OPEL COMBO E 2019.1 Сопственички прирачник
Page 51 of 319
Седишта, потпирачи49Седишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................49
Предни седишта .........................50
Положба на седиштата ...........50
Местење на седиштата ...........51
Преклопување на седиштето ............................... 53
Потпирач за рака .....................55
Греење ..................................... 55
Задни седишта ........................... 56
Втор ред на седиштата ...........56
Трет ред седишта ....................58
Безбедносни ремени .................60
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........62
Систем на воздушни
перничиња .................................. 64
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 67
Систем на странични воздушни перничиња .............68Систем на завесни воздушни
перничиња ............................... 69
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 69
Системи за врзување на деца ..71
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 74Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 52 of 319
50Седишта, потпирачиположба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на преднитеседишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре или притиснете ја спојката и турнете го надолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете
го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре или турнете го надолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
Page 53 of 319
Седишта, потпирачи51
● Седете така да задникот дабиде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Приспособете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 98.
● Наместете го потпирачот за глава 3 49.● Намастете го потпирачот за
колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Надолжно прилагодување
Page 54 of 319
52Седишта, потпирачиПовлечете ја рачката, лизгајте го
седиштето, па отпуштете ја
рачката. Обидете се да го движите седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Во зависност од верзијата,
повлечете ја рачката на
совозачкото седиште и лизгајте го
седиштето, па отпуштете ја
рачката.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Турнете ја рачката, поставете ја
наваленоста и отпуштете ја
рачката. Не навалувајте се на
потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу
Page 55 of 319
Седишта, потпирачи53Потпирач за половината
Свртете го тркалцето според
вашите потреби.
Преклопување на
седиштето
Во зависност од верзијата,
предното совозачко седиште може да се преклопи во рамнина со
положбата на таблата.
Преклопување на единечното
седиште од совозачката страна
Повлечете го совозачкото седиштенајназад што можете, за да го
избегнете контактот со инструмент таблата при преклопувањето.
Турнете го потпирачот за глава
надолу и извадете го пред да го
преклопите потпирачот за грб
3 49.
Во зависност од верзијата,
извадете го потпирачот за рака
3 55.Турнете ја рачката, преклопете го
потпирачот за грб сосема
нанапред и отпуштете ја рачката.
Потоа притиснете го потпирачот за
грб надолу се додека не е потполно рамен.
Исправање на единечното
седиште од совозачката страна
За да го вратите седиштето во
исправена положба, повлечете го
потпирачот за грб нагоре до крај.
Повлечете ги рачките за
ослободување и подигнете го
потпирачот за грб целосно и потоа
ослободете ги рачките.
Page 56 of 319
54Седишта, потпирачиПреклопување на клупата од
совозачката страна
Преклопете го средишниот
потпирач за грб повлекувајќи ја
јамката.
Преклопете го надворешниот
потпирач за грб така што ќе ја
повлечете јамката. Туркајте го
потпирачот за грб нанапред додека
седиштето не се спушти до подот
од возилото.
Кога е повлечен, максималната
тежина на потпирачот за грб е 50 кг.За да го подигнете перничето од
седиштето, повлечете ја рачката и
подигнете го перничето до
потпирачот за грб додека не се
заклучи.
Исправање на клупата од
совозачката страна
За да го вратите потпирачот за грб во исправена положба, повлечете
го седиштето нагоре додека не се заклучи.
За да го вратите перничето од седиштето во првичната положба,
турнете ја рачката и спуштете го
перничето од седиштето додека не се заклучи.
Page 57 of 319
Седишта, потпирачи559Предупредување
Кога совозачкото седиште е во
преклопена положба, системот
на воздушни перничиња за
сопатникот мора да се
деактивира.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 69.
9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Потпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
подигне.
За да го извадите потпирачот за
рака, подигнете го, па турнете го и
свртете го во положбата што е
прикажана на сликата. Потоа
извлечете го потпирачот за рака од
потпирачот за грб.
За да го поставите потпирачот за
рака, поставете го во потпирачот
за грб и спуштете го.
Греење
Активирајте го греењето на
седиштата со притискање на ß за
односното предно седиште.
LED- копчето светнува за да покаже
активирање.
Page 58 of 319
56Седишта, потпирачиСо повторно притискање на ß се
исклучува греењето на седиштата.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 166.Задни седишта
Втор ред на седиштатаВо зависност од опремата,
наклонот на задното седиште е поделен на два или три дела. Сите делови можат да се преклопатнадолу.
Пред да ги склопите потпирачите
за грб на задните седишта,
направете го следното, доколку е
неопходно:
● Поместете ги предните седишта нанапред.
● Извадете го капакот на товарниот простор 3 84.
Преклопување на седиштата 1. Притиснете го потпирачот за глава надолу 3 49.
2. Проверете дали безбедносните
ремени на надворешните
седишта лежат правилно на
потпирачите за грб.
3. Повлечете го лостот за ослободување на едната или
двете надворешни страни и
преклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
Page 59 of 319
Седишта, потпирачи574. Во зависност од верзијата,преклопете го средишниотпотпирач за грб повлекувајќи ја
јамката.
5. Или пак, преклопете ги потпирачите за грб на
седиштата од товарниот
простор: повлечете ја рачката
на левиот или десниот ѕид од
товарниот простор за да ги
преклопите потпирачите за грб
на задното седиште.
9 Предупредување
Водете сметка при ракување со
задните потпирачи за грб од
товарниот простор. Потпирачот за грбот се преклопува со
значителна сила. Ризик од
повреда, особено за децата.
Осигурете се дека ништо не е закачено за задните седишта и
дека на седалото нема ништо.
9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Расклопување на седиштата
За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грб и доведете ги
во исправена положба додека не
се заглават чујно.
Потпирачите за грб се правилно заглавени кога црвената ознака
близу до рачката за ослободување веќе не се гледа.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Page 60 of 319
58Седишта, потпирачиТрет ред седишта9Предупредување
Кога задните седишта или
потпирачите за грб се
прилагодуваат или
преклопуваат, држете ги рацете и стапалата подалеку од
подрачјето на движење.
Не прилагодувајте ги седиштата
додека возите бидејќи може да се придвижат неконтролирано.
Возете само со заглавени
седишта и потпирачи за грб.
9 Предупредување
Кога се местат задните
седишта, внимавајте тоа да е
правилно наместено на
котвените точки, бравите да се
целосно заглавени, а
потпирачот за грб да е во
правилна положба.
Ако не го направите тоа, може
да биде предизвикана повреда
во случај на нагло сопирање или судар.9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Во зависност од верзијата,
површината на товарниот простор
може да се зголеми со
преклопување или отстранување
на третиот ред седишта.
Преклопување на седиштата 1. Притиснете го потпирачот за глава надолу 3 49.
2. Повлечете ја рачката и
преклопете го потпирачот за
грб на перничето од седиштето.