OPEL ASTRA H 2014 Сопственички прирачник
Page 51 of 273
Клучеви, врати и прозорци49
Спојте ги непреклопените краеви
на дефлекторот за ветар:
Притиснете ја игличката кај
лизгачот, поминете ја шарката
преку игличката и ослободете го
лизгачот така што игличката се
заглавува во шарката.Вметнете ги штипките за водење
на дефлекторот за ветар во
процепите на безбедносниот
ремен помеѓу задните потпирачи
за глава.Повлечете го копчето во форма на
стапче на десната и левата игличка
за закочување и свртете ги за да се закочат. Исправете го
дефлекторот за ветар, свртете го
копчето во форма на стапче назад и заглавете ја игличката за
закочување во процепот во
страничниот тапацир.
Page 52 of 273
50Клучеви, врати и прозорци
Дефлекторот за ветар може да се
склопи назад кога не е во употреба.
Ако дефлекторот за ветар е
склопен и задните седишта се
незафатени, дефлекторот за ветар
може да остане монтиран во
возилото кога покривот е затворен.
Вадење
Извадете го по обратен редослед.
Дефлекторот за ветар целосно се
склопува во товарниот простор:
■ за комплетот за поправање гуми во преградата под капакот на
подот за товарење
■ кај моделите со резервно тркало,
ставете го во товарниот простор
Дефлекторот за ветар не смее
никогаш да штрчи угоре или
настрана над дозволената висина
за товарење.
Page 53 of 273
Седишта, потпирачи51Седишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 51
Предни седишта ......................... 53
Задни седишта ........................... 57
Безбедносни ремени .................58
Систем на воздушни перничиња .................................. 62
Системи за врзување на деца ..66Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Предни и задни бочни потпирачи за
глава
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината и заглавете го.
Page 54 of 273
52Седишта, потпирачи
Заден средиштен потпирач за
глава
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ја патент бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Местење на задните потпирачи за глава, Astra TwinTop
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ги двете резиња за да се ослободи, а потоа
притиснете го потпирачот удолу.
Не ставајте никакви предмети на
капакот зад потпирачите за глава
или помеѓу потпирачите за глава и
шипките против превртувањето.
Вадење
Притиснете ги патент бравите и
повлечете го потпирачот за глава нагоре.
Активни потпирачи за
глава Во случај на судир одзади,
активните потпирачи за глава се
навалуваат малку нанапред.
Главата поефикасно е поткрепена,
така ризикот од повреда на вратот
е намален.
Page 55 of 273
Седишта, потпирачи53
Активните потпирачи за глава се
познаваат по натписот ACTIVE на
отворите на лежиштата на
потпирачите за глава.
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 95.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 56 of 273
54Седишта, потпирачи
би требало да лежат леко врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 51.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 59.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу два прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Местење на положбата на
седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Потпирачи за грб на
седиштата
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 57 of 273
Седишта, потпирачи55
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=седиштето погореудолу=седиштето подолуНавалување на седиштата
Полечете го лостот, наместете ја
наваленоста со движење на
тежината на телото. Отпуштете го
лостот и чујно заглавете го
седиштето во положбата.
Потпирач за половината
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 58 of 273
56Седишта, потпирачи
Приспособлив потпирач заколковите
Притиснете го копчето и слизнете
го потпирачот колковите.
Преклопување на
седиштето
Подигнете ја рачката за
ослободување и навалете го
потпирачот за грб нанапред.
Слизнете го седиштето нанапред.
За враќање, слизнете го седиштето
наназад. Ако седиштето има
функција за меморија, истото се
заглавува во својата првобитна
положба, инаку заглавете го
седиштето во саканата положба.
Вратете го потпирачот за грб назад
во исправена положба и заглавете
го.
Преклопувањето на потпирачот за
грб е возможно само кога истиот е
во исправена положба.
Не ракувајте со тркалцето за
местење на потпирачот за грб кога
потпирачот е навален напред.
Во возилата со панорамен
прозорец: за да се навалат
седиштата напред, притиснете ги
потпирачите за глава надолу и
подигнете ги штитниците за сонце.
Потпирач за рака
Page 59 of 273
Седишта, потпирачи57
Турнете го кренатиот потпирач за
рака наназад до отпорот и
преклопете го надолу.
Потпирачот за рака може да се
помести во различни положби
постепено со дигање.
Под потпирачот за рака има
складишна преграда.
Греење
Дотерајте го греењето во саканата
поставка со притискање на копчето
ß за соодветното седиште еднаш
или повеќе пати при вклучено
палење. Контролната сијаличка во
копчето ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот.Задни седишта
Потпирач за рака
Седан и Караван
Преклопете го потпирачот за рака
повлекувајќи го каишот откосо
надолу (45°).
Page 60 of 273
58Седишта, потпирачи
Двоен кров
Повлечете го потпирачот за рака за
каишот, завртете го надолу и
наместете го врз седиштето со
рамната страна нагоре.
Потпирачот за рака се држи на
своето место на потпирачот за грб
со каиш за држење. За да го
извадите потпирачот за рака
целосно, откачете ја рамката кај
каишот за држење.
Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
закочуваат при нагло забрзување
или забавање на возилото
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето. Притоа ризикот од повреда е значително
намален.
9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 66.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените за
оштетувања, загадување и
функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со
остри предмети. Спречувајте го