OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник

Page 141 of 307

Светла139Тие се вклучуваат автоматски и за
време на дневна светлина кога
моторот работи.
Системот се префрлува
автоматски помеѓу светлата за дневно возење и предните
фаровите, зависно од условите на
осветлување. Автоматска
контрола на светлата 3 137.
LED предни фарови LED системот за предни фарови
содржи различни видови LED
диоди во секое осветлување кое овозможува контрола на различни
светлосни програми.
Преносот на светлина и нејзиниот
интензитет варира во зависност од условите на осветлувањето, тип на
патот и ситуацијата на возење. Возилото ги адаптира предните
фарови автоматски според
ситуацијата, со цел да овозможи
оптимални перформанси за
возачот.
Некои функции на LED предните
фарови може да бидат исклучени
или вклучени од изборникот заприспособување на возилото кон
индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Помошта за долго светло не може
да биде исклучена.
Следниве функции за осветлување се достапни со прекинувачот за
светлата во положбата AUTO или
9 .
Градско светло
Автоматски се активира при брзини до приближно 55 километри на час
и во ситуации со надворешно
амбиентално светло. Светлото е
широко и симетрично. Дизајниран е
специјален модел кој зрачи за да се избегне отсјај за другите учесници
во сообраќајот.
Меѓуградско светло
Автоматски се активира при брзини над околу 55 километри на час кога
се вози во рурални области.
Подобрено е осветлувањето на
тековната лента и другата страна
од патот. Не се заслепени возилата
кои доаѓаат и претекнуваат.
Свиочно светло
За да се подобри осветлувањето
во кривините, врз основа на аголот
на управување и брзината,
дополнително се активираат
посебни LED диоди. Оваа функција
се активира на брзина од 40

Page 142 of 307

140Светлакилометри на час до 70 километри
на час и реагира на аголот на
управување.
Аголно светло
Кога исклучувате, во зависност од
аголот на управување и
светлината на трепкачот, се
активираат посебни LED диоди кои
го осветлуваат правецот на
патувањето. Тоа се активира до
брзини од 40 км/ч.
Функции за паркирање во
рикверц
За помош на возачот при
ориентација кога паркира, двете
аголни светла и светлото за
рикверц светат кога предните
фарови се вклучени и ставени во
рикверц. Тие остануваат запалени
за краток период по вадењето на
менувачот од рикверц или додека
не почнете да возите побрзо од
7 км/ч во некоја брзина за напред.
Помош за долгото светло Оваа функција овозможува
долгото светло да функционира
како главна светлина за возење во
текот на ноќта.
Камерата во шофершајбната ги
забележува светлата на возилата
од спротивната насока или напред.
Секојa LED на десната или левата
страна може да се активира или
избледи секоја посебно во
согласност со состојбата во
сообраќајот. Ова дава најдобра дистрибуција на светлина без да ги
заслепи другите учесници во
сообраќајот. Откако ќе се активира,помош за долгото светло останува
активно и се вклучува и исклучува долгото светло во зависност од
околните услови. Најпоследната
поставка на помошта за долго
светло ќе остане откако ќе се
вклучи палењето повторно.
Помошта за долго светло вклучува и специјален режим за автопат.
Кога се вози побрзо од 115 км/ч на
автопат, долгото светло се
смалува за да се избегне
заслепување на дојдовниот
сообраќај. Кога се вози зад возило
напред или се разминува,
заслепувањето од огледалото на
овие возила е намалено.

Page 143 of 307

Светла141АктивирањеРачката за трепкачите со или без
копчето MENU
Активирајте ја помошта за долгото
светло со притискање на рачката
за трепкачите двапати. Долгото
светло се вклучува автоматски при брзини над 50 км/ч. Долгото светло
се исклучува при брзини под
35 км/ч, но помошта за долго
светло останува активна.
Рачката за трепкачи со копчето
f
Помошта за долгото светло
активирајте ја со притискање f
еднаш. Долгото светло се вклучува автоматски при брзини над 50 км/ч .
Долгото светло се исклучува при
брзини под 35 км/ч, но помошта за
долго светло останува активна.
Зелената контролна сијаличка f
свети постојано кога помошта за
долго светло е активирана, сината
7 свети кога долгото светло е
вклучено.
Контролна сијаличка f 3 107, 7
3 107.
Со притискање еднаш на рачката
за трепкачите рачно се вклучува
долгото светло без помош за долго светло.
Помошта за долго светло
автоматски го вклучува средното
светло кога:
● Се вози во градски предели.
● Функциите за паркирање во рикверц се активни.
● Предни или задни фарови за магла се вклучени.
Ако не се откријат никакви
ограничувања, системот се враќа
на долго светло.
ДеактивирањеРачката за трепкачите со или без
копчето MENU
Ако помошта за долго светло е
активна и долгото светло е
вклучено, повлечете ја еднаш
рачката за трепкачите за да ја
исклучите помошта за долго
светло.

Page 144 of 307

142СветлаАко помошта за долго светло е
активна и долгото светло е
исклучено, притиснете ја двапати
рачката за трепкачите за да ја
исклучите помошта за долго
светло.
Со притискање на рачката за
трепкачите за да го активирате
рачно долгото светло, исто така,
ќе se исклучи помошта за долго
светло.Рачката за трепкачи со копчето
f
Ако помошта за долго светло е
активна и долгото светло е
вклучено, притиснете го еднаш f
или повлечете ја еднаш рачката за
трепкачите за да ја исклучите
помошта за долго светло.
Ако помошта за долго светло е
активна и долгото светло е
исклучено, притиснете f еднаш
за да ја исклучите помошта за
долго светло.
Со притискање на рачката за
трепкачите за да го активирате
рачно долгото светло, исто така,
ќе se исклучи помошта за долго
светло.Аблендирање заедно со помош за
долгото светло
Аблендирање со едно
повлекување на рачката индикатор нема да ја деактивира помошта за
долгото светло кога долгото светло
е исклучено.
Аблендирање со едно
повлекување на рачката индикатор ја деактивира помошта за долгото
светло кога долгото светло е
вклучено.
Динамично автоматско
нивелирање на височината на
фаровите
За да се спречи да бидете
заслепени во сообраќајот од
спротивната насока,
нивелирањето на предните
фарови автоматски се дотерува
врз основа на информацијата за
наклонетоста мерена од предната и задната оска, забрзувањето или
забавувањето и брзината на
возилото.Предните фарови кога се вози
во странство
3 138.
Дефект во LED системот за
осветлување
Кога системот ќе открие дефект
во LED системот за осветлување,
тој одбира дефинирана положба за
да избегне заслепување на
сообраќајот од спротивната
насока. Во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредување.
Предупредувачки
трепкачи
Се ракува со притискање на ¨.

Page 145 of 307

Светла143
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња, предупредувачките
трепкачи се активираат
автоматски.
Трепкачи за вртење и менување лентирачката угоре:десен трепкачрачката удолу:лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За три трепкања, на пр. кога се
менува лента, притискајте ја
рачката додека не се почувствува
отпор, а потоа отпуштете ја.
Со приклучена приколка,
вклучувајте ги трепкачите
шест пати и фреквенцијата на
тонот се менува кога ја притискате
рачката додека не се почувствува
отпор и потоа отпуштете ја.
Помрднете ја рачката до отпорната точка и држете ја таму за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.

Page 146 of 307

144СветлаПредни фарови за магла
Се ракува со притискање на >.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги вклучи предните светла
автоматски.
Задно светло за магла
Се ракува со притискање на r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само со
предните фарови за магла.
Задното светло за магла на
возилото се деактивира кога се
влече приколка или приклучокот е
поврзан со штекерот, на пример
кога се користи носач на
велосипеди.
Паркирни светла
Кога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Помрднете ја рачката за трепкачите докрај нагоре(десни паркирни светла) или
надолу (леви паркирни светла).
Се потврдува со сигнал и со
соодветната контролна сијаличка
за трепкачите.

Page 147 of 307

Светла145Светло за рикверц
Светлото за рикверц се пали кога палењето е вклучено и е ставено
во рикверц.
Замаглени капаци на светлата
Внатрешноста на куќиштето насветлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама
од себе; за потпомагање запалете
ги фаровите.Внатрешно светло
Контрола наосветлувањето натаблата со инструменти
Осветленоста на светла за
следење може да се прилагоди во
позиција AUTO кога сензорот за
светлина ќе открие ноќни услови,
или во позиција 8 или 9.
● осветлување на таблата со инструменти
● информативен екран
● осветлени прекинувачи и оперативни елементи
Свртете го малото тркалце A и
држете го додека саканата
осветленост не се постигне.
Внатрешни светла
При влегување во возилото и
излегување од него, предните и
задните внатрешни светла
автоматски се вклучуваат и потоа
се исклучуваат по пауза.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња внатрешните светла
се вклучуваат автоматски.
Предни внатрешни светла

Page 148 of 307

146СветлаРакување со преклопникот:w:автоматско
вклучување и
исклучувањепритиснете
го u:вклучувањепритиснете
го v:исклучено
Задни внатрешни светла
Се палат заедно со предното
внатрешно светло зависно од
положбата на преклопникот.
Светла за читање
Се ракува со притискање на s и
t на предните и задните светла за
внатрешноста.
Светло во заштитникот за
сонце
Светнува кога капакот ќе се отвори.
Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување насредишната конзола
Спот-светлото вградено во
внатрешното осветлување се пали
кога фаровите се вклучуваат.
Осветлување привлегување
Осветлување „добредојдовте“ Следниве светла се вклучуваатнакусо при отклучување на
возилото со далечинскиот
управувач:
● предни фарови
● задни светла
● светла за регистарската табличка
● светло на таблата со инструменти
● внатрешни светла

Page 149 of 307

Светла147Со некои функции може да се
ракува само кога е темно надвор
како помош да се најде возилото.
Осветлувањето се исклучува
веднаш кога ќе се вклучи
палењето. Поаѓање 3 17.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот.
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 25.
Следниве светла дополнително ќе
се запалат кога возачката врата ќе
се отвори:
● сите прекинувачи
● информативен центар за возачот
● светла во џебовите на вратитеОсветлување при
излегување
Следниве светла се палат ако
клучот се извади од бравата за
палење:
● внатрешни светла
● светло на таблата со инструменти
● светла на табличките
Ќе се исклучат автоматски по
пауза. Оваа функција работи само
во темница. Театралното
осветлување се активира ако
возачката врата се отвори за тоа
време.
Осветлување на патека Фаровите, задните светла и
светлата за регистарските
таблички го осветлуваат околниот
предел по напуштањето на
возилото, за толку време како што
ќе го приспособите.Вклучување
1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење. 3. Отворете ја возачката врата.4. Повлечете ја рачката на трепкачите.
5. Затворете ја возачката врата.
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гасат по
две минути.
Осветлувањето за излегување
веднаш се исклучува ако рачката
за трепкачите се повлече додека е
отворена возачката врата.

Page 150 of 307

148СветлаОваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот.
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 120.
Поставките може да се снимат за клучот кој се употребува 3 25.
Заштита од празнење на акумулаторот
Функција за состојбата на
наполнетост на акумулаторот
Функцијата гарантира најдолг
работен век на акумулаторот преку
генератор што има контролирана
излезна сила и оптимизирана
распределба на струјата.За да се спречи празнење на
акумулаторот при возење,
следниве системи се редуцираат
автоматски во две фази и конечно
се исклучуваат:
● дополнително греење
● греење на задните прозорци и ретровизорите
● греење на седиштата
● вентилатор
Во втората фаза ќе се прикаже
порака во Информативниот центар за возачот што го потврдува
активирањето на заштитата на
акумулаторот од празнење.
Исклучување на електричните
светла
За да се спречи празнење наакумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.

Page:   < prev 1-10 ... 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 ... 310 next >