
премногу бргу се приближувате кон
друго возило и претстои судир, во
Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување и се слуша
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставките можат да се променат
во изборникот за приспособување
на возилото кон индивидуалните потреби во Инфо-екранот.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) во Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
Предупредувањето за преденсудир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете V; моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето.
Page 269 of 393

Возење и ракување267
Предупредување на возачот
Контролната сијаличка за возило
напред A светнува зелено во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Внимание
Бојата на осветлувањето на овој индикатор за контрола не
соодветствува со локалните
закони во сообраќајот на
оддалеченост за следење.
Возачот сноси целосна
одговорност за одржување на
безбедноста на оддалеченост
за следење во согласност со
правилата што се применуваат
во сообраќајот, времето и
условите на патот итн. на сите
времиња.
Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него
премногу ќе се намали, или кога
премногу бргу се приближувате кон
друго возило и претстои судир, во
Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување и се слуша
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го V повеќепати
додека не се појави Forward
Collision Alert Off (Искл.
предупредување за преден судир)
на Информативниот центар за
возачот.
Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден
судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Page 270 of 393

268Возење и ракувањеСекогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, како кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или под
влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот зад
решетката на ладилникот или
предната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред на вашата патека.
Активно е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 133. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да изберете Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) ? и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за покажување на
растојанието однапред.
Минималната покажана
оддалеченост е 0,5 сек.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- s.