OPEL ZAFIRA C 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2018.5Pages: 393, PDF Size: 10.25 MB
Page 81 of 393

Складирање79Складирање во
средишната конзола
Средишна конзола
Складиштето може да се користи
за чување мали предмети.
Клизнете го капакот наназад за да
го отворите.
Задна конзола
Од задната страна на FlexConsole
има складишна фиока. Повлечете за да отворите.
Внимание
Не користете за пепел или други вжарени материи.
Заден систем за
превозување
Заден систем за превезување
за четири велосипеди
Задниот систем за превезување
(систем Flex-Fix) овозможува да се
прицврстат два велосипеда за
носачот што се извлекува и што е
вграден во подот на возилото.
Може да се закачат уште два
велосипеда на адаптер.
Превозувањето на други предмети
не се дозволува.
Page 82 of 393

80СкладирањеМаксималната оптовареност на
задниот систем за превезување е
80 кг со приклучен адаптер и 60 кг
без адаптер. Максималната
оптовареност по велосипед на
задниот систем за превезување е
30 кг. Тоа овозможува
прицврстување на електрични
велосипеди на задниот систем за
превезување. Максималната
оптовареност по велосипед на
адаптерот е 20 кг.
Меѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде
поголемо од 1,15 метри. Инаку не е можно безбедно прицврстување на
велосипедот.
Ако не е во употреба, задниот
систем за превезување мора да се
лизне назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Ако задниот систем за
превезување е извлечен и
возилото е целосно натоварено, висината на шасијата ќе биде
намалена.
Возете внимателно секогаш
кога патот е многу стрмен или
кога возите преку косина, тумба
и сл.
Внимание
Посоветувајте се со својот
продавач на велосипеди пред
да закачите велосипеди со
јаглеродни рамки.
Велосипедите може да се
оштетат.
Забелешка
Задните светла на возилото ќе се
деактивираат ако се монтираат
задните светла на задниот систем за превезување.
Извлекување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Задниот
систем за превезување се
ослободува и брзо излегува од
задниот браник.
Page 83 of 393

Складирање81
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.
9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
заглавува правилно, не местете предмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Расклопете го држачот на
регистарската табличка
Кренете го држачот на
регистарската табличка и склопете
го наназад.
Преклопете ги задните ламби
нанадвор
Преклопете ги двете задни ламби
нанадвор.
Page 84 of 393

82СкладирањеЗаклучете го задниот систем за
превозување
Свртете ги двата лоста за држење
настрана до каде што можат да
одат.
Инаку не се гарантира безбедното
функционирање.
Преклопете ги процепите за
тркалата нанадвор
Преклопете ги двата процепи за
тркалата нанадвор.
Составување на багажникот за
велосипеди
Кренете го багажникот одзади (1) и
повлечете го наназад.
Преклопете го багажникот
нагоре (2).
Page 85 of 393

Складирање83
Притиснете го багажникот (1) и
турнете ја рачката (2) наназад за да се заглави.
Закачување на првиот велосипед
1. Свртете ги педалите во положба како на илустрацијата
и ставете го велосипедот на
предните процепи за тркала.
Внимавајте велосипедот да
стои средишно на процепите за
тркала.
2. Закачете го краткиот држач за рамката на велосипедот.
Свртете го тркалцето надесно
за да го прицврстите.
3. Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги
ремените за држење.
4. Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.
Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Page 86 of 393

84СкладирањеЗакачување на адаптерот
Кога носите повеќе од два
велосипеда, адаптерот треба да се прицврсти пред да се закачи
вториот велосипед.
1. Закачете го адаптерот на
задниот систем за превезување
како што е прикажано на
илустрацијата.
2. Свртете ја рачката (1) нанапред
и држете, потоа спуштете го
адаптерот (2) од задниот дел.
3. Отпуштете ја рачката и проверете дали адаптерот е
заглавен.4. Протнете го ременот закачен за
адаптерот под рачката за да го
склопите задниот систем за
превезување наназад.
Затегнете го ременот.
Закачување на понатамошни
велосипеди
Закачувањето на понатамошни
велосипеди е слично на
закачувањето на првиот.
Дополнително, треба да се земат
предвид неколку работи:
Page 87 of 393

Складирање851. Пред да го ставитевелосипедот, секогаш
расклопете ги процепите за
тркалата за следниот
велосипед, ако е потребно.
2. Секогаш свртете ги педалите во
соодветна положба пред да го
ставите велосипедот.
3. Наместете ги велосипедите на задниот систем за превезување
наизменично налево и надесно.
4. Порамнете го велосипедот со претходно закачениот.
Главчините на тркалата на
велосипедите не смеат да се
допираат.
5. Закачете ги велосипедите со држачите и затегнете ги
ремените како што е опишано
за првиот велосипед. Држачите треба да се фиксирани
паралелно.
Употребете го долгиот држач за
да го закачите вториот
велосипед на багажникот.
Употребете го подолгиот
дополнителен држач за да го
закачите третиот велосипед на
багажникот.
Употребете го кусиот
дополнителен држач за да го
закачите четвртиот велосипед.
Држачот треба да биде
фиксиран меѓу рамките на
третиот и четвртиот велосипед.
6. Дополнително прицврстете ги двете тркала на четвртиот
велосипед за процепите за
тркалата користејќи ги
ремените за држење.
Се препорачува да се закачи
предупредувачки знак на
најзадниот велосипед за да се
зголеми видливоста.
Page 88 of 393

86СкладирањеПреклопете го задниот систем за
превезување наназад
Задниот систем за превезување
може да се преклопи наназад за да се добие пристап до товарниот
простор.
● Без закачен адаптер:
Притиснете ја рачката (1) за да
одглавите и држете.
Повлечете го багажникот (2)
наназад за да се склопи
задниот систем за
превезување.
● Со закачен адаптер:9 Предупредување
Внимавајте кога го одглавувате
задниот систем за превезување бидејќи тој ќе се навали
наназад. Ризик од повреда.
Држете ја рамката (1) на
најзадниот велосипед со една рака и повлечете ја јамката (2)
за да одглавите.
Држете го најзадниот
велосипед со двете раце и склопете го задниот систем за
превезување наназад.
За да ја зголемите видливоста,
задните светла на возилото се
активираат кога задниот систем за
превезување ќе се склопи наназад.9 Предупредување
Кога повторно го преклопувате
задниот систем за превезување
нанапред, внимавајте дали
системот е безбедно заглавен.
Вадење на велосипедите
Одврзете ги ремените за држење
на гумите на велосипедот.
Свртете го тркалцето налево и
извадете ги држачите.
Откачување на адаптерот
Откачете го адаптерот пред да го
извадите последниот велосипед на задниот систем за превезување.
1. Преклопете ги процепите за тркалата навнатре.
Page 89 of 393

Складирање87
2. Откопчајте го ременот.
3.Свртете ја рачката (1) нанапред
и држете ја.
4. Кренете го адаптерот (2) одзади и извадете го.
Расклопување на багажникот за
велосипеди
Наредете ги држачите како што е
прикажано на илустрацијата.
Свртете ја рачката (1) нанапред за
да ја одглавите и кренете го
багажникот (2).
Преклопете го багажникот
наназад, па турнете го нанапред
додека не застане (1).
Притиснете го багажникот надолу
од задниот дел (2).
Преклопете ги процепите за
тркалата
Преклопете ги двата процепи за
тркалата навнатре.
Page 90 of 393

88Складирање
Складирајте ги држачите на
ременот прецизно.
Отклучете го задниот систем за
превезување
Свртете ги двата лоста за држење
навнатре до каде што можат да одат.
Преклопете ги задните ламби
навнатре
Свртете ги двете задни ламби
навнатре.
Преклопете го држачот на
регистарската табличка навнатре
Кренете го држачот на
регистарската табличка и
преклопете го нанапред.
Вовлекување на задниот систем за превозувањеВнимание
Внимавајте сите преклопни
делови, на пр. процепите за
тркалата и држачите, да се
правилно складирани. Инаку, задниот систем за превезување
може да се оштети при
вовлекувањето.
Турнете ја рачката за
ослободување угоре и држете ја.
Кренете го задниот систем за
превезување малку и притиснете
го во браникот додека не се
заглави.
Лостот за ослободување треба да се врати во првобитната положба.
9 Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме да побарате помош од
автомеханичар.