OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016Pages: 307, PDF Size: 7.89 MB
Page 111 of 307

Инструменти и контроли109Информативни екраниИнформативен центар завозачот
Информативниот центар за
возачот се наоѓа во групата
инструменти.
Зависно од верзијата и групата
инструменти, Информативниот центар за возачот е достапен како
екран од средно ниво или екран од горно ниво.
Информативен центар за возачот
укажува во зависност од опремата:
● вкупна и дневна километража
● информации за возилото
● информации за патувањето/ горивото
● информации за економичноста
● пораки за возилото и за предупредување
● информации за звукот и за инфозабавата
● информации за телефонот
● информации за навигацијата
● поставки на возилотоЕкран од средно ниво
Страниците на изборникот на
екранот од средно ниво се
избираат со притискање MENU на
рачката за трепкачите. Симболите
за главниот изборник се покажани
во горниот ред на екранот:
● W Информативен изборник
● ? Изборник на опции
● @ Изборник за еко-
информации
Некои од функциите на екранот се
разликуваат помеѓу возењето и
мирувањето на возилото, и некои
функции се активни само кога
возилото се вози.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Меморизирани поставки 3 25.
Одбирање изборници и функции
Изборниците и функциите може да
се изберат преку копчињата на
рачката за трепкачите.
Page 112 of 307

110Инструменти и контролиПритискајте го MENU да се
префрлувате меѓу главните
изборници или да се враќате од
подизборник на следното повисоко ниво на изборниците.
Вртете го тркалцето за местење за
да изберете потстраница на
главниот изборник или за да
одредите бројчена вредност.
Притискајте го копчето SET/CLR за
избирање и потврдување
функција.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на
Информативен центар за возачот
ако е потребно. Потврдувајте ги
пораките со притискање на
SET/CLR . Пораки за возилото
3 118.Екран од високо ниво
Изборните страници се покажуваат
со притискање на p на воланот.
Притиснете Q или P за да
изберете изборник, притиснете 9
за да потврдите. Достапни изборни
страници се:
● Info (Инфо)
● Audio (Аудио)
● Phone (Телефон)
● Navigation (Навигација)
● Options (Опции)
Некои од функциите на екранот се
разликуваат помеѓу возењето и
мирувањето на возилото, и некои
функции се активни само кога
возилото се вози.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Меморизирани поставки 3 25.
Одбирање изборници и функции Изборниците и функциите може да
се избираат со копчињата од
десната страна на воланот.
Притиснете p за да ја отворите
страницата на главниот изборник.
Page 113 of 307

Инструменти и контроли111Изберете ја страницата на
главниот изборник со Q или P.
Потврдете ја страницата на
главниот изборник со 9.
Штом ќе се избере страница на
главниот изборник, притиснете го
Q или P за да изберете
потстраници.
Притиснете го q за да отворите
следна папка на избраната потстраница.
Притиснете Q или P за да бирате
функции или да поставувате
бројчени вредности, ако треба.
Притискајте го копчето 9 за
избирање и потврдување
функција.
Штом ќе се избере страница на
главниот изборник, овој избор
останува мемориран додека не се
избере друга страница на главниот
изборник. Подстраниците се
менуваат со притискање P или Q.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на
Информативен центар за возачотако е потребно. Потврдувајте ги
пораките со притискање на 9.
Пораки за возилото 3 118.
Информативен изборник Следнава листа ги содржи сите
можни страници на Info Menu
( Инфо изборникот). Некои може да
не се достапни за Вашиот модел на возилото. Зависно од екранот,
некои функции се симболизирани.
Вртете го копчето за местење или
притиснете Q или P за да
изберете страница:
● дневна километража 1 или А просечна потрошувачка на
гориво
просечна брзина
● дневна километража 2 или Б просечна потрошувачка на
гориво
просечна брзина на возилото
● дигитална брзина
● досег на горивото
● моментална потрошувачка на гориво● преостанато траење намаслото
● притисок во гумите
● темпирање
● помош со сообраќајни знаци
● оддалеченост за следење
● најголеми потрошувачи
● економичен тренд
● еко-индекс
● празна страница
На Екран од средно ниво, страните Remaining Oil Life (Век на
останатото масло) , Tyre Pressure
( Притисок на гумите) , Помошник за
сообраќајни знаци и Following
Distance (Растојание за следење)
се прикажани во Изборник за
опции ? . Изберете со
притискање на MENU.
На Екран од средно ниво, страните Top Consumers (Врвни
потрошувачи) , Economy Trend
(Економичен тренд) и Еко индекс
се прикажани во ECO Изборник за
информации @. Изберете со
притискање на MENU.
Page 114 of 307

112Инструменти и контролиДневна километража 1/А и 2/Б
Дневната километража го
прикажува моменталното
растојание од одредено
препоставување.
Дневната километража брои до
оддалеченост 9.999 км и пак
почнува од 0.
За да ресетирате на екранот од
средно ниво, притисне SET/CLR
неколку секунди, на екранот од
горно ниво, притиснете > и
потврдете со 9.
Информациите на страниците за
дневната километража 1/А и 2/Б
може да се ресетираат посебно за
километражата, просечната
потрошувачка и просечната брзина
додека е активен соодветниот
екран.
Average Fuel Consumption
(Просечна потрошувачка на
гориво)
Прикажување на просечната
потрошувачка. Мерењето може да
се ресетира кога било и почнува со основната вредност.За да ресетирате на екранот од
средно ниво, притисне SET/CLR
неколку секунди, на екранот од горно ниво, притиснете > и
потврдете со 9.
Просечна брзина
Прикажување на просечната
брзина. Мерењето може да се
препостави во кое било време.
За да ресетирате на екранот од
средно ниво, притисне SET/CLR
неколку секунди, на екранот од горно ниво, притиснете > и
потврдете со 9.
Дигитална брзина
Дигитално прикажување на
моменталната брзина.
Досег на горивото
Досегот се пресметува според
моменталното ниво на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.Кога нивото на горивото во
резервоарот за гориво е ниско, се појавува порака на екранот и
контролната сијаличка Y на
мерачот за гориво светнува.
Кога резервоарот за гориво треба
да се наполни веднаш, се појавува предупредувачка порака и
останува не екранот.
Дополнително, контролната
сијаличка Y во мерачот за гориво
трепка 3 107.
Instantaneous Fuel Consumption
(Моментална потрошувачка на
гориво)
Екран на моменталната
потрошувачка.
Remaining Oil Life (Век на
останатото масло)
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројот во проценти го покажува преостанатиот век на
маслото 3 100.
Tyre Pressure (Притисок на гумите) Го проверува притисокот во гумите
на сите тркала при возењето
3 254.
Page 115 of 307

Инструменти и контроли113Timer (темпирање)
За да почнете или запрете,
притиснете 9. За да ресетирате,
притиснете > и потврдете го
ресетирањето.
Помош со сообраќајни знаци
Ги прикажува откриените
сообраќајни знаци за
моменталната делница на
маршрутата 3 212.
Following Distance (Растојание за
следење)
Ја прикажува оддалеченоста до
возилото што е напред во секунди
3 197. Ако е активна
приспособливата контрола на
патувањето, на оваа страница се покажува поставката за
оддалеченост за следење.
Top Consumers (Врвни
потрошувачи)
Прикажан е список на најголемите
моментално вклучени
потрошувачи за удобност по
надолен ред. Покажан е
потенцијалот за штедење гориво.Исклучен потрошувач исчезнува
од списокот и вредноста на
потрошувачката се ажурира.
При променливи услови за возење,
моторот ќе го вклучи
одмаглувањето на задното стакло
автоматски за да ја зголеми
оптовареноста на моторот. Во тој случај, одмаглувањето на задното
стакло е означено како еден од
најголемите потрошувачи, без
активирање од возачот.
Economy Trend (Економичен тренд) Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Зацрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км
и го покажуваат влијанието на
топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката на
гориво.
Индекс на економичност
Моменталната потрошувачка на
гориво е покажана со економичен
размер. За економично возење,
приспособете го стилот на
возењето за да остане показателотво рамките на подрачјето Есо.
Показател надвор од Еко-
подрачјето значи поголема
потрошувачка на горивото.
Празна страница
Прикажува празна страница без
информации.
Изборник за звук Изборникот за звук овозможува
разгледување за музика, избирање
од омилени или менување на
изворот за звук.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за телефон Изборникот за телефон
овозможува управување со
телефонските повици, листање низ
контактите или ракување со
телефонирањето без раце.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за навигација
Изборникот за навигација
овозможува водење по маршрута.
Page 116 of 307

114Инструменти и контролиВидете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник на опции
Следнава листа ги содржи сите
можни страници на Изборникот на
опции. Некои може да не се
достапни за Вашиот модел на
возилото. Зависно од екранот,
некои функции се симболизирани.
Вртете го копчето за местење или
притиснете го Q или P за да
изберете страница и следете ги
упатствата дадени на
подизборниците:
● мерни единици
● информативни страници
● предупредување за брзината
● оптоварување на гумите
● информации за софтверот
Мерни единици
Притиснете SET/CLR или > додека
се прикажани мерните единици.
Изберете империјални или
метрички единици со вртење натркалцето за местење или
притискање P. Потврдете со
притискање SET/CLR или 9.
Информативни страници
Притиснете > додека се прикажани
информативните страници. Се
прикажува листа на сите ставки на
информативниот изборник.
Изберете ги функциите што треба
да се прикажуваат на
информативната страница
притискајќи 9. Избраните
страници имаат 9 во квадратче.
Функциите што не можат да се
видат имаат празно квадратче.
Видете Информативен изборник
погоре.Предупредување за брзината
Функцијата за предупредување за
брзина алармира кога ќе се
надмине поставената брзина.
За да поставите предупредување
за брзината, притиснете SET/CLR
или > додека е прикажана
страницата. Вртете го тркалцето за местење или притиснете Q или
P за да ја изберете и прилагодите
вредноста. Притиснете SET/CLR
или 9 за да ја одредите брзината.
Штом ќе се постави брзината, оваа функција може да се исклучи со
притискање на SET/CLR или 9
додека се гледа страницата. Ако се
Page 117 of 307

Инструменти и контроли115надмине одреденото
ограничување за брзината, се
прикажува појавно
предупредување со мелодија.
Tyre Load (Оптовареност на
гумите)
Категоријата за притисокот во
гумите според моментално
напумпаниот притисокот на гумите
може да се избере 3 254.
Информации за софтверот
Ги прикажува информациите за
софтверот со отворен код.
Помошен режим
Некои функции на
Информативниот центар за
возачот и инфо-екранот може да се
ограничени за некои возачи.
Активирањето или
деактивирањето на помошниот режим може да се постави во
изборникот Settings (Поставки) во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби.Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
За повеќе информации, видете во прирачникот на Инфозабавата.
Инфо екран
Инфо-екранот се наоѓа на таблата со инструменти близу до групата
инструменти.
Зависно од конфигурацијата,
возилото има
● Сликовен инфо-екран
или
● 7'' Информативен екран во
боја што работи на екран на
допир
или
● 8'' Информативен екран во
боја работи на екран на допир
Информативните екрани може да
ги покажуваат:
● времето 3 89
● надворешната температура 3 89
● датумот 3 89● инфозабавен систем, видете
го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
● наклонување од ретровизорска камера 3 209
● наклонување од инструкции од
помош за паркирање 3 200
● навигација, видете го описот во прирачникот на
инфозабавниот систем
● системските пораки
● поставките за приспособување
на возилото кон
индивидуалните потреби
3 120
Page 118 of 307

116Инструменти и контролиСликовен инфо-екран
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете MENU за да ја
одберете страницата на главниот
изборник.
Свртете го MENU за да ја одберете
страницата на главниот изборник.
Притиснете го MENU за да
потврдите избор.
Притиснете го BACK за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
7'' Информативен екран во боја
Одбирање изборници и поставки
Изборниците и поставките се
достапни преку екранот.
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете го ; за да се прикаже
почетната страница.
Допрете ја со прст потребната
иконата на изборникот за приказ.
Допрете ја соодветната икона за да потврдите избор.
Допрете го 9 за да се вратите на
следното повисоко ниво на
изборникот.
Притиснете го ; за да се вратите
на почетната страница.
За следни информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
8'' Информативен екран во боја
Одбирање изборници и поставки
Има три опции за ракување со
екранот:
● со копчињата под екранот
● директно на екран осетлив на допир ракувајќи со прст
● преку препознавање на говор
Page 119 of 307

Инструменти и контроли117Ракување со копчињата
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете го ; за да се прикаже
почетната страница.
Свртете MENU за да изберете
икона за прикажување на изборник или функција или излистајте ја
листата на подизборникот.
Притиснете го MENU за да
потврдите избор.
Притиснете го BACK за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
Притиснете го ; за да се вратите
на почетната страница.
За следни информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.Ракување со допирниот екран
Приказот мора да е вклучен со
притискање X. Притиснете ; за да
ја изберете почетната страница.
Допрете ја бараната икона за
приказ на изборник или функција со прст.
Листајте ги подолгите листи со
подизборници со прстот нагоре или надолу.
Потврдувајте ги бараната функција
или изборот со допирање.
Допрете q на екранот за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
Притиснете го ; за да се вратите
на почетната страница.
За следни информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.Препознавање на говор
Описот видете го во прирачникот
за Инфозабава.Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Помошен режим
Некои функции на
Информативниот центар за
возачот и инфо-екранот може да се
ограничени за некои возачи.
Активирањето или
деактивирањето на помошниот
режим може да се постави во
изборникот Settings (Поставки) во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
За повеќе информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.
Page 120 of 307

118Инструменти и контролиПораки за возилотоПораките се појавуваат во
Информативниот центар за
возачот во некои случаи заедно со мелодија за предупредување и
сигнализирање.
На екранот од средно ниво
притиснете SET/CLR на рачката за
трепкачите да ја потврдите
пораката.
На екранот од горно ниво притиснете 9 на воланот да ја
потврдите пораката.
Пораки за возилото и за
сервисирање
Пораките за возилото се
прикажуваат како текст.
Проследете ги упатствата дадени
во пораките.
Системот прикажува пораки во поглед на следниве теми:
● пораки за сервисирање
● нивоа на течностите
● системот за тревожење при кражба
● сопирачки
● системи за возење
● системи за контрола на возењето
● системи за помош на возачот
● контрола на патувањето
● ограничувач на брзината
● предупредување за преден судир
● систем за моментално сопирање при судир
● системи за помош за паркирање
● светла, замена на сијалиците ● LED предни фарови
● систем за бришење/миење
● врати, прозорци
● известување за странична слепа точка
● помош со сообраќајни знаци
● помош за задржување на лентата
● задна врата на товарниот простор
● далечински управувач