OPEL ASTRA J 2016 Сопственички прирачник

Page 201 of 381

Возење и ракување199Систем за деблокирањена сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 127.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за

Page 202 of 381

200Возење и ракувањеослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 126.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда,
електричната сопирачка за
паркирање се вклучува
автоматски со соодветна сила.
За максимална сила, на пр.
паркирање со приколка или на
стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога ќе светне контролната сијаличка
m 3 126.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото,
проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање. Контролна сијаличка
m 3 126.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете ја педалата на сопирачката
притисната и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Кога ќе се притисне педалата на
куплунгот (рачен менувач) или ќе
се стави во брзина за возење
(автоматски менувач), па ќе се
притисне педалата за гас,
електричната сопирачка за
паркирање се отпушта автоматски. Тоа не е возможно кога
прекинувачот се повлекува
истовремено.
Оваа функција исто така помага со поаѓањето на стрмнини.
Агресивното поаѓање може да им
го намали работниот век на
деловите кои се амортизираат.

Page 203 of 381

Возење и ракување201Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.
Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и број на шифра или
порака за возилото што е
прикажана во Информативниот центар за возачот (DIC). Пораки за
возилото 3 139.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила насопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по косини.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.

Page 204 of 381

202Возење и ракувањеСистеми за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC) 3 202.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.Кога TC работи, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 128.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно шлајфување на
погонските тркала:
притиснете b накусо за да ја
исклучите TC, светнува k.
Исклучувањето се прикажува како
порака во Информативниот центар за возачот (DIC).
TC повторно се активира со
повторно притискање на b.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Спречува и да прошлајфуваат
погонските тркала. ESC работи во
комбинација со системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
3 202.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се

Page 205 of 381

Возење и ракување203закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 128.
Деактивирање
За поспортско однесување, ESC и
TC можат да се активираат
посебно:
● Притиснете b накусо: само
системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k
свети.
● Држете b притиснато најмалку
5 секунди: TC и ESC се
деактивираат, k и n светат.
Дополнително, избраниот режим е
прикажан како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Ако возилото дојде до прагот со деактивирано ESP, системот ќе го
активира ESP додека трае прагот кога педалата на сопирачката ќе се
притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Деактивирање, верзија OPC

Page 206 of 381

204Возење и ракувањеЗа возење со многу високи
перформанси, ESC и TC може да
се деактивираат посебно. Може да се изберат следниве режими:
● Притиснете b накусо: само
системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k
свети.
● Притиснете b двапати накусо
во рок од 2 секунди: TC е
неактивно, ESC функционира
без намалување на моќноста
на моторот, k и n светат.
● Држете b притиснато најмалку
5 секунди: TC и ESC се целосно
неактивни, k и n светат.
Дополнително, избраниот режим е
прикажан како статусна порака на
(DIC).
Кај верзијата OPC, TC и ESC
остануваат деактивирани дури и
ако возилото дојде до прагот со
нестабилна возност.ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Интерактивен систем за возење
Flex Ride
Flex Ride системот за возење му
овозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
● SPORT режим: притиснете SPORT , светлото свети.
● Режим TOUR: притиснете TOUR , светлото свети.
● Режим NORMAL: и SPORT и
TOUR не се притиснати, не
свети сијаличка.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот TOUR со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.Во секој режим за возење,
Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
● Постојана контрола на амортизацијата
● Контрола на педалот за гас
● Контрола на управувањето со воланот
● Електронска контрола на стабилноста (ESC)
● Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контролана сопирачките на свиоци
(CBC)
● Автоматски менувач

Page 207 of 381

Возење и ракување205Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето:
● Придушувањето на амортизерите реагира покрутоза да обезбеди подобар
контакт со површината на
коловозот.
● Моторот реагира побрзо на педалот за гас.
● Серво помошта за управувањето е намалена.
● Точките на менувањето на брзини на автоматскиот
менувач се случуваат подоцна.
● Кога е активиран режимот SPORT, осветлувањето на
главните инструменти се
менува од бело на црвено.Режим TOUR
Поставките на системите се
приспособуваат кон удобен стил на возењето:
● Придушувањето на амортизерите реагира помеко.
● Педалот за гас реагира со стандардни поставки.
● Помошта за управувањето е во
стандардниот режим.
● Точките на менувањето на брзини на автоматскиот
менувач се одвиваат во режим
за удобност.
● Осветлувањето на главните инструменти е бело.
Нормален режим
Сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Контрола на режимот за
возење
Во секој рачно избран режим за возење SPORT, TOUR или
NORMAL, Контролата на режимот за возење (DMC) ги открива ианализира непрекинато
вистинските карактеристики на
возењето, реакциите на возачот и
активната динамична состојба на
возилото. Ако е потребно,
контролната единица на DMC
автоматски ги менува поставките
во рамките на избраниот режим за
возење или кога ќе препознае
поголеми вариации, режимот за
возење се менува за време на
варијациите.
Ако, на пример режимот NORMAL
е избран и DMC открие спортско
однесување при возењето, DMC
менува повеќе поставки од
Нормалниот режим на спортски
поставки. DMC се префрлува на
режимот SPORT во случај на многу
спортско однесување при
возењето.
Ако, на пример режимот TOUR е
избран и додека се вози по
серпентина, потребно е да сопира
нагло и јако, DMC ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги смени поставките за
амортизацијата на режимот
SPORT за да се зголеми
стабилноста на возилото.

Page 208 of 381

206Возење и ракувањеКога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќа во
поранешната состојба, DMC ќе ги
смени поставките на претходно
избраниот режим за возење.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
Спортскиот режим
Возачот може да ги избере
функциите на режимот SPORT кога
е притиснато SPORT. Овие
поставки може да се сменат во
изборникот Settings (Поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 146.
Флексибилно возење - верзија
OPC
Верзијата OPC на системот за флексибилно возење функционира исто како и стандардниот систем
на флексибилно возење, со таа
разлика што режимите имаат
поспортски карактеристики.
OPC Flex Ride системот за возење му овозможува на возачот да
избере помеѓу три режими за
возење:
● OPC режим: притиснете OPC,
светлото свети.
● SPORT режим: притиснете SPORT , светлото свети.
● Режим NORMAL: не се притиснати ниту SPORT ниту
OPC , ниедна сијаличка не
свети.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот OPC со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење,
OPC Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
● Постојана контрола на амортизацијата
● Контрола на педалот за гас
● Контрола на управувањето со воланот
● Електронска контрола на стабилноста (ESC)
● Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контрола
на сопирачките на свиоци
(CBC)
Нормален режим
Во режимот NORMAL, кога ниту
SPORT ниту OPC не се притиснати,
сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето.

Page 209 of 381

Возење и ракување207Режим OPC
Карактеристиките на динамиката
на возење се приспособуваат кон поставките за високи
перформанси.
Во овој режим осветлувањето на
главните инструменти е црвено.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот OPC
Возачот може да ги избере
функциите на режимот OPC кога е
притиснато OPC. Овие поставки
може да се сменат во изборникот
Settings (Поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 146.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на патувањето не може да се активира додека ножната
сопирачка не се притисне барем
еднаш. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 131.
Вклучување Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.

Page 210 of 381

208Возење и ракувањеАктивирањеЗабрзајте до саканата брзина и
свртете го тркалцето на SET/-;
моменталната брзина се зачувува
и одржува. Контролната сијаличка
m во групата инструменти свети
зелено. Педалот за гас може да се
отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Дополнително, забрзајте до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете го y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина останува во меморијата за
да може повторно да се активира
подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото е над околу 200 км/ч.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето (TC) или
електронската контрола за
стабилност (ESC) работи.
Продолжување со снимената брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.

Page:   < prev 1-10 ... 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 ... 390 next >