OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник
Page 181 of 383
Контрола на климатизацијата179Контроли за:● температурата од страната на возачот
● распределбата на воздухот
● брзината на вентилаторот
● температурата од страната на совозачотn:ладењеAUTO:автоматски режим4:рачно кружење на
воздухотV:одмаглување и
одмрзнување
Греење на задното стакло Ü 3 38.
Греење на седиштата ß 3 53,
Волан со греење * 3 112.
Секоја промена на поставките се
покажува на Инфо-екранот неколку
секунди.
Системот на електронската
контрола на климата е целосно
функционален само кога работи
моторот.
Автоматски режим AUTO
Основна поставка за максимална
удобност:
● Притиснете го AUTO,
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
● Отворете ги сите отвори за проветрување за да
овозможите оптимална
распределба на воздухот во автоматскиот режим.
Page 182 of 383
180Контрола на климатизацијата●Притиснете n за да го
вклучите оптималното ладење
и одмаглување. Активирањето
се означува со светење на
светлото во копчето.
● Наместете ја претходно одбраната температура за
возачот и совозачот користејќи ги левите и десните вртливите
копчиња. Препорачана
температура е 22 °C.
Дотерувањето на брзината на
вентилаторот во автоматскиот
режим може да се смени во
изборникот Поставки.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Претходно одбирање на
температурата
Поставете ја температурата на саканата вредност.
Ако е поставена минимална
температура Lo, системот за
контрола на климатизацијата
работи на максимално ладење, ако
е вклучено ладењето n.
Ако е поставена максимална
температура Hi, системот за
контрола на климатизацијата
работи со максимално греење.
Забелешка
Доколку е вклучено n,
намалувањето на поставената температура во кабината може да
предизвика повторен старт на
моторот од Автостоп или да
спречи Автостоп.
Систем за сопирање-поаѓање
3 190.
Одмаглување и одмрзнување
на прозорците V
●
Притиснете V. Активирањето
се означува со светење на
светлото во копчето.
● Температурата и распределбата на воздухот се
поставуваат автоматски и
вентилаторот работи на
голема брзина.
Page 183 of 383
Контрола на климатизацијата181● Вклучете го греењето назадното стакло Ü.
● За враќање на претходниот режим: притиснете V; За
враќање на автоматскиот
режим: притиснете AUTO.
Поставувањето на автоматското греење на задното стакло може да
се смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 148.
Забелешка
Ако се притисне V додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречено додека повторно не се
притисне V.
Ако се притисне s кога е вклучен
вентилаторот и работи моторот,
ќе се спречи Autostop до повторно
притискање на s или додека не се
исклучи вентилаторот.Ако копчето V се притисне
додека моторот е во Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Ако се притисне s додека е
вклучен вентилаторот и моторот е во Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 190.
Рачни поставки Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со активирање на
копчињата и вртливите копчиња
според следново. Менувањето на
една поставка ќе го деактивира
автоматскиот режим.Брзина на вентилаторот Z
Притиснете го долното копче за
намалување или горното копче за
зголемување на брзината на
вентилаторот како што е
прикажано на илустрацијата.
Брзината на вентилаторот се
означува со бројот на сегментите
на екранот.
Подолго притискање на долното
копче: вентилаторот и ладењето се исклучуваат.
Подолго притискање на горното
копче: вентилаторот работи со
максимална брзина.
Page 184 of 383
182Контрола на климатизацијатаЗа да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го AUTO.
Распределба на
воздухот s, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
светење на светлото во копчето.
s:кон шофершајбната и
прозорците од предните врати (климатизацијата се вклучува
во позадина за да помогне да
не се замаглуваат прозорците)M:кон пределот на главата преку подвижните отвори за
проветрувањеK:кон пределот на нозете и
шофершајбната
Сите комбинации се возможни.
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
притиснете AUTO.
Ладење n
Притиснете го n за да го вклучите
ладењето. Активирањето се
означува со светење на светлото
во копчето. Ладењето
функционира само кога работи моторот и е вклучена контролата
на климатизацијата.
Повторно притиснете n за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Кога е исклучен системот за
ладење, системот за контрола на
климатизацијата нема да бара
повторно палење на моторот за
време на Autostop. Исклучок:
системот за одмрзнување е
активиран и надворешната
температура над 0 °C.
На екранот ќе се прикаже AC ON
кога е вклучено ладењето или AC
OFF кога е исклучено ладењето.
Page 185 of 383
Контрола на климатизацијата183Активирањето или
деактивирањето на ладењето по
палењето на моторот може да се
смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 148.
Систем за сопирање-поаѓање
3 190.
Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
светење на светлото во копчето.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
за шофершајбната и деактивирајте го s.
Основни поставки
Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Дополнително греење Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го загрева патничкиот простор
побргу.
Page 186 of 383
184Контрола на климатизацијатаОтвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење кон
поголемиот W симбол. Дотерајте го
количеството на воздухот кај
отворот со вртење на тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухотсо навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење кон
помалиот W симбол.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Page 187 of 383
Контрола на климатизацијата185Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полени ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи три години по
првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Page 188 of 383
186Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..187
Контрола над возилото .........187
Управување ............................ 187
Поаѓање и ракување ................188
Разработување на новото возило .................................... 188
Положби на прекинувачот за палење .................................. 188
Задржано исклучување .........188
Палење на моторот ...............189
Исклучување на пребрзувањето .....................190
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 190
Паркирање ............................. 193
Издувни гасови од моторот .....194
Филтер за дизелски честички ................................ 194
Катализатор ........................... 195
Автоматски менувач ................196
Екран на менувачот ...............196
Рачка на менувачот ...............197
Рачен режим .......................... 198Електронски програми за
возење ................................... 198
Дефект .................................... 199
Прекин на напојувањето .......199
Рачен менувач ......................... 200
Сопирачки ................................. 201
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 201
Сопирачка за паркирање ......202
Серво кочење ......................... 203
Помош при поаѓање на угорници ................................ 204
Системи за контрола на
возењето ................................... 204
Систем за контрола на пролизгувањето ....................204
Електронска контрола на стабилноста .......................... 205
Интерактивен систем за возење ................................... 206
Системи за помош на возачот 209 Контрола на патувањето .......209
Ограничувач на брзината .....211
Приспособлива контрола на патувањето ........................... 213
Предупредување за преден судир ...................................... 221
Показател за растојание однапред ............................... 225Активно итно сопирање ......... 226
Помош за паркирање ............228
Известување за странична слепа точка ........................... 236
Ретровизорска камера ..........238
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 240
Предупредување за напуштање лента .................244
Гориво ....................................... 245
Гориво за бензински мотори . 245
Гориво за мотори на дизел ...245
Гориво за работа на течен гас .......................................... 246
Полнење гориво ..................... 248
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................252
Кука за приколки ......................253
Општи информации ...............253
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 253
Влечење на приколка ............253
Опрема за влечење ...............254
Помош за стабилноста на приколката ............................ 257
Page 189 of 383
Возење и ракување187Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 190.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова сепостигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака.
Педали
За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 129.Внимание
Возила опремени со
хидраулично серво
управување:
Ако воланот се сврти докрај и се држи во таа положба подолго од
15 секунди, може да дојде до
оштетување на системот за
серво управување и може да
дојде до губење на помошта од
сервото.
Page 190 of 383
188Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни гасови. Паркирајте го возилото наотворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 194.Положби на прекинувачот
за палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3:палењеЗадржано исклучување
Следните електронски системи
може да работата додека да се
отвори вратата на возачот или
најдоцна за десет минути по
исклучување на палењето:
● електричните прозорци
● подвижен покрив
● штекери за напојување
Инфозабавниот систем ќе
продолжи да се напојува уште
30 минути или додека не се извади
клучот од бравата, без оглед дали
ќе се отвори некоја врата.