OPEL CORSA 2014.5 Сопственички прирачник
Page 161 of 197
Радио161РадиоУпотреба................................... 161
Пребарување станици .............161
Списоци за автоматско зачувување ............................... 163
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 164
Дигитална аудио дифузија ......167Употреба
Радио режим
Префрлете од режимот за ЦД или AUX во радио како што е
прикажано подолу:
Притиснете го копчето TUNER.
Ја слушате последната наместена
станица.
Избирање бранова должина Инфозабавниот систем ги
овозможува следниве фреквентни
подрачја: FM, AM или DAB (ако е
достапно). Освен тоа, секое
фреквентно подрачје има место за
автоматско меморирање (AS) каде
што автоматски може да се
меморираат станици 3 163.
Радиото е вклучено.
Притиснете го копчето TUNER
накусо.
Радиото се префрлува меѓу FM,
FM-AS, AM, AM-AS, DAB и DAB-AS.
Последната избрана страница од
брановата должина се слуша и
прикажува.Пребарување станици
Бирање станици, автоматско
пребарување
Избрано е фреквентното подрачје
FM и е вклучено RDS 3 164.
Или:
Избрано е фреквентното подрачје
DAB (ако е достапно) и е вклучено
AS 3 163.
Притиснете го m или n за да се
пушти следната станица од
меморијата за станици.
Ако не може да се најде станица во меморијата за станици, се
прикажува Seek и почнува
автоматско пребарување за радио
станици.
На радиото му е исклучен тонот
додека не се најде станица.
Page 162 of 197
162Радио
Ако радиото не може да најде
станица, автоматски се префрлува
на ниво за почувствително
пребарување (не за DAB). Ако
сепак не може да најде станица, ќе се постави последната активна
фреквенција (FM) или ансамбл (DAB).
Рачно пребарување на
станици Рачното пребарување на станици
се користи за местење станици со познати фреквенции (AM, FM) или
ансамбли (DAB).
Притискајте ги m или n се
додека не се прикаже MAN.
■ Грубо местење:
Држете го притиснато m или
n додека речиси не се достигне
саканата фреквенција (AM, FM)
или ансамбл (DAB).
■ Фино местење: Тапкајте на m или n додека не
дојдете до точната фреквенција
или ансамбл.
Ако е деактивиран RDS 3 164 во
FM фреквентниот опсег, или ако е активен AM фреквентниот опсег, со
тапкање на m или n
фреквенцијата се зголемува со
определени диференцијали.
Station memory (Меморија за станици)
На располагање се посебни места
во меморијата за секој фреквентен
опсег (FM, AM):
На располагање се 9 места во
меморијата за секоја од следниве
бранови должини:
FM, FM-AS (автоматски зачувани
FM станици), AM, AM-AS
( автоматски зачувани AM станици),
DAB и DAB-AS (автоматски
зачувани станици DAB).Местата во меморијата може да се бираат директно во соодветниот
фреквентен опсег преку копчињата за станици.
Рачно зачувување
Наместете ја саканата станица.
Држете го притиснато копчето за
станицата на кое што сакате да ја
зачувате наместената станица.
Радиото се стишува за извесно
време и се прикажува станицата
што претходно била зачувана на
местото во меморијата.
Наместената станица повторно се
слуша и е прикажана на екранот.
Станицата е зачувана на
посакуваното место во меморијата.
RDS on или RDS off 3 164 се
зачувани заедно со станицата.
Список FM станици
Инфозабавниот систем ги
зачувува сите FM станици со прием
во позадината.
Списокот на станиците со прием се обновува автоматски ако радиото
пребарува TP станица 3 164 или
Page 163 of 197
Радио163
ако се врши автоматско
зачувување со користење на
функцијата за автоматско
зачувување (AS) 3 163.
RDS станиците 3 164 се сортираат
според радио компанијата во
списокот со станици (HR1, HR2 ...)
Списоци за автоматско
зачувување
Активирање/деактивирање на
нивото на AS
Притиснете го копчето AS.
Кога е активно AS нивото, на
екранот се прикажува AS.
Нивото AS може да се активира и
исклучи и со употреба на FM/AM
копчето 3 161.
Автоматско зачувување (AS) Автоматското зачувување (AS) на
која било станица што е достапна
за прием е можно во сите
фреквентни опсези. Овие станици
се чуваат во посебната AS
меморија.За да ги зачувате станиците
автоматски, извршете го следново:
1. Изберете ја саканата бранова должина.
2. По потреба активирајте ја или исклучете ја подготвеноста за
соопштенија за состојбата на
сообраќајот 3 164.
3. Задржете го притиснато копчето AS се додека не го
слушнете сигналот за потврда.
Радиото се префрла на AS нивото
од избраниот фреквентен опсег
(FM-AS или AM-AS).
Започнува автоматското
зачувување на станиците.
Девет станици со најдобар прием
во избраниот фреквентен опсег се
зачувуваат на местата во
меморијата од 1 до 9.
Откако ќе се зачуваат станиците,
посакуваната станица може да се
одбере со притискање на
соодветното копче за станицата.RDS се вклучува автоматски кога
ќе се активира автоматското
зачувување на станиците. Прво се зачувуваат сите RDS станици што
имаат прием.
Ако подготвеноста за соопштенија
за состојбата на сообраќајот се
вклучи пред или за време на
автоматското зачувување, радиото ќе одбере место во меморијата со
станица со соопштенија за
состојбата на сообраќајот кога ќе
заврши автоматското
пребарување на станиците.
Ако подготвеноста за соопштенија
за состојбата на сообраќајот е
активна за време на автоматското
зачувување, автоматското
пребарување на станиците ќе
остане активно се додека не се
најде барем една собраќајна
програма.
Зачувување нови станици
со AS Ако излезете од опсегот на прием
на зачуваната станица, треба да се
зачуваат нови станици.
Page 164 of 197
164Радио
Повикување станицаТреба да бидат активни бараниот
фреквентен опсег и бараниот
режим 3 161.
Притиснете го копчето AS за да се
активира нивото AS.
Изберете ја локацијата за
зачувување со копчињата за
зачувување.
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.Предности на RDS ■ На екранот името на програмата на наместената станица се
појавува наместо нејзината
фреквенција.
■ При автоматско пребарување Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата на
емитувањето со најдобар прием
на наместената станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
■ Зависно од станицата којашто се
прима Инфозабавниот систем
прикажува радио текст кој може да содржи, на пример,
информации за актуелната
програма.
RDS услугата е можна единствено
во FM брановата должина.
Вклучување и исклучување
на RDS
Ако е вклучена RDS, овозможени
се RDS функциите и за време на
автоматското пребарување
станици се бараат само RDS
станици.
Ако ја исклучите RDS, функциите
RDS се онеспособени и
автоматското пребарување нема
да бара само RDS станици.
Притиснете го копчето RDS за да ја
активирате RDS.Ако RDS функцијата е вклучена, се
прикажува RDS и името на
програмата на RDS станицата.
Ако тековно избраната станица не
е RDS станица, радиото
автоматски пребарува за
следната RDS станица што може
да се прими.
За да ја деактивирате RDS
функцијата, повторно притиснете
го копчето RDS.
Ако RDS функцијата не е вклучена,
се прикажува фреквенцијата на
RDS станицата, но не се прикажува RDS .
Page 165 of 197
Радио165
Автоматски RDS
Вклучете го афтоматското RDS na
RDS Auto On за да се обезбедите
дека функцијата RDS е активирана
дури и кога RDS е исклучено. Сепак, автоматското пребарување
станици ќе реагира и на станици
без RDS.
Оваа функција се применува
единствено ако RDS е исклучен.
За автоматско вклучување и
исклучување на RDS:
Притискајте го копчето RDS додека
да се прикаже RDS Auto On или
Off , што ја покажува моменталната
состојба на автоматското RDS.
Пуштете го копчето RDS за да ја
смените моменталната состојба.
Вид на програма (PTY)
Голем број RDS станици
емитуваат PTY шифра што го
опишува видот на емитуваната
програма (на пр., вести). PTY
шифрата овозможува избирање на
станиците според видот на
програмата.Избирање на видот на програмата
1. Притиснете го копчето SETTINGS за да се прикаже
изборникот Settings.
2. Притискајте го копчето SETTINGS повеќепати додека
да се прикаже релевантната
функција.
3. Изберете еден од 29-те видови програми на пр., News или
Entertainment со m или n.
4. Држете го притиснато копчето m или n додека не почне
пребарувањето на станиците.
Откако ќе започне пребарувањето
на станиците се појавува радио
екранот.
Ако радиото не најде соодветна
станица, тоа ја пушта станицата на
којашто радиото било претходно
наместено.
Регионални програми
Некои RDS станици емитуваат
различни регионални програми на
различни фреквенции во
определено време.Вклучување/исклучување на
регионализацијата
Функцијата RDS мора да биде
вклучена.
Притиснете го копчето REG накусо
за да се вклучи или исклучи регионализацијата.
Ако регионализацијата е вклучена,
на екранот се прикажува REG.
Радиото останува поставено на
регионалната програма додека ја
бара фреквенцијата на станицата
со најдобар прием.
Ако регионализацијата е
исклучена, (нема REG на екранот),
радиото дозволува префрлување
на друга регионална програма.
Автоматска регионализација
Ако е вклучена автоматската
регионализација ( REG Auto On):
Радиото останува поставено на
регионалната програма додека ја
бара фреквенцијата на пренос со
најдобар прием (AF) за радио-
програма сѐ додека програмата
не може да се добива без пречки.
Page 166 of 197
166Радио
Ако квалитетот на приемот на
регионалната програма не е
повеќе доволен за прием без
пречки, радиото се префрла на
друга регионална програма.
За вклучување и исклучување на
автоматската регионализација:
Притискајте го копчето REG додека
да се прикаже REG Auto On или
Off , што ја покажува моменталната
состојба на автоматската
регионализација.
Пуштете го копчето REG за да ја
смените моменталната состојба.
Сообраќајна програма (TP)
Станиците со радио сообраќајна
услуга се FM RDS станици што
емитуваат сообраќајни вести.
Сообраќајните станици може да се
препознаат според симболот TP на
екранот.Вклучување и исклучување на
радио сообраќајната услуга
■ Ако е вклучена радио сообраќајната услуга, на екранот
се прикажува [TP] или [ ].
■ Ако актуелната станица е станица со радио сообраќајна
услуга, на екранот се
појавува [TP].
■ Ако актуелната станица не е станица со радио сообраќајна
услуга, радиото автоматско
почнува пребарување на
станицата со радио сообраќајна
услуга со најдобар прием.
[ ] не се појавува на екранот.
Притиснете го копчето TP за да
вклучите TP.
Се прикажува [ ].
■ Функцијата за автоматско пребарување станици пребарувасамо сообраќајни соопштенија.
■ За време на автоматското пребарување, или ако не е можен
приемот на станица со ради
сообраќајна услуга, се
прикажува [ ].■ Ако е вклучена подготвеноста за
сообраќајни соопштенија,
репродукцијата на CD-то или
приемот на DAB се прекинуваат
за време на сообраќајното
соопштение.
■ Сообраќајните соопштенија се пуштаат со претходно
поставената гласност за
сообраќајни соопштенија 3 158.
Притиснете го копчето TP
повторно за да ја ислучите TP.
Повеќе не се прикажува [ ].
Пребарување станици со радио
сообраќајна услуга
Оваа функција е можна единствено во FM брановата должина.
Задржете го m или n притиснато
приближно 1 секунда.
Радиото пребарува единствено
станици со радио сообраќајна
услуга.
Page 167 of 197
Радио167
Слушање само соопштенија за
состојбата на сообраќајот
Мора да биде вклучена
подготвеноста за сообраќајни
соопштенија.
Завртете го копчето за регулација
o налево за да ја намалите
гласноста на нула.
Сообраќајните соопштенија се
репродуцираат со претходно
поставената гласност за
сообраќајни соопштенија 3 158.
Деактивација на соопштенијата за состојбата на сообраќајот
За да го исклучите сообраќајното
соопштение, на пр., за време на репродукцијата на CD, постапетена следниов начин:
Притиснете го копчето TP.
Соопштението за состојбата на
сообраќајот се запира.
Се репродуцира последно
слушаната песна од CD/MP3.
Подготвеноста за сообраќајни
соопштенија останува вклучена.Сообраќајно соопштение додека е
активен надворешен извор
Надворешниот извор (на пр.,
мобилен телефон) има првенство
над сообраќајните соопштенија.
За време на телефонскиот повик
воопшто не се слуша или
прикажува какво било сообраќајно
соопштение.
Дигитална аудио
дифузија Дигиталната аудио дифузија ( DAB)
е иновативен и универзален
систем за дифузија.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.Општи информации ■ Со DAB може да се емитуваат повеќе програми (услуги) на еднафреквенција (целина).
■ Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури акосигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
■ Нема стишување (ослабнување на звукот) што е типично за AM
или FM приемот. DAB сигналот
се репродуцира на константна
гласност.
■ Ако DAB сигналот е премногу слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да
се избегне со активирање на
DAB AF и/или DAB FM во
изборникот за поставки на
звукот.
■ Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM) не
се појавува со DAB.
■ Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB се
Page 168 of 197
168Радио
подобрува, додека AM или FM
приемот значително се влошува
во таквите случаи.
■ Радиото може да прима и DAB+ и DMB-Audio.
Ансамбл Неколку програми се секогаш
комбинирани во таканаречена
целина (ансамбл) на една
фреквенција.
Прелистување на ансамблите
Можете да ги прелистувате
ансамблите што веќе сте ги
примиле еднаш (ансамблите треба да бидат достапни за прием).
Мора да биде избрано
фреквентното подрачје DAB.
Притиснете го и држете го
преклопникот m или n.
Се репродуцира првата програма од ансамблот што е на
располагање.DAB AF
Со поставување на DAB AF на On
можете да дефинирате кога при
возење ќе влезете на подрачје на
друг ансамбл, да се прима истата
станица што се примала на
подрачјето на претходниот
ансамбл.
Оваа функција може да се
искористи единствено ако
станицата е вклучена во новиот
ансамбл.
Мора да биде избрано
фреквентното подрачје DAB.
Притиснете го копчето SETTINGS
за да се прикаже изборникот
Settings .
Притиснете го копчето SETTINGS
повторно за да се прикаже
DAB AF On или Off, што ја покажува
моменталната состојба на таа
поставка.
Притиснете го преклопникот m
или n за да ја смените
поставката.Притиснете го копчето TUNER за
да се вратите во изборникот за
радио.
DAB FM
Со поставување на DAB FM на On,
може да одредите дека, кога сигналот DAB е преслаб да се
прима од приемникот, системот да
префрли на соодветната станица
FM (ако е достапна) на активната
програма DAB.
Мора да биде избрано
фреквентното подрачје DAB.
Притиснете го копчето SETTINGS
за да се прикаже изборникот
Settings .
Притиснете го копчето SETTINGS
двапати за да се прикаже
DAB FM On или Off, што ја покажува
моменталната состојба на таа
поставка.
Притиснете го преклопникот m
или n за да ја смените
поставката.
Притиснете го копчето TUNER за
да се вратите во изборникот за
радио.
Page 169 of 197
ЦД-уред169ЦД-уредОпшти информации.................169
Употреба ................................... 170Општи информации
Со ЦД плеерот може да
репродуцирате стандардни
комерцијални дискови со пречник
од 12 см.Внимание
Не ставајте под никакви услови
ДВД-а, сингл ЦД-а со пречник од
8 см или ЦД-а со посебен облик
во аудио плеерот.
Немојте да ставите налепници
на ЦД-ата. Тие дискови може да се заглават во единицита за ЦД
и да ја расипат единицата.
Тогаш неопходна ќе биде скапа
замена на уредот.
■ Форматот на дисковите мора да биде ISO 9660 Level 1, Level 2
или JOLIET. Сите други формати
не можат да се репродуцираат
сигурно.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или
воопшто да не се репродуцираат.
■ Може да го користите Инфозабавниот систем и за
репродукција на дискови со
музички податоци МР3 и дискови со мешана содржина.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување
(CD-RW ) се поранливи во поглед
на неправилното ракување од
однапред запишаните ЦД-а.
Правилно ракување треба да се
обезбеди, особено во случај на
самозапишаните ЦД-а за
запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување.
Видете подолу.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување може да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат. Во таквите
случаи не е виновна опремата.
Page 170 of 197
170ЦД-уред
■ Гледајте да не оставатеотпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за да се заштитат од оштетувања и
валканост.
■ Валканоста и течностите на ЦД-ата може да ги загадат
леќите на ЦД плеерот внатре во
уредот и да предизвикаат
дефекти.
■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
■ Следниве ограничувања важат за податоци зачувани на ЦД со
MP3:
При именуваето на албумите и
песните не смее да има
надредени или посебни знаци.
Дозволени наставки за
списоците за репродукција: .m3u
или .pls.
Кога правите (шифрирате)
фајлови МР3 од аудио податоци,треба да се користи битова
стапка од најмногу 256 килобити
во секунда.
За да користите фајлови МР3 со Инфозабавниот систем, тие
мора да имаат наставка „.мр3“.
■ На еден диск може да се зачувани вкупно 367 песни за
репродукција. Не може да се
репродуцираат повеќе песни.
■ На еден диск со МР3 може да се зачуваат најмногу 99 албуми зада може да се користи со
Инфозабавниот систем.
Албумите може да се избираат
посебно со Инфозабавниот
систем.
Употреба Вметнување на ЦД
Вметнете го CD-то со печатената
страна нагоре во отворот за CD-a.
CD-то се вовлекува автоматски.
Не треба да го помагате или
спречувате вовлекувањето на
CD‑то.На екранот се појавуваат Read CD
и CD in , а потоа се прикажува
бројот на песни на ЦД-то.
Веднаш штом ќе почне
репродукцијата на првата песна, на екранот се прикажува Track 1 и
времето на репродукција или
информации за песната (наслов,
изведувач).
Ако се работи за MP3 CD, се појавува MP3 на екранот и се
прикажува насловот на првиот
албум.
Информациите за песната (наслов,
изведувач) се прикажуваат веднаш откако ќе почне да се репродуцира
првата песна.