OPEL ASTRA K 2017 Прирачник за инфозабавата

Page 131 of 189

Надворешни уреди131Брзо напред и брзо назад
Допрете и задржете d или c.
Отпуштете за да се вратите во нормален режим на репродукција.
Изборник за филм
Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од екранот за да се
прикаже Movie Menu (Изборник за
филмови) .
Екран за часовник и температура
За да се прикажат времето и
температурата во режим на цел
екран, активирајте Clock. Temp.
Display (Прикажување час. темп.) .
Поставки за екранот
Изберете Display Settings
(Поставки на екранот) за да го
отворите подизборникот за
приспособување на осветленоста
и контрастот.
Допрете + и - за да ги приспособите поставките.
Користење апликации за паметни телефони
Проекција на телефонот
Апликациите за проекција на
телефонот, Apple CarPlay™ и
Android™ Auto, прикажуваат
избрани апликации од паметниот
телефон на Инфозабавниот екран
и дозволуваат да се управуваат
директно преку контролите за
инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која
живеете.Подготвување на паметниот
телефон
Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
вашиот паметен телефон од
Google Play™ Store.
iPhone: Уверете се дека Siri ®
е
активирано на паметниот телефон.
Активирање на проекцијата на
телефонот во изборникот за
поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Листајте низ листата до
Apple CarPlay или Android Auto .
Проверете дали е активирана
соодветната апликација.
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со
приклучокот USB 3 125.

Page 132 of 189

132Надворешни уредиВклучување на проекцијата на
телефонот
За да ја вклучите функцијата за
проекција на телефонот,
притиснете ;, па изберете
PROJECTION (ПРОЕКЦИЈА) .
Забелешка
Ако Инфозабавниот систем ја препознае апликацијата, иконата
на апликацијата може да се
промени во Apple CarPlay или
Android Auto .
За да ја вклучите функцијата,
можете да притиснете и да
задржите ; неколку секунди.
Прикажаниот екран за проекција на
телефонот зависи од паметниот
телефон и верзијата на софтверот.
Враќање на Инфозабавниот екран
Притиснете ;.
BringGo
BringGo е апликација за навигација што нуди пребарување за локација, прикажување мапи и водење по
маршрута.Преземање на апликацијата
Пред да може да се ракува со
BringGo преку контролите и
изборниците на Инфозабавниот систем, апликацијата мора да сеинсталира на паметниот телефон.
Преземете ја апликацијата од App
Store ®
или од Google Play Store.
Активирање на проекцијата на
телефонот во изборникот за
поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Листајте до BringGo.
Проверете дали апликацијата е
активирана.
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со приклучокот USB 3 125.
Активирање на BringGo
За да ја активирате апликацијата,
притиснете ;, па изберете ја
иконата за навигација.Главниот изборник на
апликацијата се прикажува на
екранот на инфозабавниот систем.
За повеќе информации за
користење на апликацијата,
погледнете ги упатствата на веб-
локацијата од производителот.

Page 133 of 189

Препознавање говор133Препознавање
говорОпшти информации .................133
Користење ................................ 133Општи информации
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон. Видете во корисничкото
упатство на производителот на
смартфонот за да видите дали
смартфонот ја поддржува оваа
функција.
За да ја користите апликацијата за
пренесување на гласот, паметниот телефон мора да биде поврзан со
Инфозабавниот систем преку
кабел за USB 3 125 или преку
Bluetooth 3 135.
Користење Активирање на
препознавањето говор
Притиснете и задржете g на
контролната табла или qw на
екранот за да започнете сесија за
препознавање говор. На екранот
се прикажува порака за говорна
команда.Штом ќе се чуе писок, може да
кажете команда. Информации за
поддржаните наредби побарајте во
упатството за ракување со вашиот
паметен телефон.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете го m на контролната табла
или притиснете + / - од десната
страна на воланот за да ја
зголемите или намалите гласноста на говорните потсетници.
Деактивирање на
препознавањето говор
Притиснете xn на воланот.
Исчезнува пораката за говорна
команда, и сесијата за
препознавање говор е завршена.

Page 134 of 189

134ТелефонТелефонОпшти информации.................134
Поврзување Bluetooth ..............135
Итен повик ................................ 137
Ракување .................................. 138
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 143Општи информации
Порталот за мобилен телефон ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот систем
преку Bluetooth.
Не сите функции за телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Повеќе информации
за ова можат да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон или може да
се распрашате кај операторот.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за

Page 135 of 189

Телефон135разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special
Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата можат да се
најдат на интернет на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони, паметни телефони или
други уреди.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови помеѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниот систем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши преку изборникот Bluetooth.
Изборник за Bluetooth Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за да се
прикаже изборникот Bluetooth.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до десет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување нов уред 1. Активирање на функцијата Bluetooth на уредот со
Bluetooth. За повеќе

Page 136 of 189

136Телефонинформации, видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Притиснете ;, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) на
инфоекранот.
Изберете Bluetooth, а потоа
Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже односниот изборник.
Забелешка
Ако нема поврзан телефон, до
изборникот Device Management
( Управување со уреди) може да се
пристапи и преку изборникот за телефон: Притиснете ; и потоа
изберете PHONE (ТЕЛЕФОН) .
3. Допрете Search Device
(Пребарај го уредот) . Сите
уреди со Bluetooth што може да
се откријат наоколу се
прикажуваат во нов список.
4. Допрете го уредот со Bluetooth што сакате да го споите.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Потврдете ја пораката на
Инфозабавниот систем и на уредот со Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
На Инфозабавниот систем: се прикажува порака Info
(Инфо) што Ви бара да
внесете PIN-код на уредот
со Bluetooth.
На уредот со Bluetooth:
внесете го PIN-кодот и
потврдете го внесеното.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени.Забелешка
Ако уредот Bluetooth е успешно
споен, h до уредот Bluetooth
укажува дека телефонската
функција е вклучена и y укажува
дека е вклучена функцијата за музика Bluetooth.
7. Телефонскиот именик се презема автоматски на
Инфозабавниот систем. Во
зависност од телефонот,
Инфозабавниот систем треба
да има дозвола за
пристапување до телефонскиот именик. Ако е потребно,
потврдете ги пораките
прикажани на уредот со
Bluetooth.
Ако функцијата не е поддржана
од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака.
Менување на PIN-кодот за
Bluetooth
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .

Page 137 of 189

Телефон137Изберете Bluetooth, а потоа
Change Pairing PIN ( Променете PIN
за спарување) за да се прикаже
односниот подизборник. Се прикажува тастатура.
Внесете го бараниот
четирицифрен PIN-код.
За да избришете внесен број,
изберете ⇦.
Потврдете го внесеното со бирање Enter (Внеси) .
Поврзување споен уред
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Management (Управување со уреди) за да се прикаже односниот
изборник.
Изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го поврзете. Уредот
е поврзан.
Забелешка
Поврзаниот уред и достапните
опции се нагласени.Откачување уред
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже односниот
изборник.
Изберете уред со Bluetooth што е
поврзан. Се прикажува порака.
Изберете Yes (Да) за да го откачите
уредот.
Бришење уредПритиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже односниот
изборник.
Изберете DEL (Избриши) до
уредот Bluetooth. Се прикажува
порака.
Изберете Yes (Да) за да го
избришете уредот.Информации за уредот
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Information (Информации за
уредот) за да се прикаже
односниот изборник.
Прикажаните информации
вклучуваат Device Name (Име на
уредот) , Address (Адреса) и PIN
Code (PIN) .
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се

Page 138 of 189

138Телефонработи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце,
ракувањето со мобилниот
телефон и понатаму ќе биде
возможно, на пример, примање
повик или дотерување на
гласноста.
По поставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат до Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае,
зависно од мобилниот телефон и количеството податоци што треба
да се пренесат. За тоа време,
ракувањето со мобилниот телефон преку Инфозабавниот систем е
можно само до одредена мерка.

Page 139 of 189

Телефон139Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот
на функции опишани во
продолжение.
Главен изборник за телефонот
Притиснете ;, а потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) за да се
прикаже односниот изборник.Забелешка
Главниот изборник PHONE
(ТЕЛЕФОН) е достапен само ако е
поврзан мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку Bluetooth. За детален опис 3 135.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници), како и преку
контролите за телефонот на
воланот.
Почнување телефонски повик
Внесување телефонски број
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Внесете телефонски број со
тастатурата во главниот изборник
за телефонот.
За да избришете еден или повеќе
внесени знаци, допрете или
допрете и задржете ⇦.
Допрете v на екранот или
притиснете qw на воланот за да
почнете да бирате.Употреба на именикот
Забелешка
Кога спојувате мобилен телефон со Инфозабавниот систем преку
Bluetooth, именикот на мобилниот
телефон се презема автоматски
3 135.
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Изберете Contacts (Контакти) во
главниот изборник за телефонот.

Page 140 of 189

140ТелефонБрзо барање1. Изберете u за да се прикаже
список на сите контакти.
2. Листајте низ списокот на контакти.
3. Допрете го контактот на којшто сакате да се јавите. Се
прикажува изборник со сите
телефонски броеви сочувани за
избраниот контакт.
4. Изберете го саканиот телефонски број за да почне
повикот.Изборник за пребарување
Ако именикот содржи голем број
записи, може да го барате саканиот
контакт преку изборникот за
пребарување.
Изберете o на изборникот Contacts
(Контакти) за да се прикаже
картичката за пребарување.
Буквите се организирани во
абецедни групи на екранските
копчиња: abc, def , ghi , jkl , mno , pqrs ,
tuv и wxyz .
Користете го ⇦ за бришење
внесена група букви.
1. Изберете го копчето што ја содржи првата буква на
контактот што сакате да го
побарате.
На пример: Ако контактот што
сакате да го побарате почнува
на ’г’, изберете го екранското
копче ghi.
Се прикажуваат сите контакти
што содржат една од буквите на тоа копче, на пример ’g’, ’h’ и ’i’.
2. Изберете го копчето што ја содржи втората буква на
контактот што сакате да го
побарате.
3. Продолжувајте да внесувате уште букви од контактот што
сакате да го побарате додека не
се прикаже саканиот контакт.
4. Допрете го контактот на којшто сакате да се јавите. Сеприкажува изборник со сите
телефонски броеви сочувани за избраниот контакт.
5. Изберете го саканиот телефонски број за да почне
повикот. Се прикажува
следниов екран.

Page:   < prev 1-10 ... 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 ... 190 next >