OPEL ASTRA J 2015.75 Сопственички прирачник
Page 321 of 377
Нега на возилото319
инструменти, само со сува крпа илисредство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожниот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на тешка валканост користете
средство за нега на кожата.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите, а
особено бензинот. Не користете компресорски млазници за
чистење.
Page 322 of 377
320Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................320
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 321Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 121.
Европски сервисни периоди
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 30000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 121.
Меѓународни сервисни
периоди
Постои потреба од одржување на Вашето возило на 15000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 121.
Page 323 of 377
Сервисирање и одржување321
ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење
на работниот век на
моторното масло Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 121.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите на компримиран
природен гас (CNG), течен нафтен
гас (LPG) и етанол (E85).
Page 324 of 377
322Сервисирање и одржување
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 326.
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитетот ACEA A1/B1
или единствено A5/B5 е забранета, бидејќи тие може да предизвикаат
долгорочни оштетувања на
моторот при определени работни
услови.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 326.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Маслото со варијабилна класа е
прикажано со две бројки, на пр.
SAE 5W-30. Првата бројка, по која
следи W, укажува на вискозноста
при ниски температури, а втората
бројка на вискозноста при високи температури.
Изберете ја соодветната класа
вискозност зависно од
минималната надворешна
температура 3 326.
Сите препорачани класи според вискозитетот се соодветни за
високи надворешни температури.
Течност за ладење и
антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење конструирано за одлична заштита од корозија и
од смрзнување до -28 °C. Во северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Page 325 of 377
Сервисирање и одржување323
Течност за сопирачките и за
куплунгот Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 326 of 377
324Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..324
Податоци за возилото .............326Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е врежан на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Page 327 of 377
Технички податоци325
Информации на
идентификациската етикета:
1=производител2=број на одобрение на типот3=идентификациски број на
возилото4=дозволена бруто тежина на
возилото во кг5=дозволена бруто влечна
тежина во кг6=најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7=најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8=податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 329.
За да го идентификувате моторот,
видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или другите национални документи за
регистрација.
Page 328 of 377
326Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување
Европски распореди на сервисите Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 320Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––dexos 2✔✔
Во случај да не е достапен квалитет dexos, може да употребите најмногу 1 литар моторно масло со квалитет
ACEA C3 еднаш меѓу менувања масло.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 320Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
Page 329 of 377
Технички податоци327
Меѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 320Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1 (ако е достапно)✔–dexos 2✔✔
Во случај да не е достапен квалитетот dexos, може да ги користите маслата со квалитетите наведени подолу:
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 320Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелGM-LL-A-025✔–GM-LL-B-025–✔
Page 330 of 377
328Технички податоци
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 320Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелACEA A3/B3✔–ACEA A3/B4✔✔ACEA C3✔✔API SM✔–API SN еколошки✔–
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 320Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40до -20 °CSAE 10W-30 1)
или SAE 10W-40 1)1)
Дозволено, но се препорачува користење SAE 5W-30 или SAE 5W-40 со квалитет dexos.