OPEL ASTRA J 2016 Сопственички прирачник
Page 71 of 381
Складирање69Под средната полица се наоѓа
уште една складишна преграда.
Преклопете ја средната полица
нагоре и прицврстете ја во
вертикалната положба. Рамката на
држачот за чаши може да се вгради повторно за да се складираат
шишиња.
Задна конзола
Извлечете ја фиоката.
Внимание
Не користете за пепел или други запаливи материи.
Заден систем за
превозување
Заден систем за превезување
за два велосипеда
Задниот систем за превезување
(Flex-Fix систем) овозможува да се закачат велосипеди за носачот што се извлекува, вграден во подот на
возилото. Превозувањето на други
предмети не се дозволува.
Максималната оптовареност на
задниот систем за превезување е
40 кг. Максималната оптовареност
по велосипед е 20 кг.
Меѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде
поголемо од 1,2 метри. Инаку не е
можно безбедно прицврстување на
велосипедот.
Ако не е во употреба, системот за
превезување мора да се лизне
назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Не закачувајте велосипеди со
јаглеродни држачи на педалите
на носачи. Велосипедите може
да се оштетат.
Извлекување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Page 72 of 381
70Складирање
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Системот
се ослободува и брзо излегува од
браникот.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
заглавува правилно, не местете предмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Инсталирање на задните ламби
Прво извадете ја задната( 1), па
предната ( 2) задна ламба од
процепите.
Page 73 of 381
Складирање71Целосно отворете го држачот на
светилката нанадвор на задната
страна од задната светилка.
Притиснете ја рачката за стегање
надолу и притиснете го држачот за
светилката во лежиштето додека
не се закочи.
Извршете ја постапкава за двете
задни ламби.
Проверете ја положбата на
кабелот и ламбата за да се уверите
дека тие се правилно инсталирани
и се безбедно лоцирани.
Заклучете го задниот систем за
превозување
Прво завртете го десниот лост за
прицврстување ( 1), а потоа левиот
лост за прицврстување ( 2), се
додека не почувствувате отпор.
Page 74 of 381
72Складирање
Задниот систем за превезување е
закочен кога лостовите за
прицврстување се свртени околу
50°. Во секој друг случај не се
гарантира безбедната
функционалност.
Забелешка
Затворете ја задната врата.
Одвиткајте ги процепите за
рачките на педалите
Здиплете ги едниот или двата
процепа за рачките на педалите
угоре додека дијагоналниот
потпирач не се заглави.
Извадете ги монтажните дршки за
рачките на педалите од процепите
за рачките на педалите.
Page 75 of 381
Складирање73Приспособување на задниот
систем за превозување за
велосипед
Притиснете го лостот за
ослободување и извлечете ги
процепите за тркалата.
Притиснете го лостот за
ослободување на каишот за
држење и извадете го каишот.
Подгответе го велосипедот за да
се закачи
Забелешка
Максималната широчина
движење на педалата е 38,3 мм а
максималната длабочина е
14,4 мм.
Завртете го левиот педал (без
запченик на ланецот) вертикално
удолу. Педалот на левата рачка на педалот треба да биде
хоризонтален.
Предното тркало на предниот
велосипед треба да биде свртено
лево.
Page 76 of 381
74СкладирањеПредното тркало на задниот
велосипед треба да биде свртено
десно.
Закачување на велосипед за
задниот систем за превозување
Со вртливата рачка на процепите
за рачките на педалите, отприлика
приспособете го уредот за рачките на педалите кој се дотерува, кон
делот од рачката на педалот што
се издава.
Ако велосипедот има прави рачки на педалите, отшрафете го уредот
за рачките на педалите целосно
(положба 5).
Ако велосипедот има криви рачки
на педалите, зашрафете го уредот
за рачките на педалите докрај
(положба 1).
Ставете го велосипедот на него.
Рачката на педалата тука треба да
се стави во отворот на процепот за
рачката на педалата, како што е
покажано на сликата.Внимание
Уверете се дека педалот не ја
допира површината на носачот
од задниот крај. Инаку,
преносниот систем може да се
оштети за време на превозот.
Вметнете ја монтажната дршка на
рачката на педалата во
надворешната шина на секој
Page 77 of 381
Складирање75процеп за рачката на педалот
одгоре и лизнете ја надолу се
додека не се најде барем под
жлебот.
Закачете ја рачката на педалот со
вртење на шрафот за закачување
на монтажната дршка на рачката
на педалот.
Наместете ги процепите за
тркалата така да велосипедот да биде горе-долу хоризонтален.
Тука, растојанието помеѓу
педалите и задната врата треба да
биде најмалку 5 см.
Двете гуми на велосипедот треба
да бидат во процепите за тркалата.
Внимание
Внимавајте да ги извлечете
процепите за тркала колку што е потребно за да се стават двете
тркала на велосипедот во
отворите. Инаку не е можно
хоризонтилно закачување на
велосипедот. Непостапувањето
според упатствата може да
доведе до оштетување на
тркалата на велосипедот
поради врелите издувни гасови.
Дотерајте го велосипедот во
надолжната насока на возилото:
Малку олабавете ја монтажната
дршка на педалот.
Ставете го велосипедот во
исправена положба корстејќи го
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот.
Page 78 of 381
76СкладирањеАко двата велосипеда им пречат
еден на друг, релативните положби на велосипедите може да се
приспособат со дотерување на процепите за тркалата и со
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот додека
велосипедите веќе не се допираат
еден со друг. Уверете се дека има доволно слободен простор од
возилото.
Затегнете го шрафот за
закачување за монтажната дршка на лежиштето на педалата до
максималната точка со рака.
Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги ремените за
држење.
Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Поставките за процепите за
тркалата и на вртливиот лост на
процепот за рачката на педалот
треба да се забележат и зачуваат
за секој еден велосипед.
Правилното претходно
поставување ќе го олесни
одновото местење на
велосипедот.
Се препорачува да се закачи
предупредувачки знак на
најзадниот велосипед за да се
зголеми видливоста.
Page 79 of 381
Складирање77Вадење на велосипед од задниот
систем за превозување
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Зафатете го велосипедот,
олабавете го шрафот за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалот, па
подигнете ја монтажната дршка на
лежиштето на педалот за да се
извади.
Вовлекување на задниот систем за превозување
Притиснете ги точките за
монтирање на рачката на педалата
во отворите за педалата како што е прикажано на сликата.
Вметнете го каишот за држење и
повлечете го цврсто удолу колку
што може.
Page 80 of 381
78СкладирањеПритиснете го лостот за
ослободување и лизнете ги
навнатре процепите за тркалата,
се докрај колку што е можно.
Ослободете го лостот за
закочување на дијагоналниот
потпирач и преклопете ги двата
процепа за рачките на педалите
надолу.
9 Предупредување
Ризик од приклештување.
Завртете го прво левиот лост за
прицврстување ( 1), а потоа
десниот лост за прицврстување ( 2)
се додека тие не може повеќе да се движат.
Притиснете го лостот за
прицврстување надолу и
извлечете ги двата потпирача на
ламбите од процепите.
Склопете ги држачите на
сијалиците навнатре на задните
страни од задните светилки.
Прво наместете ја предната ( 1)
задна ламба, па задната ( 2) задна
ламба во процепите и притиснете
ја колку што може докрај.
Притиснете ги каблите се докрај во сите шини за да се спречи
оштетувањето.
Отворете ја задната врата.