OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Page 51 of 307
Седишта, потпирачи49Навалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Page 52 of 307
50Седишта, потпирачиЕлектрично местење наседиштето9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Надолжно прилагодување
Поместете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Височина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре/
удолу.
Навалување на седиштата
Наклонете го предниот дел на
прекинувачот нагоре/надолу.
Page 53 of 307
Седишта, потпирачи51Наклонетост на потпирачот за
грб
Наклонете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Потпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните потреби.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Page 54 of 307
52Седишта, потпирачиСтранично зајакнување
Прилагодете ја ширина на
наклонот на седиштето за да
одговара на личните барања.
Притиснете e за да ја намалите
ширината на наклонот.
Притиснете d за да ја зголемите
ширината на наклонот.
Функција на меморирање на
електрично местење на
седиштето
Може да се зачуваат две различни
поставки на возачкото седиште.
Меморизирани поставки 3 25,
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Зачувување на меморираната
позицијата
● Наместете го возачкото седиште во саканата положба.
● Притиснете и држете MEM и 1
или 2 истовремено додека се
огласува мелодија.
Повикување на мемориските
положби
Притиснете и држете 1 или 2
додека не се постигне зачуваната положба на седиштето. Со
отпуштање на копчето додека
седиштето се движи се откажува
повикувањето.
Зачувување положба со
далечинскиот управувач
Затекнатата положба на возачкото
седиште автоматски се зачувува
на клучот со далечински управувач
секогаш кога ќе се исклучи
палењето. Овие зачувани положби
се независни од мемориските
положби зачувани со копчето 1 или
2 .
Зачуваните позиции автоматски се вчитуваат со вклучување на
палењето.
За да го сопрете повиканото
движење, притиснете некоја од
контролите за меморијата или за
електричното седиште.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Vehicle (Возило) изборникот на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 115.
Page 55 of 307
Седишта, потпирачи53Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Функција за лесно излегување
За практично излегување од
возилото, електричното возачко
седиште се придвижува наназад
кога возилото стои во место. За
активирање, исклучете го
палењето, извадете го клучот од
бравата и отворете ја возачката
врата. Ако вратата е веќе
отворена, исклучете го палењето
за да го активирате повикувањето.
За да го сопрете повиканото
движење, притиснете некоја од
контролите за меморијата или за
електричното седиште.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Vehicle (Возило) изборникот на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 120.Безбедносна функција
Ако возачкото седиште наиде на
отпор при движењето,
повикувањето може да сопре. По
отстранувањето на пречката,
притиснете и држете го
соодветното копче за меморирање на положбата две секунди.
Обидете се повторно да ја
повикате мемориската положба.
Ако повикувањето не работи,
посоветувајте се со сервисер.
Преоптоварување
Ако поставката на седиштето е
струјно преоптоварена,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Забелешка
По несреќа во која се активирале
воздушните перничиња,
мемориските функции за секое
позициско копче ќе бидат
деактивирани.Потпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
лизне нанапред за 10 см. Под
потпирачот за рака има складишна преграда.
Складирање во потпирачот за рака 3 74.
Page 56 of 307
54Седишта, потпирачиГреење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на ß за соодветното седиште
еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седишта ќе се намали
автоматски од највисоко ниво на
средно ниво по 30 минути.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 168.
Автоматско греење на
седиштата
Во зависност од опремата,
автоматското греење на
седиштата може да биде
овозможено во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби во Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 120.
Кога е овозможено, греењето на седиштата ќе се активира
автоматски при стартување на
возилото. Активирањето се базира
на неколку параметри, како што е
внатрешната температура на
возилото, интензитетот и насока на сонцето и поставувањето на
температурата на системот за
електронска контрола на
климатизацијата за страната на
возачот и патниците.Како што внатрешноста на
возилото се загрева, нивото на
греење на седиштата ќе се намали
автоматски додека конечно не се
исклучи. Нивото на греење на
седиштата обезбедено во текот на
автоматското работење се
покажува со индикатор на загреани седишта.
Ако патничките седишта се
слободни, автоматското греење на
седиштата нема да се активира за
она седиште кое е слободно.
Копчињата за автоматско греење
на седиштата може да бидат
притиснати за да во било кое време се напушти системот за автоматско
греење за соодветно седиште и
контролата на греење да биде
наместена рачно.
Page 57 of 307
Седишта, потпирачи55Проветрување
Приспособете го проветрувањето
во саканата поставка со
притискање на A за соодветното
седиште еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Проветрените седишта
функционираат кога работи
моторот и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 168.
Масажа
Притиснете c да ја вклучите
функцијата за масажа на грб. За да го исклучите, притиснете c
повторно.
Задни седишта
Потпирач за рака
Преклопете го потпирачот за рака
надолу.
Page 58 of 307
56Седишта, потпирачиГреење
Активирајте го греењето на
седиштата со притискање на ß за
соодветните задни надворешни
седишта. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето.
Притиснете ß уште еднаш за да го
деактивирате греењето на
седиштето.
Не се препорачува подолга
употреба за луѓе со чувствителна
кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 168.Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
закочуваат при нагло забрзување
или забавање на возилото
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето. Притоа ризикот од повреда е значително
намален.
Page 59 of 307
Седишта, потпирачи579Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 66.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените
дали се оштетени, извалкани и
функционални.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со
остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот
ремен
Секое седиште е опремено со
потсетник за безбедносниот
ремен, што за предните седишта се
контролните сијалички X и k, или
за задните седишта симболот X на
Информативниот центар за
возачот 3 102.
Ограничувачи на силата на
ремените
Притисокот врз телото се намалува со постепеното ослободување на
ременот при судар.
Затегнувачи на ремените Во случај на фронтален судир,
удар одзади или страничен судир
со одредена силина, предните и
задните безбедносни ремени се
затегнуваат. Предните појаси се
затегнуваат од два затегнувачи наседиштето. Надворешните задни
безбедносни ремени се затегнати
од еден затегнувач за седиште.9 Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира
затегнувачите на ремените.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 103.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на компонентите
на затегнувачите на ремените
Page 60 of 307
58Седишта, потпирачибидејќи тоа може да ја поништи
сообраќајната дозвола на
возилото.
Безбедносен ремен
прицврстен на три точки
Врзување
Извлечете го ременот од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти, и вметнете го јазичето
во бравата. Затегнувајте го
ременот за скутот редовно за
време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Лабавите или кабастите облеки го
спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример чантички или
мобилни телефони помеѓу
ременот и Вашето тело.
9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Потсетник за безбедносниот ремен
X , k 3 102.
Вадење
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата на ременот.