OPEL ASTRA J 2015 Сопственички прирачник
Page 301 of 385
Нега на возилото299
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на секои
6 години.
Менување на гумите и
големина на тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат
брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, раткапните може да
не се прицврстени на челичните
тркала.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Page 302 of 385
300Нега на возилото
Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
Синџирите за гуми се дозволени само на гуми со големина
205/60 R 16, 215/50 R 17 и
215/60 R 16.
Следните ограничувања важат за
моторите подолу:
■ Мотори A16XHT и A20DTH: синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
205/60 R 16.
■ Мотори AB16DTH и B16DTL: синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
215/60 R 16.Спортс турер
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).Синџирите за гуми се дозволени
само на гуми со големина
205/60 R 16, 215/50 R 17 и
215/60 R 16.
Следните ограничувања важат за
моторите подолу:
■ Мотори A16XHT и A20DTH: синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
205/60 R 16 и 215/50 R 17.
■ Мотори AB16DTH и B16DTL: синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
215/50 R 17 и 215/60 R 16.Хечбек со 3 врати
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 225/55 R 17.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).
Синџири за гуми се дозволени и на гумите со големина 245/45 R 18.
Секогаш користете синџири со
ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 7 мм на шарата на гуматаи внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).Верзија OPC
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 235/45 R 18.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).Општо
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Page 303 of 385
Нега на возилото301
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
преграда под капакот на подот во
товарниот простор или, кај
верзијата со заден систем за
превезување, во фиоката под
совозачкото седиште 3 69.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
Page 304 of 385
302Нега на возилото
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко
покажува до 6 бара додека
шишето за заптивната смеса се празни (приближно 30 секунди ).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Page 305 of 385
Нега на возилото303
Притисок во гумите 3 348. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење во
времетраење од 10 минути. Ако пропишаниот притисок за
гумите се уште не е достигнат,
гумата е премногу оштетена.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бара, наполнете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Page 306 of 385
304Нега на возилото
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 300.
Сторете ги следниве подготовки и
придржете се кон следните
информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
цврста и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право нанапред.■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 308.
■ Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Дигалката не бара одржување.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Извадете ги тешките предмети од возилото пред да го кревате.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
Page 307 of 385
Нега на возилото305
■ Не го палете возилото кога екренато со дигалката.
■ Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста крпа
пред да го монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 290.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.Лесни бандажи со средишно
капаче на завртките на
тркалото: Одглавете го
капачето со вметнување и
влечење на клучот во процепот
на амблемот на брендот,
прирачен алат 3 290.
2. Два типа дигалки и клучеви за тркалата се можни, зависно од
верзијата, прирачен алат 3 290.
Варијанта 1а со крут клуч за
тркала:Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
цврсто и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за
половина вртење.
Варијанти 1б, 2 и 3 со
преклоплив клуч за тркала:
Page 308 of 385
306Нега на возилото
Отворете го клучот за тркалата
и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со навртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични навртки,
првин ставете го адаптерот за
клуч на главата на навртката
пред да го наместите клучот за
тркалата. Адаптерот за клуч се
наоѓа во касетата.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Некои верзии имаат ленти со
покриени точки за кревање на
возилото: првин извлечете го
капакот на односната точка за
кревање.
4. Хечбек со 3 или 5 врати и
ночбек со 4 врати, варијанти на
дигалка 1а, 1б и 3, 3 290:
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Page 309 of 385
Нега на возилото307
Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не се
крене од земјата.
Спортс турер, варијанта на
дигалка 2, 3 290:Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 308.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Порамнете ја дупката за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните бандажи.
Page 310 of 385
308Нега на возилото
11. Вратете го капакот на точкатаза кревање на возилото кај
верзиите со ленти.
12. Одложете ги сменетото тркало 3 308, прирачниот алат 3 290 и
адаптерот за клуч 3 67.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.Положба за дигање за
дигалката со платформа за дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте