OPEL CASCADA 2018.5 Сопственички прирачник
Page 151 of 301
Контрола на климатизацијата149За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го AUTO.
Распределба на
воздухот s, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
светење на светлото во копчето.
s:кон шофершајбната и
прозорците од предните врати (климатизацијата се вклучува
во позадина за да помогне да
не се замаглуваат прозорците)M:кон пределот на главата преку подвижните отвори за
проветрувањеK:кон пределот на нозете и
шофершајбната
Сите комбинации се возможни.
Враќање на Автоматската
распределба на воздухот:
притиснете AUTO.
Ладење n
Притиснете го n за да го вклучите
ладењето. LED-копчето светнува за да покаже активирање.
Ладењето функционира само кога
работи моторот и е вклучена
контролата на климатизацијата.
Повторно притиснете n за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Кога е исклучен системот за
ладење, системот за контрола на
климатизацијата нема да бара
повторно палење на моторот за
време на Autostop. Исклучок:
системот за одмрзнување е
активиран и надворешната
температура над 0 °C.
Систем за сопирање-поаѓање
3 157.
Page 152 of 301
150Контрола на климатизацијатаНа екранот ќе се прикаже AC ON
кога е вклучено ладењето или AC
OFF кога е исклучено ладењето.
Активирањето или
деактивирањето на ладењето по
палењето на моторот може да се
смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 115.
Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот. LED-
копчето светнува за да покаже
активирање.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го s.
Основни поставки
Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Дополнително греење Грејач на воздухотБрзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.
Page 153 of 301
Контрола на климатизацијата151Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори за проветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење кон
поголемиот W симбол. Дотерајте го
количеството на воздухот кај
отворот со вртење на тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухотсо навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење кон
помалиот W симбол.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Page 154 of 301
152Контрола на климатизацијатаОдржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полени ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Забелешка
Течноста за ладење R-134a
содржи стакленички гасови со
флуор.
Page 155 of 301
Возење и ракување153Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..154
Контрола над возилото .........154
Управување ............................ 154
Висина од тлото .....................154
Поаѓање и ракување ................155
Разработување на новото возило .................................... 155
Положби на прекинувачот за палење .................................. 155
Задржано исклучување .........155
Палење на моторот ...............155
Исклучување на пребрзувањето .....................156
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 157
Паркирање ............................. 159
Издувни гасови од моторот .....161
Филтер за издувни гасови .....161
Катализатор ........................... 162
AdBlue ..................................... 162
Автоматски менувач ................166
Екран на менувачот ...............166
Рачка на менувачот ...............167Рачен режим .......................... 168
Електронски програми за возење ................................... 168
Дефект .................................... 169
Прекин на напојувањето .......169
Рачен менувач ......................... 170
Сопирачки ................................. 171
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 171
Сопирачка за паркирање ......172
Серво кочење ......................... 174
Помош при поаѓање на угорници ................................ 174
Системи за контрола на
возењето ................................... 174
Систем за контрола на пролизгувањето ....................174
Електронска контрола на стабилноста .......................... 175
Интерактивен систем за возење ................................... 177
Системи за помош на возачот 178 Контрола на патувањето .......178
Ограничувач на брзината .....180
Предупредување за преден судир ...................................... 182
Показател за растојание однапред ............................... 184
Помош за паркирање ............185Известување за странична
слепа точка ........................... 193
Ретровизорска камера ..........195
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 197
Предупредување за напуштање лента .................201
Гориво ....................................... 202
Гориво за бензински мотори . 202
Гориво за мотори на дизел ...204
Полнење гориво ..................... 205
Кука за приколки ......................207
Општи информации ...............207
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 208
Влечење на приколка ............208
Опрема за влечење ...............209
Page 156 of 301
154Возење и ракувањеПрактични совети за
возење
Контрола над возилото Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 157.Засилување во празен од
Ако е потребно да се полни
акумулаторот поради состојбата на акумулаторот, треба да се зголеми
излезната моќност на генераторот.
Ова се постигнува со засилување
на работата во празен од што може
да биде чујно. Во Информативниот центар за возачот се прикажува
порака.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат со држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.Контролна сијаличка c 3 102.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Висина од тлото
Поради помалата висина од тлото,
возилото може да се оштети,
зависно од оптовареноста на
возилото и конфигурацијата на теренот. Внимавајте и возете
полека по стрмни приоди, влезови
и излези од гаражи за паркирање,
високи тротоари и нерамни
површини. Ако е можно, возете
дијагонално едно по едно тркало кога поминувате преку рабови или
нерамни површини.
Page 157 of 301
Возење и ракување155Поаѓање и ракување
Разработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно
првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработување, потрошувачката на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за издувни гасови може да се одвива почесто .
Autostop може да се попречи за да
се овозможи полнење на
акумулаторот.
Филтер за издувни гасови 3 161.Положби на прекинувачот
за палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3:палењеЗадржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
најмногу 10 минути откако ќе се
исклучи палењето:
● електричните прозорци
● штекери за напојување
Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Page 158 of 301
156Возење и ракувањеНе нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“'.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете
го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не мора да го држи клучот
во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.Возможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Page 159 of 301
Возење и ракување157Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот
е доволно полн за повторно
палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на eco . Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Page 160 of 301
158Возење и ракувањеСистемот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 12 % или
повеќе.
За време на Autostop, греењето и сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети сите
услови:
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самостојно чистење на филтерот за
издувни гасови не е активна.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето „Контрола на
климатизацијата“ за повеќе детали 3 145.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.Разработување на новото возило
3 155.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.