OPEL ASTRA J 2019 Сопственички прирачник

Page 21 of 231

Накратко1930 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 20, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 156.

Page 22 of 231

20Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............20
Клучеви ..................................... 20
Далечински управувач ............21
Меморизирани поставки .........22
Систем на централната брава ....................................... 23
Автоматско заклучување ........24
Детски брави ............................ 25
Врати ........................................... 25
Товарен простор ......................25
Безбедност на возилото ............26
Систем за заштита од кражба ..................................... 26
Имобилизатор .......................... 27
Странични ретровизори ............27
Конвексен облик ......................27
Електрично местење ...............27
Преклопни прозорци ................ 28
Ретровизори со греење ...........28
Ретровизори ............................... 29
Рачна заштита од отсјај ..........29
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 29Прозорци.................................... 29
Шофершајбна .......................... 29
Механички прозорци ...............30
Електрични прозорци ..............30
Греење на задното стакло ......32
Штитници за сонце ..................32Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е даден на етикета
која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 196.
Бројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 186.

Page 23 of 231

Клучеви, врати и прозорци21Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувач
Се користи за ракување со:
● централната брава
● системот за заштита од кражба
● електричните прозорци
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 20 метри. Него може да го ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Надминат опсег.
● Слаб напон на акумулаторот. ● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 23.
Основни поставки Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 92.

Page 24 of 231

22Клучеви, врати и прозорциЗамена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Меморизирани поставки
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, некои функции од
следниве поставки може
автоматски да се меморираат во
далечинскиот управувач:
● светла
● Инфозабавен систем
● централната брава
● поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во
бравата за палење и ќе се сврти во положбата 1 3 130.
Предуслов е Personalization by
driver (приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активиран во личните
поставки на Сликовниот
инфо-екран. Тоа мора да се
постави за секој клуч што се
користи. Кај возилата со
Информативен екран во боја,
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби е
постојано активирано.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 92.

Page 25 of 231

Клучеви, врати и прозорци23Систем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат повторно автоматски
ако не се отворила ниедна врата.Отклучување
Притиснете го c.
Две поставки може да се изберат: ● За отклучување само на возачката врата и вратничката
за полнење гориво, притиснете
c еднаш. За отклучување на
сите врати, притиснете c
двапати.
● Притиснете c еднаш за да се
отклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката за
полнење гориво.
Поставката може да се смени во
изборникот Поставки на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 92.
Поставката може да се сними за клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 22.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 25.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го e.

Page 26 of 231

24Клучеви, врати и прозорциАко возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Копчиња за централната брава
Заклучување или отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор.
Притиснете e за да заклучите.
Притиснете c за да отклучите.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите други врати,
товарниот простор и вратичката на резервоарот.
Заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да се заклучат.
Автоматско заклучување Оваа безбедносна функција може
да се намести автоматски да се
заклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво штом ќе се
надмине извесна брзина.

Page 27 of 231

Клучеви, врати и прозорци25Дополнително, може да се
конфигурира да ја отклучува
возачката врата или сите врати
откако ќе се исклучи палењето и ќе
се извади клучот (рачен менувач)
или рачката на менувачот ќе се
стави во положбата P (автоматски
менувач).
Поставките може да се сменат во изборникот Поставки на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 92.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 22.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете ја детската брава во задната врата во
хоризонтална положба. Вратата не може да се отвори однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во вертикална
положба.
Врати
Товарен простор
Отворање
За да го отворите капакот на
багажниот простор, притиснете
x на далечинската контрола
барем две секунди, или, за да
отворите однатре, притиснете x
на средишната конзола; капакот на багажниот простор се подотвора.

Page 28 of 231

26Клучеви, врати и прозорци
Со вратите централно заклучени,
капакот на багажниот простор не може да се отвори со притискањена x на средишната конзола.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Централна брава 3 23.
Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.

Page 29 of 231

Клучеви, врати и прозорци27Вклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
15 секунди.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено, има дефект во системот; моторот не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш заклучувајте го
возилото по напуштањето 3 23.
Контролна сијаличка d 3 78.Странични
ретровизори
Конвексен облик Обликот на ретровизорот ги правипредметите да изгледаат помали,што влијае врз способноста за
проценување на растојанијата.
Електрично местење
Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со вртење
на контролата лево (L) или десно
(R) . Потоа завртете ја контролата
за да се намести ретровизорот.

Page 30 of 231

28Клучеви, врати и прозорциВо положбата 0 не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Електрично свиткување
Свртете ја контролата на 0, па
притиснете ја истата надолу. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Притиснете ја контролата
повторно надолу - двата странични ретровизора се враќаат во својата
првобитна положба.
Ако рачно се извлече некој
електрично свиткан ретровизор,
притиснувањето на контролата
електрично ќе го извлече само
другиот ретровизор.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.

Page:   < prev 1-10 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 ... 240 next >