OPEL CORSA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2014.5Pages: 197, PDF Size: 3.06 MB
Page 191 of 197

Препознавање на гласот191
Завршување на дијалогот
Има разни начини за исклучување
на системот за препознавање
говор и завршување на дијалогот:
■ Со притискање на q
■ Истечено време: ако ништо не се
внесе одредено време
Системот за препознавање говор
се прекинува и од дојдовен повик.
Ракување
Со помош на системот за
препознавање говор, со мобилниот телефон може да се ракува многу
удобно со помош на функцијата за
внесување глас. Едноставно
активирајте го системот за
препознавање говор и кажете ја
саканата наредба. Штом ќе се
внесе наредбата, ќе бидете водени
низ дијалогот со соодветни
прашања и пораки за да се дојде до
саканото дејство.
Кажувајте ги наредбите и броевите
со нормален глас, без вештачки
паузи меѓу броевите.
Препознавањето е најуспешно акоправите пауза од најмалку
половина секунда по секои три или пет бројки.
Инфозабавниот систем
истовремено реагира на
наредбите со говорни пораки и
екрани.
Главни наредби По активирањето на системот за
препознавање говор, ќе слушнете
краток звучен сигнал што ве
информира дека системот за
препознавање говор чека да добие
влезни податоци.
Достапни се следниве наредби: ■ " Call (Повик) "
■ " Redial (повторно бирање) "
■ " Save (зачувај) "
■ " Delete (избриши) "
■ " Phonebook (именик) "
■ " Help (помош) "
■ " Cancel (откажи) "
Во продолжение може да видите
детален опис на овие команди."Call (Повик)"
Со користење на оваа команда,
може да го внесете телефонскиот
број што бил зачуван во
телефонскиот именик под
определено име (гласовен
идентификатор) или што треба да
се употреби за креирање на
конекција. По оваа команда, на
располагање ви се следниве
команди:
■ " Number (број) ": Креирана е
конекција со користење на
внесениот број.
■ " Name (име) ": Креирана е
конекција со користење на
гласовниот идентификатор."Number (број)"
Откако ќе ја дадете оваа команда,
од вас се бара да го внесете бројот. Инфозабавниот систем ги
повторува препознаените броеви.
Потоа може да внесете
дополнителни броеви или
следниве наредби:
Page 192 of 197

192Препознавање на гласот
■ "Call (Повик) " или "Accept
(прифати) ": Внесувањата се
прифатени.
■ " Change (смени) ": Последната
група броеви е избришана.
■ " Delete (избриши) ": Целото
внесување е избришано.
■ " Help (помош) ": Дијалогот е
завршен и се испишува список на
сите команди што се на
располагање во овој контекст.
■ " Plus (плус) ": За повици во
странство пред бројот е ставен
плус.
■ " Additional digits (дополнителни
бројки) ": Додадени се
дополнителни бројки.
■ " Cancel (откажи) ": Завршување
на процесот за бирање на бројот.
По барањето за исправка, сите
претходно внесени групи броеви
се повторуваат, со исклучок на
последната група. Ако се
избришани сите внесувања, од
вас повторно се бара да го
внесете телефонскиот број.Ако има гласовна пауза што е
подолга од една секунда помеѓу
поединечните броеви,
Инфозабавниот систем
претпоставува дека процесот за
внесување на групата броеви
завршил и ја повторува групата
броеви.
За да остварите повик во
странство, треба да го кажете
зборот " Plus (плус)" (+) пред бројот.
Плусот ви овозможува да
остварите повик од таа земја без да го знаете странскиот повикувачки
број за соодветната земја. Потоа кажете го кодот на државата.
Повикувачкиот број соодветствува
на конвенционалниот формат, т.е.
49 за Германија, 44 за Велика
Британија, итн. Мора да се испушти
бројката "0" од бројот на локалната мрежа (повикувачкиот број), освен
во Италија.
Пример за дијалог помеѓу
корисникот и гласовната порака за
бирање телефонски број:
Корисник: " Call (Повик) "Гласовен аутпут: " Name (име) или
Number (број)? "
Корисник: " Number (број) "
Звучен аутпут: " The number, please!
(бројот, молам) "
Корисник: " Plus (плус) Four ( четири)
Nine (девет) "
Гласовниот аутпут повторува: " Plus
(плус) Four (четири) Nine (девет) "
Корисник: " Seven (седум) Three
(три) One (еден) "
Гласовниот аутпут повторува:
" Seven (седум) Three (три) One
(еден) "
Корисник: " One (еден) One (еден)
Nine (девет) Nine (девет) "
Гласовниот аутпут повторува: " One
(еден) One ( еден) Nine ( девет) Nine
(девет) "
Корисник: " Change (смени) "
Гласовниот аутпут ги повторува
групите претходно внесени
броеви: " Plus (плус) Four (четири)
Nine (девет) - Seven (седум) Three
(три) One (еден) "
Page 193 of 197

Препознавање на гласот193
Корисник: "One (еден) One (еден)
Nine (девет) One (еден) "
Гласовниот аутпут повторува: " One
(еден) One (еден) Nine (девет) One
(еден) "
Корисник: " Call (Повик) "
Звучен аутпут: " The number is being
dialled (бројот се бира) ""Name (име)"
Со користење на оваа команда,
можете да изберете телефонски број што е зачуван под определено име (гласовен идентификатор).
Ако системот препознае внесено
име што веќе е на располагање,
тоа се прикажува на екранот.
Симболот q за гласовниот
индикатор се појавува десно од
името. Креирана е конекција со
користење на гласовниот
идентификатор.
"Redial (повторно бирање)"
Со користење на командата " Redial
(повторно бирање) ", може
повторно да се бира последно
бираниот број.
"Save (зачувај)"
Со користење на оваа команда, можете да зачувате телефонски
број под определен гласовен
идентификатор.
Дополнително, може да се вклучи и
претходно внесениот гласовен идентификатор во именикот.
Гласовните идентификатори може
да се вклучат во именикот само ако
се зачувани во Инфозабавниот
систем.
Во именикот може да се чуваат
најмногу 25 ознаки со глас. Ако
веќе сте зачувале 25 гласовни
идентификатори, се прикажува
пораката " The speech memory is full!
(говорната меморија е полна) ".
Гласовните идентификатори се
зависни од говорникот, што значи
дека само лицето што зборува во
гласовниот идентификатор може
да го избере истиот.
По три неуспешни обиди, системот
за препознавање на говорот се
исклучува автоматски.Може да се случи двете внесени
имиња да бидат премногу
различни за системот за
препознавање на говор, што во тој
случај ги отфрла. Вие треба потоа да одлучите дали повторно ќе ги
внесете имињата или ќе го
завршите процесот:
■ " Yes (да) ": Повторно внесете ги
имињата.
■ " No (не) "/" Cancel (откажи) ":
Дијалогот завршува без да се
зачува нешто.
За да спречите прекин на
почетокот на снимањето кога се
зачувуваат имињата, треба да
оставите кратка пауза по барањето за внесување.
За да може да се користи ознака со глас независно од местото, т.е. водруги држави, сите телефонски
броеви треба да се внесат со „ Plus
(плус) “ и со кодот на државата.
Пример за зачувување на име како гласовен идентификатор:
Корисник: " Call (Повик) "
Page 194 of 197

194Препознавање на гласот
Гласовен аутпут: "Name (име) или
Number (број)? "
Корисник: " Name (име) "
Звучен аутпут: " The name, please!
(името, молам) "
Корисник: <Миријам>
Гласовен аутпут: " The number,
please! (бројот, молам) ".
Корисник: " Plus (плус) Four ( четири)
Nine (девет) "
Звучен аутпут: " Plus (плус) Four
(четири) Nine (девет) "
Корисник: Seven (седум) Three
(три) One (еден) .
Звучен аутпут: " Seven (седум)
Three (три) One (еден) "
Корисник: " One (еден) One (еден)
Nine (девет) One (еден) "
Звучен аутпут: " One (еден) One
(еден) Nine (девет) One (еден) "
Корисник: " Save (зачувај) "
Наместо " Save (зачувај) " може да ја
употребите командата " Accept
(прифати) "."Delete (избриши)"
Со употреба на командата " Delete
(избриши) ", може да избришете
претходно зачуван гласовен
идентификатор.
"Phonebook (именик)"
Со употреба на командата
" Phonebook (именик) ", може да
бирате претходно зачуван
гласовен идентификатор што сте
го вклучиле во телефонскиот
именик. Исто така, може да
избришете некој гласовен
идентификатор. По внесување на
командата " Phonebook (именик) ",
од вас се бара да внесете име.
Откако ќе се продуцира
препознаеното име, може да ги внесете следниве команди:
■ " Call (Повик) ": Врската со
зачуваниот број е креирана.
■ " Delete (избриши) ": Гласовниот
идентификатор е избришан.■ " Cancel (откажи) ": Дијалогот е
завршен.
■ " Help (помош) ": Дијалогот е
завршен и се испишува список на
сите команди што се на
располагање во овој контекст.
Пример за тоа како да бирате
телефонски број што е зачуван во
именикот:
Корисник: " Phonebook (именик) ".
Гласовен аутпут: <Карл-Хајнц>
Гласовен аутпут: <Маркус>
Гласовен аутпут: <Миријам>
Корисник: " Call (Повик) "
Наместо " Call (Повик) " може да ја
употребите командата " Accept
(прифати) ".
Звучен аутпут: " The number is being
dialled (бројот се бира) "
"Help (помош)"
Со употреба на командата " Help
(помош) ", се испишуваат сите
команди што се на располагање во конкретниот контекст.
Page 195 of 197

Препознавање на гласот195
"Cancel (откажи)"
Со употреба на командата " Cancel
(откажи) ", системот за
препознавање говор може да се
исклучи.
Промена на јазикот Сменете го прикажаниот јазик
Инфозабавниот систем подржува
12 претходно поставени јазици што се прикажуваат на екранот.
Контактирајте го вашиот Opel
партнер за да активирате некој
друг јазик од овие претходно
поставени јазици.
Сменете го јазикот на говорот
Системот за препознавање говор
ги подржува следниве 6 јазици:
■ Германски
■ (Британски) Англиски
■ Француски (ЕУ)
■ Италијански
■ Шпански (ЕУ)
■ ХоландскиКонтактирајте го вашиот Opel
партнер за да активирате некој
друг јазик од овие претходно
поставени јазици.
Page 196 of 197

196ИндексААктивирање на контролата на гласот ..................................... 190
Б
Бирање ...................................... 184
Број ............................................ 190
В Внесување на PIN-кодовите ....184
Вршење телефонски повици ...184
Д Далечински управувач на воланот................................... 178
З Завршување на повици ............184
И
Избирање телефонски броеви 184
Име ............................................ 190
Исклучен микрофон ..................184
Итен повик ................................. 183
М Менување на јазикот ................190
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................ 188О
Одбивање повици .....................184
Одредници со повеќе броеви ..184
Општи информации ..................178
П
Поврзување Bluetooth............... 181
Повторно бирање .....................184
Прекинување разговор .............184
Препознавање глас .................190
Препознавање на говорот........ 190
Прифаќање повици................... 184
Р Ракување ................................... 184
С Слободен говор ........................181
Списоци ..................................... 184
Списоци со повици ...................184
Т
Телефонски броеви ..................184
Телефонски именик ..................184
Ф Филтрирање .............................. 184
Функции за време на повик ......184
D DTMF.......................................... 184
Page 197 of 197

Copyright by ADAM OPEL AG, Rüsselsheim, Germany.Информациите содржани во ова издание важат од датумот назначен подолу. Adam Opel AG го задржува правото да врши измени на техничките спецификации, функциите и конструкцијата на возилата во однос на информациите во ова издание, како и промени во самото издание.
Издание: , ADAM OPEL AG, Rüsselsheim.Печатено на хартија избелена без хлор.
12/2013
*KTA-2708/6-MK*
KTA-2708/6-mk