OPEL ASTRA K 2017.5 Сопственички прирачник

Page 231 of 555

Инфозабавнен систем229промена на поставките за
маршрутата во текот на активно
водење низ маршрута.
Прикажување на списокот со
свртувања
Списокот со свртувања ги
прикажува сите улици на
пресметаната маршрута,
почнувајќи од моментната
локација.
Изберете TURN LIST ( СПИСОК НА
ВРТЕЊА) на интерактивната лента
за избор на изборникот за водење
низ маршрутата. Списокот со
свртувања се прикажува, а
системот го вчитува следниот
маневар.
Секоја ставка на списокот може да
ги прикажува следниве
информации:
● име на улицата, магистрален пат или приклучок на
магистрален пат
● стрелка за насока
● оддалеченост до најблиската улица на маршрутата
● очекувано време на пристигнување за доаѓање до
следната улица
За приказ на сите достапни
информации за одреден список со ставки, изберете ја соодветната
ставка од списокот и потоа
изберете Info (Информации) на
горниот дел од екранот.
Исклучување улици од водењето по маршрута
Откако ќе почне водењето низ
маршрута, може да исклучите
улици од претходно пресметаната
маршрута. Потоа маршрутата
повторно се пресметува
заобиколувајќи ги исклучените
улици.
Изберете AVOID (ИЗБЕГНУВАЈ) на
интерактивната лента за избор на
изборникот за водење низ
маршрутата. Се прикажува листата вртења.
Изберете улица, магистрален пат
или приклучок на магистрален пат
што би сакале да ги избегнете. Се
прикажува порака.
Одберете ја саканата опција за
далечина.
Се прикажува односната улица или
магистрален пат во делот Avoided
Areas (Избегнувани подрачја) на

Page 232 of 555

230Инфозабавнен системгорниот дел од списокот со
свртувања што е означен со
црвено 9.
Забелешка
Одделот Avoided Areas
(Избегнувани подрачја) вклучува
и патишта што системот
автоматски ги избегнува заради
сообраќајни несреќи.
За повторно вклучување на
избегнатата улица или
магистрален пат на маршрутата,
откажете го означувањето на
соодветната ставка од списокот.
Прикажување на списокот со точки на патот
Ако сте во патување до точка на
патот, на изборникот за водење низ
маршрутата има дополнителни
функции на изборникот за измена
на патувањето до точка на патот.
Списокот со точки на патот ги
прикажува сите точки на патот од
пресметаното патување со точки
на патот, почнувајќи од следната
точка на патот.Изберете WAYPOINTS (ТОЧКИ НА
ПАТОТ) на интерактивната лента
за избор на изборникот за водење
низ маршрутата. Се прикажува
списокот со точки на патот.
Секоја ставка на списокот може да
ги прикажува следниве
информации:
● име или адреса на точката на патот
● растојанието до следната точка на патот
● очекувано време на пристигнување за доаѓање до
следната точка на патот
Уредување на патувањето со точки на патот
За да го уредите патувањето до точка на патот како што сакате,изберете EDIT (УРЕДИ) во
интерактивната лента за избор во
изборникот за водење низ
маршрутата. Се прикажува
списокот со точки на патот.
За промена на позицијата на
точките на патот во списокот,
изберете ▲ или ▼ веднаш до
соодветните ставки од списокот.
За бришење на точка на патот од
списокот, изберете ☓.
Изберете Save (Сочувај) на
горниот дел од екранот и зачувајте
ги измените.
Оптимизирање на патувањето со
точки на патот
Доколку се додадат неколку точки
на патот и патувањето со точки на
патот се измени неколку пати,
можеби би сакале точките на патот
повторно да се уредат на
најефикасен начин.

Page 233 of 555

Инфозабавнен систем231Изберете OPTIMISE
(ОПТИМИЗИРАЈ) на
интерактивната лента за избор на изборникот за водење низ
маршрутата.
Почекајте додека списокот со точки
на патот се ажурира.
Изберете Save (Сочувај) на
горниот дел од екранот и зачувајте
ги измените.Препознавање говор
Општи информации Вградена функција за
препознавање говор
Вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем
овозможува ракување со различни
функции на инфозабавниот систем
со глас. Таа приметува наредби и
нумерички низи независо од
односниот говорник. Наредбите и
низа на броеви може да се кажат
без пауза во зборувањето помеѓу
поединечните зборови.
Во случај на неправилно ракување
или наредби, препознавањето
говор дава визуелна и/или звучна
повратна информација и бара
повторно да ја внесете саканата
наредба. Покрај тоа, контролата на
гласот потврдува важни наредби и
ќе се распраша ако е потребно.
Во основа, постојат три различни
начини за изговарање наредби за
да може да се извршат саканите
активности.Забелешка
За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето говор
не се вклучува додека не се
активира.
Важни информацииПоддршка за јазици ● Не сите достапни јазици за приказ на Инфозабавниот
систем се достапни и за
препознавање говор.
● Доколку моментално избраниот јазик за приказ не еподдржан од функцијата запрепознавање говор, тогаш
препознавањето говор не е
достапно.
Во тој случај, треба да
изберете друг јазик за приказ
ако сакате да го контролирате
Инфозабавниот систем преку говорно внесување. За
менување на јазикот за приказ,
видете „Јазик“ во поглавјето
„Системски поставки“ 3 190.

Page 234 of 555

232Инфозабавнен системВнесување адреса за дестинации
во странство
Ако сакате да внесете адреса на
дестинација што се наоѓа во друга
земја преку говорниот внес, треба
да го смените јазикот на
инфоекранот во јазикот на другата
земја.
На пример, доколку екранот е
моментално поставен на англиски
и сакате да внесите име на град
лоциран во Франција, треба да
смените јазикот на приказ на
француски.
Исклучоци: Ако сакате да внесете
адреса во Белгија, опционално
може да го смените јазикот на
приказот во француски или
холандски. За адреси во
Швајцарција може опционално да
го менувате јазикот на приказот на
француски, германски или
италијански.
За менување на јазикот за приказ,
видете "Јазик" во поглавјето
"Системски поставки" 3 190.Редослед за внесување за
адресите на дестинациите
Редоследот по којшто деловите на
една адреса треба да се внесат со
користење на системот за
препознавање говор зависи од
земјата каде што се наоѓа
дестинацијата.
● Австрија, Германија: <град> <улица> <број>
● Белгија, Франција, Велика Британија:
<број> <улица> <град>
● Данска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Русија,
Шпанија, Швајцарија, Турција:
<улица> <број> <град>
Поставување на функцијата за
препознавање говор
Може да се извршат неколку
поставки и приспособувања за
вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем.
Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .Изберете ја ставката Voice (Глас)
за да влезете во односниот подизборник.Confidence Threshold (Праг на
доверба)
Во зависност од избраните опции
во соодветниот подизборник,
функцијата за препознавање говр е помалку или повеќе „доверлива“ во
точното тазбирање на вашите
наредби.
Confirm More (Потврдувај повеќе) :
Доколку се избере, системот бара
релативно често да ги потврдувате вашите наредби. Следствено,
системот извршува точни
активности во повеќето случаи.

Page 235 of 555

Инфозабавнен систем233Confirm Less (Потврдувај помалку):
Доколку се избере, системот
помалку често бара да ги
потврдувате вашите гласовни
влезни информации. Следствено,
системот може понекогаш
погрешно да ги протолкува
наредбите и да не ја изврши
точната активност.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката
Confirm More (Потврдувај повеќе)
може да ви биде од корист. Како
што ќе стекнувате поголемо
искуство, т.е. ќе научите како да ги изговарате наредбите на начин
што функцијата за препознавање
говор точно ќе ве разбира,
користењето на поставката
Confirm Less (Потврдувај
помалку) може да биде од корист.Prompt Length (Должина на
известување)
Должината и нивото на детали на
прашањата и изјавите што ги дава
функцијата за препознавање говор може да се приспособат во
соодветниот подизборник.Audio Feedback Speed (Брзина на
звучни повратни информации)
Брзината со која функцијата за
препознавање говор поставува
прашања или дава изјави може да
се приспособат во односниот
подизборник.
Ако се избере Medium (Средно) ,
стапката на говор на системот
одговара на природен говор.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката Long
(Долго) може да ви биде од
корист. Како што стекнувате
искуство, ќе може да ја користите
поставката Short (Кратко) .Прикажување на совети за „Што
можам да кажам?“
Во зависност од тоа дали сакате
можна говорна наредба да се
прикаже на екранот, поставете го
Прикажување на совети за „Што
можам да кажам?“ на On
(Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Достапноста на оваа функција
зависи од паметниот телефон. За
повеќе информации за
компатибилноста, посетете ја
нашата веб-локација.

Page 236 of 555

234Инфозабавнен системКористење
Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете w на воланот.
Аудиосистемот се стишува,
говорна порака бара од вас да
кажете наредба и изборници за
помош со најважните достапни
команди се прикажуваат на Инфо-
екранот или Информативниот
центар за возачот.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок. Симболот за
препознавање на говор во горниот
лев агол на изборникот за помош од бел станува црвен.Сега може да кажете говорна
наредба за да вклучите некоја
функција на системот (пр. пуштање
претходно поставена
радиостаница).Активирање преку екранското
копче VOICE (Глас) на
централниот екран
Изберете VOICE (Глас) на
интерактивната лента за избор од
главниот изборник на централниот
екран.
Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба и изборник за
помош со најважните достапни
команди се прикажува на
централниот екран.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок. Симболот за
препознавање на говор на десната страна од изборникот за помош од
црн станува црвен.
Сега може да ја изговорите
наредбата, видете го описот
погоре.Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Притиснете ! или # од воланот
нагоре (зголемување на гласноста) или надолу (намалување на
гласноста).
Прекинување говорен потсетник
Како искусен корисник, може да
прекинете говорен потсетник со
кусо притискање на w на воланот.
Веднаш ќе слушнете сигнал,
симболот за препознавање говор
станува црвен, а наредбата може
да се изговори без да се чека.
Откажување дијалошка низа
Ова се различни начини за
прекинување на дијалошката низа
и за деактивирање на функцијата
за препознавање говор:
● Кажете &#34; Откажи&#34; или &#34;Излез&#34;.
● Притиснете n на воланот.
● Ако сесијата за препознавање говор беше активирана преку
екранското копче VOICE
(Глас) на централниот екран,
може да:

Page 237 of 555

Инфозабавнен систем235● Притиснете HOME на
контролната табла.
● Изберете m или Exit
(Излез) во изборникот за
помош.
Во следниве ситуации дијалошките
низи се откажуваат автоматски:
● Ако не кажете наредба одреден временски период
(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете наредба).
● Ако кажувате наредби што системот не ги препознава
(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете правилна
команда).
Работа со говорни наредби
Функцијата за препознавање говор
може да ги разбере наредбите што
се природно наведени во форма на
реченица или директните наредби
со наведување апликација и
активност.За најдобри резултати:
● Слушнете го говорниот потсетник и почекајте писок
пред да кажете наредба или да одговорите.
● Кажете „ Помош“ или
прочитајте ги командите
наведени како пример на
екранот.
● Говорниот потсетник може да се прекине со повторно
притискање на w.
● Почекајте писок, а потоа кажете ја наредбата природно,
не пребрзо, не пребавно.
Користете кратки и директни
наредби.
Обично наредбите може да се
изговорат како една наредба. На пример, „Повикај го Дејвид Смит на работа“, „Пушти“ и името на
изведувачот или името на песната, „Вклучи“ и брановата должина и
фреквенцијата/името на станицата
или „Најди ја адресата“ и адресата,
на пример „Главна улица 123,
Лондон“.При сложени наредби или кога
недостасуваат информации,
системот започнува дијалог.
Кога пребарувате „Точки од
интерес“, само главните синџири
може да се изберат по име.
Синџири се фирми што имаат
најмалку 20 локации. За другите
ИТ, кажете го името на
категоријата, на пр. &#34;Ресторани&#34;,
&#34;Трговски центри&#34; или &#34;Болници&#34;.
Ако кажете „Телефон“ или
„Наредби за телефон“, системот
разбира дека се бара телефонски повик и реагира со соодветни
прашања додека не се добијат
доволно податоци. Ако
телефонскиот број е сочуван со
име и место, директната наредба
треба да ги вклучува и двете, на
пример &#34;Јави му се на Даре на
работа&#34;.Бирање ставки од листа
Кога е прикажана листа, говорен
потсетник бара да потврдите или
изберете ставка од неа. Ставка од
листа може да се избере рачно или со изговарање на бројот на редот
на ставката.

Page 238 of 555

236Инфозабавнен системЛистата на екранот за
препознавање говор функционира
исто како и листите на другите екрани. Рачното лизгање низ
списокот на екранот во текот на
сесија за препознавање говор ја
прекинува моменталната
активност за препознавање говор и
активира порака како „Изберете од списокот со користење на рачните
контроли, притиснете го задното
копче на предната плоча или
притиснете го задното екранско
копче за да се обидете повторно“.
Ако не се избере ништо рачно во
рок од 15 секунди, препознавањето говор се прекинува и ве потсетува
порака, а повторно се прикажува
претходниот екран.Наредбата &#34;Назад&#34;
За враќање на претходниот
изборник, може да кажете „ Назад“,
притиснете k BACK на
контролната табла или притиснете
m .Наредбата &#34;Помош&#34;
Откако ќе кажете „ Помош“,
пораката за помош за
моменталниот екран ќе бидегласно прочитана. Дополнително,
пораката е биде прикажана на
екранот.
Во зависност од начинот на
активирање на функцијата за
препознавање говор, пораката за
помош се прикажува на
информативниот центар за
возачот или на централниот екран.
За да го прекинете потсетникот за
помош, притиснете w. Ќе се огласи
сигнал. Може да кажете наредба.
Апликација за пренесување на
гласот
Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете s на
воланот додека во
Информативниот центар за
возачот не се прикаже икона за
препознавање говор.
Дополнително, порака во
Информативниот центар за
возачот ве информира кога
апликацијата за пренесување на
гласот е подготвена за користење.Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете m на контролната табла
или притиснете ! или # на воланот
нагоре (зголемување на гласноста) или надолу (намалување на
гласноста).
Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Притиснете n на воланот.
Сесијата за препознавање говор е
завршена.

Page 239 of 555

Инфозабавнен систем237Телефон
Општи информации Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special
Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони или други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот

Page 240 of 555

238Инфозабавнен системBluetooth. За повеќе информации
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth поставкиПритиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за да
се прикаже односниот
подизборник.
Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем автоматски
воспоставува врска.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) .
Односно, изберете Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже
списокот со уреди и потоаизберете Pair Device (Уред за
спарување) .
3. На инфозабавниот систем се прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
4. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Споредете го PIN-кодот
(доколку се побара) и потврдете ги пораките на
инфозабавниот систем и
Bluetooth-уредот.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставноспојување):
Доколку сакате, изберете
Set PIN (Одреди ПИН) за да
го смените PIN-кодот на
инфозабавниот систем. Се
прикажува тастатура.
Внесте го новиот PIN-код и
потврдете го внесот.

Page:   < prev 1-10 ... 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 ... 560 next >