OPEL ASTRA J 2015.75 Сопственички прирачник
Page 231 of 377
Возење и ракување229бучава, може да предизвикаатсистемот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање може да се активира и деактивира со менување на
поставките на Инфо-екранот. Ако
е закачена приколка, треба да се
избере од изборникот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 147.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош за паркирање може да не реагира
на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирање
назад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете кратко r или
D за да ја исклучите помошта за
паркирање.
Забелешка
По употреба, напредната помош
за паркирање треба да се
калибрира. За оптимално
Page 232 of 377
230Возење и ракување
наведување при паркирање,
потребна е возна оддалеченост
од најмалку 35 км, вклучително и свиоци.
Известување за
странична слепа точка Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
■ возила вон страничните слепи
зони што може да се
приближуваат брзо
■ пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово како предупредување да не се
менува лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е побрзо од претекнатото возило
барем за 10 км/ч, нема да свети
предупредувачкиот симбол B во
соодветниот страничен
ретровизор.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
Page 233 of 377
Возење и ракување231
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 147.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот (DIC).
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона
почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди. Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Може да дојде до повременипропуштени известувања во
нормални околности.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз или кашавица. Упатства за
чистење 3 316.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака на DIC. Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
постојан дефект.Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Page 234 of 377
232Возење и ракување
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се деактивира
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 147.
Page 235 of 377
Возење и ракување233
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Navi 650/Navi 950 : Осветленоста
може да се постави прво со
притискање и потоа вртење на
надворешниот прстен на копчето
за повеќе функции.
CD 600 : Осветленоста може да се
постави прво со притискање, а потоа со вртење на копчето за
повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 147.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ Наоколу е темно.
■ Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.■ Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
■ Задната врата не е затворена правилно.
■ Возилото се судрило од задната страна.
■ Има екстремни промени на температурата.
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајнизнаци ги забележува зададенитесообраќајни знаци преку предна
камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Page 236 of 377
234Возење и ракување
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
■ автопати
■ регионални патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни знаци на сообраќајните знаци
■ ограничување за влечење приколки
■ ограничувања за влечење
■ предупредување за влажност
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на DIC
додека не се регистрира следен
знак за ограничување или
престанок на ограничувањето на
брзината или измине времето на
знакот по определено време.
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Page 237 of 377
Возење и ракување235
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што
системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише.
Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
DIC.
Изберете Settings (Поставки) X
со притискање MENU и изберете ја
ставката Откривање сообраќајни
знаци со тркалцето за местење на
рачката за трепкачите 3 132.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Откривање сообраќајни знаци , ќе
се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни известувања на DIC.
Page 238 of 377
236Возење и ракување
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите.Кога ќе се прикаже страницата за
поставки, изберете Исклучено за
да ја деактивирате функцијата за
тревожење. Вклучете повторно со избирање на Вклучено.
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавниот показател се прикажува
околу 8 секунди во DIC.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачите
подолго време. По успешно
ресетирање, ќе се огласи тон и се
покажува следниот симбол додека
не се открие следен сообраќаен
знак.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Page 239 of 377
Возење и ракување237
ДефектСистемот за помош со сообраќајни
знаци може да не работи правилно кога:
■ Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
■ Сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат.
■ Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во таков случај No
Traffic Sign Detection due to
Weather (Нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) се означува на екранот.
■ Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
■ Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
■ Неработење на трепкачите.
■ Неработење со педалата на сопирачките.
■ Немање активно работење со педалата за гас или забрзување.
■ Немање активно управување со воланот.
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.
Page 240 of 377
238Возење и ракување
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека
системот е вклучен. Кога
контролна сијаличка ) во групата
инструменти ќе се запали зелена,
системот е готов да работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ), светлото во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
■ Шофершајбната не е чиста.
■ Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,директна сончева светлина или
сенки.
Системот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.