OPEL CASCADA 2014 Сопственички прирачник
Page 231 of 283
Нега на возилото229
Бр.Струјно коло26Осигурач за нелогистички
режим27Пасивен28–29Хидраулична единица30–31–32„Флекс рајд“Прирачен алат
Алати
Возила со резервно тркало
Тргнете ја прекривката на подот во
товарниот простор. Дигалката,
алатите и каишот за
прицврстување на оштетено
тркало се кутијата со алати под
резервното тркало во товарниот
простор. Клучот за тркала и алката за влечење се во вреќичката со
алати што се наоѓа во дупката за
резервното тркало до кутијата со
алати. Резервно тркало 3 243.
Возила со комплет за
поправање гуми
Некои алати и алката за влечење
се наоѓаат заедно со комплетот за
поправање гуми во кутијата за
алати во товарниот простор, под
капакот на подот.
Page 232 of 283
230Нега на возилото
Возила со комплет за
поправање гуми и рамен под во товарниот простор
Некои алати и алката за влечење
се наоѓаат заедно со комплетот за
поправање гуми во торба, којашто
е фиксирана за предната лева алка во товарниот простор.
Тркала и гуми
Тркала
Кај возила со дизел мотор не се
користат челични рамки, а посебно
за ова возило дозволени се тркала со лесни бандажи.
Состојба на гумите, состојба
на тркалата Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 269.
Како зимски гуми користете само
големина 225/55 R17.
Кај возила со дизел мотор не се
користат челични рамки и
дозволени се само посебни тркала
со лесни бандажи за ова возило.
Во согласност со прописите
специфични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите
На пр. 235/55 R 17 99 V235=Широчина на гумата во мм55=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата), во %R=Вид на ременот: Радијален
Page 233 of 283
Нега на возилото231
RF=Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)17=Пречник на тркалото, инчи99=Индекс на натовареноста,
на пр. 99 одговара на
775 кгV=Буква на шифрата на
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 269.
Етикетата со информации за
гумите и оптоварувањето на
рамката на левата врата ги
посочува оригиналните гуми и
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисокот во гумите се
разликува, зависно од разните опции. За правилни вредности напритисокот, следете ја постапката
подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 264.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок во гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 269.
За гумите одобрени за Вашето возило, видете во Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
возилото или во други национални
документи за регистрација.
Page 234 of 283
232Нега на возилото
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите треба да
се намали или зголеми кај возило
со систем за контрола на
притисокот во гумите, исклучете го
палењето. Откако ќе го
приспособите притисокот во
гумите, вклучете го палењето и
изберете ја соодветната поставка на страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот 3 105.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири тркала еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот.
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.
Притиснете го копчето MENU за да
се избере Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото) X .
Page 235 of 283
Нега на возилото233
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 102.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 269.
Откако ќе напумпате, може да е
потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот на гумите во DIC. За тоа
време може да свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 113.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за поправање гуми.
Page 236 of 283
234Нега на возилото
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и да се
сервисираат. За навртниот сензор:
заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот сензор: заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото Прилагодете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 269 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tire Load
(Оптовареност на гумите) на
Информативниот центар за
возачот, Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото) 3 105.
Изберете:
■ Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Функција за авто-учење Откако ќе се сменат тркалата,
возилото треба да мирува околу
20 минути пред системот да
пресмета повторно. Следниот
процес на повторно учење одзема
до 10 минути возење со минимална
брзина од 20 км/ч. Во таков случај
може да се прикаже $ или
вредностите на притисокот може
да се разменат во
Информативниот центар за
возачот.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење, во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Page 237 of 283
Нега на возилото235
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните тркала со задните. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Page 238 of 283
236Нега на возилото9Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 225/55 R 17.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).
Синџири за гуми се дозволени и на
гумите со големина 245/45 R 18.
Секогаш користете синџири со
ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 7 мм на шарата на гумата
и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Употребата на синџири за гуми не се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Page 239 of 283
Нега на возилото237
Комплетот за поправање гуми е во
кутија под покривката на подот во
товарниот простор.
Во друга верзија, торбата со
комплетот за поправање гуми е
фиксирана за левата задна алка за
врзување во товарниот простор.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од товарниот
простор.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
Page 240 of 283
238Нега на возилото
6. Одвртете ги капаците навентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне испразнување
на акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставите моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 269. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу