OPEL ADAM 2015 Сопственички прирачник

Page 151 of 255

Возење и ракување149Градски режимГрадскиот режим е функција што
овозможува поголема помош со
управувањето при помали брзини,
какви што се, на пр. во градскиот
сообраќај или при паркирање.
Помошта за управувањето е
поголема за поголема практичност.
Активирање
Притиснете го копчето B кога
работи моторот. Системот работи
од мирување до 35 км/ч и во
рикверц. Над оваа брзина системот
се враќа во нормален режим. Кога
ќе се активира, градскиот режим се вклучува автоматски под 35 км/ч.
Запалено светло во копчето за
градски режим укажува дека
системот е активен.
Освен тоа, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Градскиот режим останува активен
при Autostop, но функционира само
кога работи моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 140.
Деактивирање Притиснете го копчето B; светлото
во копчето се гаси и се појавува
порака во Информативниот центар за возачот.
При секое стартување на моторот,
градскиот режим се деактивира.Преоптоварување
Ако управувањето во градскиот
режим е многу оптоварено, на пр.
при долги маневрзи за паркирање
или во екстремен градски
сообраќај, системот се деактивира
за да не се прегрее. Управувањето
работи во нормален режим додека
Градскиот режим не се активира
автоматски.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
c се пали и се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.

Page 152 of 255

150Возење и ракување
Пораки за возилото 3 105.
Калибрирање на системот
Ако контролните сијалички c и b
светат заедно, потребно е
калибрирање на системот за серво управување. Ова може да се случи,
на пр., кога воланот ќе се сврти
еден круг, а палењето е исклучено. Во тој случај, вклучете го палењето и свртете го воланот еднаш од
забравување до забравување.
Ако контролните сијалички c и b
не се изгаснат по калибрирањето,
побарајте помош од сервисер.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може
да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш. Активирањето во прва брзина не е
возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 97.
Вклучување Притиснете го копчето m,
контролната сијаличка m во
групата инструменти свети бело.

Page 153 of 255

Возење и ракување151
АктивирањеЗабрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање Притиснете го копчето y,
контролната сијаличка m во
групата инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната користена
брзина за возење се меморира за
подоцнежно продолжување на
брзината.
Автоматско деактивирање: ■ Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
■ брзината на возилото е над околу
200 км/ч.
■ Педалата на сопирачките е притисната.
■ Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
■ Брзината на моторот е многу мала.
■ Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за
стабилност.
Продолжување со снимената
брзина Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.

Page 154 of 255

152Возење и ракување
ИсклучувањеПритиснете го копчето m,
контролната сијаличка m во
групата инструменти се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната
брзина.
Ограничувач на
брзината Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот кога е активен системот.
Активирање
Притиснете го копчето L. Ако
претходно е активирана
контролата на патувањето, се
исклучува кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на
ограничување на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.

Page 155 of 255

Возење и ракување153
Менување на
ограничувањето на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете го копчето y:
ограничувачот на брзината се деактивира и возилото може да се
вози без ограничување на
брзината.
Ограничената брзина се
меморира.
Освен тоа, се појавува соодветна
порака во Информативниот центар за возачот.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.Исклучување
Притиснете го копчето L,
показателот за ограничувањето на
брзината во Информативниот
центар за возачот се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со притискање на копчето m за да
се активира контролата на
патувањето или со исклучување на палењето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Помош за паркирање Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.

Page 156 of 255

154Возење и ракување
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични и визуелни сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег на оддалеченост
до 1,5 метри. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на
Информативниот центар за
возачот 3 98 или, зависно од
верзијата, на Инфо-екранот во боја
3 103.Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Во двата случаи, светлото во
копчето се гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка 3 секунди, а потоа се гаси.

Page 157 of 255

Возење и ракување155
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 95 се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Предно-задна помош запаркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Системот има по шест ултразвучни
сензори за паркирање во предниот и задниот браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Предно-задната помош за
паркирање секогаш се комбинира
со напредната помош за
паркирање, видете во делот
Напредна помош за паркирање
подолу.
Копче за помош за паркирање и
логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање и напредната помош за паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на копчето D ја
активира или деактивира помошта
за паркирање.
Долго притискање на копчето D
(околу една секунда) ја активира или деактивира напредната помош за паркирање, видете во посебниот
опис.

Page 158 of 255

156Возење и ракување
Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на
следниот начин:
■ Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
■ Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.
■ Ако е активна само напредната помош за паркирање, кусо
притискање ја активира предно-
задната помош за паркирање.
■ Ако е активна само напредната помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.■ Ако е избрана брзина за напред или лер, кусо притискање ја
активира или деактивира само
предната помош за паркирање.
■ Ако е избрана брзина за назад, кусо притискање ја активира или
деактивира предната и задната
помош за паркирање.
Ракување
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање D означува
дека системот е подготвен да
работи.
Предната помош за паркирање
може да се активира и при брзина
до 11 км/ч со кусо притискање на
копчето за помош за паркирање.
Ако копчето D се вклучи еднаш во
еден циклус на палењето,
предната помош за паркирање се деактивира при брзина над
11 км/ч. Повторно ќе се активира ако брзината на возилото не
надминала 25 км/ч претходно. Акобрзината на возилото надминала
25 км/ч претходно, предната
помош за паркирање останува
деактивирана кога брзината ќе се
намали под 11 км/ч.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Системот се деактивира
автоматски кога ќе се надминат
25 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото во
опсег на оддалеченост до
1,5 метри. и пред него до
1,2 метри. Зависно која страна на
возилото е поблиску до пречка, од
таа страна ќе слушате
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека

Page 159 of 255

Возење и ракување157
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на
Информативниот центар за
возачот 3 98 или, зависно од
верзијата, на Инфо-екранот во боја
3 103.
Оддалеченоста до предна и задна
пречка се прикажува со менување
на линиите на оддалеченост во
Информативниот центар за
возачот.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со
притискање на копчето SET/CLR на
рачката за трепкачот, показателот
на оддалеченоста се појавува пак.
Растојанието до препреките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 103.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка 3 секунди, а потоа се гаси.
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 95 се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 105.
Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја

Page 160 of 255

158Возење и ракување
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање. На Информативниот
екран во боја се прикажуваат
упатства пропратени со звучни
сигнали. Возачот треба да ги
контролира забрзувањето,
сопирањето и менувањето брзини,
додека управувањето се врши
автоматски.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.Напредната помош за паркирање
секогаш се комбинира со предно-
задната помош за паркирање,
видете во претходното поглавје.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Копче D и логика на работењето
Напредната помош за паркирање и
предно-задната помош за
паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на копчето D ја
активира или деактивира помошта
за паркирање.
Долго притискање на копчето D
(околу една секунда) ја активира
или деактивира напредната помош за паркирање, видете во посебниотопис подолу.Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на
следниот начин:
■ Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
■ Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.
■ Ако е активна само напредната помош за паркирање, кусо
притискање ја активира предно-
задната помош за паркирање.
■ Ако е активна само напредната помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.

Page:   < prev 1-10 ... 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 ... 260 next >