OPEL CASCADA 2019 Сопственички прирачник
Page 211 of 295
Нега на возилото209бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 212 of 295
210Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Page 213 of 295
Нега на возилото211Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 258.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извадете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитајте го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она што било употребено при
последното менување.
Page 214 of 295
212Нега на возилотоНивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 269.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 258.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете мешавина
1:1 од концентрат на течност за
ладење мешан со чиста вода од
чешма. Ако не е достапен
концентрат од течност за ладење,
користете чиста вода од чешмата.
Ставете го капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на
течноста за ладење и нека Ви ја
отстрани причината на губење на
течноста за ладење
автомеханичар.
Page 215 of 295
Нега на возилото213Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или по нагло опаѓање на температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 258.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 258.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
Page 216 of 295
214Нега на возилотомоторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 140.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 156.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Во спротивно,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 250.
Page 217 of 295
Нега на возилото215Етикета за предупредување
Значење на симболите:● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Замена на четкичките на бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Page 218 of 295
216Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.Халогенски предни
фарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Средно/долго светло (1)
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
Page 219 of 295
Нега на возилото2172. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на сијалицата од кабел штекерот
со притиснување на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување надвете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за дневно возење (2)
1. Завртете ја фасонката на ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Page 220 of 295
218Нега на возилотоПриспособливо предносветло9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Страничните светла за дневно возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете ја ламбата од кабел штекерот со влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.