OPEL ASTRA K 2016.5 Сопственички прирачник
Page 241 of 335
Возење и ракување239Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
Page 242 of 335
240Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Преклопете го приклучокот.
Page 243 of 335
Возење и ракување241
Кај Sports Tourer вметнете го
капакот на задниот браник, како
што е прикажано на илустрацијата.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 202.
Page 244 of 335
242Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................243
Додатоци и модификации на возилото ................................ 243
Чување на возилото ..............243
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......244
Прверки на возилото ...............244
Вршење работа ...................... 244
Хауба ...................................... 244
Моторно масло ......................245
Ладилник ................................ 246
Течност за миење ..................247
Сопирачки .............................. 247
Течност за сопирачките ........248
Акумулатор ............................. 248
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 250
Замена на четкичките на бришачите ............................. 250
Замена на сијалиците ..............251
Халогенски предни фарови ..251
Фарови за магла ....................253
Задни светла .......................... 254
Странични трепкачи ..............261Светло за регистарската
табличка ................................ 261
Внатрешни светла .................262
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 262
Електричен систем ..................263
Осигурувачи ........................... 263
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............264
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......266
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................269
Прирачен алат ......................... 270
Алати ...................................... 270
Тркала и гуми ........................... 272
Зимски гуми ............................ 272
Ознаки на гумите ...................272
Притисок на гумите ................ 272
Систем за следење на притисокот на гумите ...........274
Длабочина на шарата ...........279
Менување на големината на гумите и тркалата .................279
Раткапни ................................. 279
Синџири за гуми ..................... 280
Комплет за поправање гуми . 280
Менување тркала ................... 284
Резервно тркало ....................286Палење со кабли ......................289
Влечење ................................... 291
Влечење на возилото ............291
Влечење друго возило ..........292
Нега за изгледот ......................293
Нега на надворешноста ........293
Нега на внатрешноста ........... 296
Page 245 of 335
Нега на возилото243Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина илирикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
Page 246 of 335
244Нега на возилото● Проверете го нивото натечноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Page 247 of 335
Нега на возилото245
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 298.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат зависно од верзијата на моторот.
Page 248 of 335
246Нега на возилото
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 312.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Page 249 of 335
Нега на возилото247
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Page 250 of 335
248Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 298.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото се наоѓа
во товарниот простор под капакот
во задниот дел на подот зад
задните седишта. Капак на задниот под 3 88.
Постојат точки за поврзување за
палењето со кабли во моторниот
простор.
Палење со кабли 3 289.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.