OPEL COMBO E 2019.1 Сопственички прирачник

Page 21 of 319

Накратко19● не нагазнувајте го педалот загас
● свртете го клучот во положба 2 и отпуштете го откако
моторот ќе стартува
Дизел мотор: стартува откако
контролната сијаличка ! за
предзагревање ќе се исклучи.
Палење на моторот 3 164.Копче за вклучување Старт
● рачен менувач: притиснете ги
педалите за куплунгот и
сопирачките
● автоматски менувач: притиснете ја педалата за
сопирачките и ставете ја
рачката на менувачот во P или
N
● не нагазнувајте го педалот за гас
● притиснете го копчето Start/Stop
● отпуштете го копчето откако ќе
почне стартувањето
Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, Autostop е вклучен.
На Автостоп укажува контролната
сијаличка D.
Рачен менувач: за повторно
палење на моторот, притиснете ја
педалата за куплунгот уште еднаш.
Контролната сијаличка D се гаси.
Автоматски менувач: за повторно
палење на моторот, отпуштете ја
педалата за сопирачките.
Контролната сијаличка D се гаси.
Систем за сопирање-поаѓање
3 166.

Page 22 of 319

20НакраткоПаркирање9Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P. Ако
возилото е на угорница, свртете ги предните тркала
од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P.
Свртете ги предните тркала кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Изгаснете го моторот.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото со e на
далечинскиот управувач за
радиото.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 37.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 241.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 21.
Оставање на возилото да стои подолго време 3 239.

Page 23 of 319

Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Клучеви ..................................... 21
Далечински управувач ............22
Систем на електронскиот клуч .......................................... 24
Систем на централната брава ....................................... 25
Автоматско заклучување ........29
Детски брави ............................ 30
Врати ........................................... 31
Шибер врата ............................ 31
Задни врати .............................. 32
Товарен простор ......................34
Безбедност на возилото ............37
Систем за заштита од кражба ..................................... 37
Систем за тревожење при кражба ..................................... 37
Имобилизатор .......................... 40
Странични ретровизори ............40
Конвексен облик ......................40
Електрично местење ...............40Преклопни прозорци ................ 41
Ретровизори со греење ...........42
Ретровизори ............................... 42
Рачна заштита од отсјај ..........42
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 43
Ретровизор за надзор на децата ...................................... 43
Екран за заден приказ .............43
Прозорци .................................... 44
Шофершајбна .......................... 44
Електрични прозорци ..............44
Задни прозорци ........................ 46
Греење на задното стакло ......46
Греење на шофершајбната ....47
Штитници за сонце ..................47
Ролетни со валци ..................... 48
Покрив ......................................... 48
Стаклена плоча ........................48Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е даден на етикета
која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 279.
Централна брава 3 25.
Палење на моторот 3 164.
Далечински управувач 3 22.
Електронски клуч 3 24.

Page 24 of 319

22Клучеви, врати и прозорциБројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 269.
Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувачВо зависност од верзијата,
далечинскиот управувач
овозможува ракување со следниве
функции:
● централната брава 3 25
● системот за заштита од кражба
3 37
● системот за тревожење при кражба 3 37
● отклучување на задната врата 3 25
● електричните прозорци 3 44
● преклопување на ретровизорите 3 41
● осветлување за лоцирање на возилото 3 143
● периферно осветлување 3 144
Далечинскиот управувач има опсег
до неколку метри, но може да биде и многу помалку поради
надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.

Page 25 of 319

Клучеви, врати и прозорци23Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Замена на батеријата во
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. Отстранете го задниот капак од
далечинскиот управувач.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Рачно отклучување 3 25.

Page 26 of 319

24Клучеви, врати и прозорциСистем на електронскиотклучВо зависност од верзијата,
системот на електронскиот клуч
овозможува ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 25
● отклучување на задната врата
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 164
● активирање на предните фарови
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач 3 22.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно или опсегот е намален.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. Извадете го капакот.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.

Page 27 of 319

Клучеви, врати и прозорци253.Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 25.Систем на централната
брава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
и отвора односната врата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Предуслов за ова е
поставувањето да се активира во
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 129.Изборно отклучување на
кабината и товарниот простор
Изборното отклучување ви
овозможува да ги отклучите или
вратите на кабината и вратничката на резервоарот за гориво или
товарниот простор, односно шибер вратите, задните врати / задната
врата. Изборното отклучување
треба да се конфигурира.
Сликовен инфо-екран: Вклучете го
палењето. Притиснете * подолго
од 2 секунди. Се слуша звучен
сигнал и се прикажува порака во
Сликовниот инфо-екран.
Информативен екран во боја:
Изберете ја соодветната поставка
во Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 129.

Page 28 of 319

26Клучеви, врати и прозорциРакување со далечинскиот
управувач
Отклучување
Притиснете го O.
Може да се постави режимот на
отклучување. Две поставки може
да се изберат:
● Со притискање на O ќе се
отклучат сите врати и
товарниот простор.
● Со притискање на O ќе се
отклучат само вратите за
возачот и совозачот.
Отклучување на товарниот
простор
Притиснете * или притиснете O
двапати за да го отклучите само товарниот простор, односно само
шибер вратите и задните врати или
задната врата.
Заклучување
Затворете ги вратите и товарниот простор.
Притиснете го N.
Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Потврдување
Ракувањето со системот на централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 129.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.

Page 29 of 319

Клучеви, врати и прозорци27Отклучување
Поминете со раката зад рачката одвратата на една од предните врати
или задната врата за да го
отклучите возилото или
притиснете го средното копче за
задната врата.
Држете ја раката зад рачката од
вратата или држете го притиснато
копчето за задната врата за да ги
отворите прозорците.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот. Две поставки може да се
изберат:
● Со поминување со раката зад една од рачките на предните
врати или на рачката за
задната врата ќе се отклучат
сите врати, товарниот простор
и вратничката на резервоарот
за гориво. Ако возилото е
опремено со задна врата,
притиснете го копчето за
задната врата.
● Со поминување со раката зад една од рачките на предните
врати ќе се отклучат само
предните врати и вратничката
на резервоарот за гориво.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 129.
Отклучување на товарниот простор
Само товарниот простор, т.е.
задната врата, ќе се отклучи кога
поминувате со рака зад рачката на задната врата или кога ќе го
притиснете копчето за задната
врата.Заклучување
Притиснете со прст или палец на
една од рачките на вратите (на
ознаките) или притиснете го
копчето за задната врата.
Сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат заклучени.
Системот се заклучува ако некоја
врата била отворена, а сите врати
сега се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена, електронскиот клуч
останува во возилото или
палењето не е исклучено, нема да
се дозволи заклучување.

Page 30 of 319

28Клучеви, врати и прозорциАко имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Копче за централната брава
Ги заклучува или отклучува сите
врати и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор. Ако возилото е опремено
со систем на електронскиот клуч, и
вратничката на резервоарот за
гориво се заклучува или отклучува.
Притиснете Q за да заклучите.
Светнува LED-сијаличката во
копчето.
Притиснете Q повторно за
отклучување. LED-сијаличката во
копчето се исклучува.
Ако некоја од вратите не е
затворена, притискањето на Q
нема да функционира.
Ако товарниот простор е отворен, се заклучуваат само вратите од
кабината.
Ракување со клучот во случај на
дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
испразнет акумулатор или
батерија на далечинската контрола
или електронскиот клуч, возачката
врата може да се заклучи или
отклучи со механичкиот клуч.
Рачно отклучување
Електронски клуч: притиснете го и
задржете го копчето за да се
извлече вметнатиот клуч.

Page:   < prev 1-10 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 ... 320 next >