OPEL ASTRA J 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2019Pages: 231, PDF Size: 6.34 MB
Page 31 of 231
Клучеви, врати и прозорци29РетровизориРачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Кога возите во темнина, отсјајот од
возилата што се следат се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна Шофершајбна што ја одбива
топлината
Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр., од патарини.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
Page 32 of 231
30Клучеви, врати и прозорциподрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на шофершајбната Не ставајте налепници како вињети
за патарина или слично на
шофершајбната, во пределот на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и
постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отвораат или затвораат со рачките
на прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Задржано исклучување 3 130.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање, и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен:
прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
Page 33 of 231
Клучеви, врати и прозорци31движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се движи нагоре без да
биде вклучена безбедносната
функција. За да се запре
движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете z за деактивирање на
задните електрични прозорци; се
осветлува LED-светилката. За
активирање притиснете го z
повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Притиснете го и држете го c за да
се отворат прозорците.
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.
Page 34 of 231
32Клучеви, врати и прозорциИницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра.
Пораки за возилото 3 86.
Активирајте ја електрониката на прозорците на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште две секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.Греење на задното стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
На задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.
Page 35 of 231
Седишта, потпирачи33Седишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................33
Предни седишта .........................34
Положба на седиштата ...........34
Рачно прилагодување на седиштето ............................... 35
Потпирач за рака .....................38
Греење ..................................... 38
Задни седишта ........................... 38
Потпирач за рака .....................38
Безбедносни ремени .................39
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........40
Систем на воздушни перничиња .................................. 42
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 43
Систем на странични воздушни перничиња .............44
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 45Системи за врзување на деца ..46
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 49Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 36 of 231
34Седишта, потпирачиположба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на преднитеседишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
Page 37 of 231
Седишта, потпирачи35
● Седете така што задникот дабиде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете да бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците да бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што да
може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 61.
● Наместете го потпирачот за глава 3 33.● Наместете ја височината на
безбедносниот ремен 3 40.
● Намастете го потпирачот за колковите така што да има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Page 38 of 231
36Седишта, потпирачиНадолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Повлечете ја рачката, наместете ја наваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
потпирачот за грб чујно.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу
Page 39 of 231
Седишта, потпирачи37Навалување на седиштата
Пумпање со рачката
угоре:предниот крај погореудолу:предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Page 40 of 231
38Седишта, потпирачиПотпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
лизне нанапред за 10 см. Под
потпирачот за рака има складишна преграда.
Складирање во потпирачот за рака 3 54.
Греење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на ß за соодветното седиште
еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот.
Задни седишта
Потпирач за рака
Преклопете го потпирачот за рака
надолу. Потпирачот за рака
содржи држачи за чаши и кутија за
складирање.