OPEL ASTRA J 2016 Сопственички прирачник

Page 211 of 381

Возење и ракување209ИсклучувањеПритиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање L за активирање на
ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред наИнформативниот центар за
возачот (DIC) кога е активен
системот.
Активирање
Притиснете L. Ако претходно се
активирани контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето, се
исклучуваат кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и ќе се
изгасне контролна сијаличка m.
Поставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколку пати
додека не се прикаже саканата максимална брзина на DIC.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува на DIC.

Page 212 of 381

210Возење и ракување
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепка на DIC и (зависно од
возилото) дополнително се
огласува мелодија за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на DIC се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.Исклучување
Притиснете L, сијаличката за
ограничување на брзина во DIC ќе
се изгасне. Зачуваната брзина се
брише.
Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето или со
гасење на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Приспособлива контрола
на патувањето
Приспособливата контрола на
патувањето е подобрување на
традиционалната контрола на
патувањето со дополнителна
карактеристика на одржување
одредена оддалеченост зад
возилата напред.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото
кога се приближува кон возило што се движи побавно. Потоа ја

Page 213 of 381

Возење и ракување211приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост
за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го
следи возилото напред, но нема да ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Приспособливата контрола на
патување може да зачува и
одржува брзини поголеми од околу
50 км/ч и сопира автоматски за да
следи побавно возило што вози
напред до минимална брзина од
30 км/ч.
Приспособливата контрола на
патувањето користи радарски
сензор за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола на
патувањето ќе се однесува како
традиционалната контрола на
патувањето.
Поради безбедносни причини,
системот не може да се активира
пред да се притисне педалата за сопирачките еднаш откако ќе се
вклучи палењето. Активирање во
прва брзина не е возможно.
Се препорачува приспособливата
контрола на патувањето да се
користи главно по долги прави
патишта, на пр. автопати или
регионални патишта со постојан
сообраќај. Не користете го
системот ако не е препорачливо да
се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка A 3 131, m
3 131.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и прекинувачот за
откажување се поприоритетни
од кое било работење на
приспособливата контрола на
патувањето.
Вклучување
Притиснете C за да ја вклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m свети бело.

Page 214 of 381

212Возење и ракувањеАктивирање со одредување на
брзината
Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира
помеѓу 50 км/ч и 180 км/ч.
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролна
сијаличка m се пали во зелено.
Симболот за приспособлива
контрола на патувањето,
поставката за растојанието
однапред и одредената брзина се
прикажани во горната линија на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Педалата за гас може да се отпушти. Приспособливата
контрола на патувањето останува активна додека се менуваат
брзините.
Надминување на поставената
брзина
Секогаш е можно да се вози побрзо од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата на
гасот, возилото се враќа на
саканото растојание ако напред
има побавно возило. Инаку, се
враќа на зачуваната брзина.
Штом ќе се активира системот,
приспособливата контрола на
патувањето забавува или сопира
ако открие возило напред што е
побавно или поблиску од саканото
растојание за следење.9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
автоматското сопирање од
системот. На тоа укажува
појавно предупредување на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Зголемување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на RES/+:
брзината се зголемува постојано
во големи чекори, или активирајте
го неколкупати RES/+: брзината се
зголемува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побрзо од
саканата брзина, на пр., по
притискање на педалата на гасот,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.

Page 215 of 381

Возење и ракување213Намалување на брзинатаСо активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на SET/-:
брзината се намалува постојано во
големи чекори, или активирајте го
неколкупати SET/-: брзината се
намалува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побавно од
саканата брзина, на пр., поради
побавно возило напред,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Продолжување со снимената
брзина
Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето на
RES/+ при брзина поголема од
50 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E; се прикажува
тековната поставка во DIC.
Притиснете E повторно за да ја
промените следната
оддалеченост. Поставката се
прикажува и на горниот ред на DIC.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир.
Пример: Ако е избрана поставката
3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред

Page 216 of 381

214Возење и ракувањеможниот судир и ако
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува на брзиномерот кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење.
Ако симболот не се прикаже, или се
прикажува кусо, присособливата
контрола на патувањето нема да
реагира на возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
● Ќе се притисне y.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната повеќе од
четири секунди.
● Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е
ставена во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
● Брзината на возилото ќе се намали под 45 км/ч или ќе
надмине 190 км/ч.
● Системот за контрола на пролизгувањето (TC) работи
подолго од 20 секунди.
● Работи електронската контрола на стабилноста
(ESC).
● Нема сообраќај и не е откриено
ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,

Page 217 of 381

Возење и ракување215нема радарски одеци и
сензорот може да извести дека е блокиран.
● Системот за моменталното сопирање при судир ги
активира сопирачките.
● Радарскиот сензор се блокира со мраз или слој вода.
● Откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Кога приспобливата контрола на
патувањето ќе се деактивира
автоматски, контролната сијаличка m свети бело и се појавува
предупредувачки симбол на DIC.Зачуваната брзина се задржува.9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или
многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ● Автоматската сопирна сила на системот не дозволува нагло
сопирање и нивото на
сопирање може да не биде
доволно за да се избегне
судир.

Page 218 of 381

216Возење и ракување●По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возило
напред. Затоа, ако се открие
ново возило, системот може да забрза наместо да присопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
● Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
сопрени возила, пешаци или
животни.
Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да се избегне излетување од свиок.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливоста, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не може да го
сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го
изгуби возилото напред и да

Page 219 of 381

Возење и ракување217забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот на
нагорнини и кога се влече приколка
зависат од брзината на вашето
возило, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, особено кога влечете
приколка, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или
намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.

Page 220 of 381

218Возење и ракувањеПредниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 146.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на DIC.Пораки за возилото 3 139.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.На возило напред укажува
контролната сијаличка A.

Page:   < prev 1-10 ... 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 ... 390 next >