OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016Pages: 307, PDF Size: 7.89 MB
Page 31 of 307

Клучеви, врати и прозорци29под амблемот на брендот кога
електронскиот клуч е во опсегот.
Вратите остануваат заклучени.
Ракување со копчињата на
електронскиот клуч
Системот на централната брава
исто така може да се ракува со
копчињата на електронскиот клуч.
Притиснете c за да отклучите.
Притиснете e за да заклучите.
Ракување со далечинскиот управувач 3 26.
Пасивно заклучување
Автоматско заклучување 3 31.
Потврдување
Ракувањето со системот на централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 120.Копчиња за централната брава
Заклучување и отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на облогата на возачката врата.
Притиснете e за да заклучите.
Притиснете c за да отклучите.
Ракување со клучот во случај на
дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
акумулаторот или батеријата на
далечинската контрола или
електронскиот клуч е празна,
возачката врата може да се
заклучи или отклучи со механички
клуч.
Цилиндерот на бравата во
возачката врата е покриен со
капаче.
Далечински управувач: за да го
отстраните капачето, вметнете го
клучот во жлебот на дното на
капачето и завртете го клучот
нагоре.
Клучеви 3 21.
Page 32 of 307

30Клучеви, врати и прозорци
Електронски клуч: за да го
отстраните капачето, притиснете
го копчето на задната страна и
извадете го сечилото на клучот од куќиштето. Вметнете го клучот во
жлебот на дното на капачето и
завртете го клучот нагоре.
Систем на електронскиот клуч
3 23.
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
рачка двапати или со притискање
c од панелот на вратата на
возачот. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Притиснете го внатре копчето за
заклучување на сите врати освен
вратата на возачот или притиснете
e на панелот на вратата на
возачот. Потоа затворете ја
возачката врата и заклучете ја од
надвор со вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
Page 33 of 307

Клучеви, врати и прозорци31
По заклучувањето, покријте го
цилиндерот на бравата со
капачето: ставете го капачето со долната страна во жлебовите,
завртете и притиснете го капачето
додека не се вклопи на горната
страна.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога е во мирување по возење,
возилото ќе се отклучи автоматски
штом се извади клучот од
прекинувачот за палење, или со
системот на електронски клуч кога палењето е исклучено.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle (Возило) на инфо-
екранот.
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи 3 25.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите
врати, товарниот простор ивратичката на резервоарот
автоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не
била отворена.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
повторно заклучување може да се постави во изборникот Settings
(Поставки) , I Vehicle (Возило) на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 25.
Пасивно заклучување Во возилата со систем на
електронски клуч, оваа функција го
заклучува возилото автоматски по
неколку секунди ако претходно бил
препознаен електронски клуч во
Page 34 of 307

32Клучеви, врати и прозорцивозилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во внатрешноста.
Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да биде дозволено.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Пасивното заклучување може да
се исклучи со притискање на c
неколку секунди додека една врата
е отворена. Останува исклучено
додека не се притисне e или не се
вклучи палењето.
Активирањето или
деактивирањето на пасивното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle (Возило) на инфо-
екранот.
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 25.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Поместете ја иглата во задната
врата нанапред. Вратата не може
да се отвори однатре.
За да го деактивирате, поместете
ја иглата на задната позиција.
Page 35 of 307

Клучеви, врати и прозорци33Врати
Товарен простор
Задна врата Отворање
По отклучувањето, притиснете го
допирниот прекинувач под
амблемот и отворете ја задната врата.
Централна брава 3 26.
Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не го притискајте допирниот
прекинувач додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 26.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Page 36 of 307

34Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Вклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
пет секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Page 37 of 307

Клучеви, врати и прозорци35Ги надгледува:● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч од системот
на електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: се активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Систем на електронски клуч: се
активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со притискање на копче на
некоја од рачките на вратите
однадвор.
● Далечински управувач или електронски клуч: директно со
притискање на e двапати во
рок од пет секунди.
● Системот на електронски клуч со вклучено пасивно
заклучување: накратко се
активира откако ќе дојде до пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Активирање без надгледување на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
Page 38 of 307

36Клучеви, врати и прозорци1. Затворете ги задната врата,хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. LED
сијаличката во копчето o
свети најмногу десет минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Сијаличка за состојбаСијаличката за состојба е вградена во сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при кражба.
Систем на електронскиот клуч:
Отклучувањето на возилото со
притискање на копчето на која било
рачка на вратите однадвор го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.
Page 39 of 307

Клучеви, врати и прозорци37Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на алармните
сигнали се утврдени со закон.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира со
притискање на c, со притискање на
прекинувачот на рачката на вратата со системот на
електронскиот клуч или со
вклучување на палењето на
моторот.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Дополнително, во
Информативниот центар завозачот се прикажува
предупредувачка порака откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 118.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка d
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 26, 3 34.
Контролна сијаличка d 3 107.
Page 40 of 307

38Клучеви, врати и прозорциСтранични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор од страната на возачот
содржи асферична област и ги
намалува слепите точки. Обликот
на ретровизорот предизвикува
предметите да изгледаат помали, што ќе повлијае врз способноста за
проценување на растојанијата.
Известување за странична мртва
точка 3 208.Електрично местење
Изберете го соодветниот
страничен ретровизор
префрлувајќи ја контрола на
левиот (L) или десниот (R). Потоа
завртете ја контролата за да се
намести ретровизорот.
Во положбата o не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.