OPEL CASCADA 2014.5 Сопственички прирачник
Page 211 of 281
Нега на возилото209Течност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 253.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање-
поаѓање се опремени со оловно-
киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се
опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото подолго од 4 недели може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 137.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
Page 212 of 281
210Нега на возилото
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
го замените акумулаторот AGM
(Absorptive Glass Mat - Впивлива
стаклена подлога) со друг
акумулатор AGM.Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 244.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ■ Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
■ Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
Page 213 of 281
Нега на возилото211
■ Чувајте го акумулаторот вондофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Page 214 of 281
212Нега на возилотоХалогенски предни
фарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Средно/долго светло (1)
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на сијалицата од кабел штекерот
со притиснување на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
Page 215 of 281
Нега на возилото213
5. Вметнете го држачот насијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за дневно возење (2)
1. Завртете ја фасонката на ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Приспособливо предно
светло9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте
го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Страничните светла за дневно возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Page 216 of 281
214Нега на возилото
Осветлување за вртење подкривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете ја ламбата од кабел штекерот со влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот и вртете ги десно за да се
затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Фарови за магла
До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.
Page 217 of 281
Нега на возилото215
1. Свртете го држачот насијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Предни трепкачи
1. Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Графичка верзија со халогенски предни фарови.
Графичка верзија со предни
фарови со приспособливо
средно светло.
Свртете ја фасонката налево за
да ја одглавите и извлечете од
фарот.
Page 218 of 281
216Нега на возилото
3. Извадете ја ламбата одфасонката вртејќи ја налево.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
5. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Задни светла
1. Отворете ја и отстранете ја прекривката од внатрешната
страна на задната врата така
што штрафот ќе го олабавите
со метална паричка.
2. Светлата за кочници, задните светла и светлата за магла се
проектирани како ЛЕД диоди
( Light Emitted Diodes /LEDs) и не
може да се заменат.
Отстранете ја фасонката така
што ќе ја вртите спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
Светла за трепкачи ( 1)
Светла за рикверц ( 2)
Page 219 of 281
Нега на возилото217
3. Извадете ја и заменете јасијалицата.
4. Ставете ја фасонката во комплетот за задни светла и
вртете спротивно од правецот
на стрелките на часовникот.5. Вратете го капакот така што прво ќе ги наместите
затварачите. Заклучете го
капакот со вртење на анвртката
во правецот на стрелките на
часовникот со метална
паричка.
Дополнителни светла во рамката на задната врата
1. Отворете го капакот на багажникот.2. Ослободете го капакот востраничната украсна облога и
извадете го.
Page 220 of 281
218Нега на возилото
3. Отстранете ја фасонката такашто ќе ја вртите спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
Светла за трепкачи ( 1)
Задни светла ( 2)
4. Извадете ја и заменете ја
сијалицата.
5. Наместете ја фасонката во лежиштето и вртете во правец
на стрелките на часовникот.
6. Наместете го капакот.
Странични трепкачи
За да ја замените сијалицата,
извадете го куќиштето на ламбата:
1. Клизнете ја ламбата налево и извадете ја со нејзиниот десен
крај.
2. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од куќиштето.
3. Повлечете ја сијалицата одфасонката и заменете ја.