OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник
Page 31 of 295
Клучеви, врати и прозорци29
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не притискајте го допирниот
прекинувач додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 25.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Page 32 of 295
30Клучеви, врати и прозорциБезбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Активирање
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
5 секунди.
Систем за тревожење
при кражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува: ■ вратите, задната врата, хаубата■ палењето
Активирање ■ Се активира сам 30 секунди откако ќе се заклучи возилото со
еден притисок на e.
■ Директно со притискање на e
двапати кратко за пет секунди.
Сијаличка за состојба
Сијаличката за состојба е вградена во сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Page 33 of 295
Клучеви, врати и прозорци31
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува=проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо=вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно=системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање Отклучување на возилото со
притискање на c го исклучува
системот за тревожење при
кражба.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Алармот може да се стиши со
притиснување на кое било копче на
далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира
само со притискање c на
далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати кога
возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.Пораки за возилото 3 114.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.
Page 34 of 295
32Клучеви, врати и прозорци
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш треба да го
заклучувате возилото по
напуштањето.
Вклучете го системот за
тревожење при кражба 3 25, 3 30.
Контролна сијаличка d 3 103.Странични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местењеИзберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на преклопникот
налево (L) или надесно (R). Потоа
завртете ја контролата : за да го
приспособите ретровизорот.
Преклопникот во средишна
положба: не е избран ретровизор
за приспособување.
Преклопни прозорци За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Page 35 of 295
Клучеви, врати и прозорци33
Паркирна положба
Страничните ретровизори може да
се преклопат со нежно притискање од надворешната страна на
куќиштето, на пр. при тесно
паркирање.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето на ретровизорите
работи кога работи моторот.
Се исклучува автоматски по
шест минути.
Со притискање на Ü уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 36 of 295
34Клучеви, врати и прозорциАвтоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот во
куќиштето на ретровизорот може
да биде ограничена.
Механички прозорци
Прозорците на задните врати
можат да се отвораат или
затвораат рачно со рачките на
прозорците.Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте кога ги затворате
прозорците. Внимавајте да не
приклештат ништо додека се
движат.
Се ракува кога палењето е
вклучено (позиција 2) 3 149.
Задржано исклучување 3 149.
Page 37 of 295
Клучеви, врати и прозорци35
Управувајте со прекинувачот на
облогата на вратата за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Отворање
Кратко притиснување: прозорецот
се отвора постапно.
Долго притиснување: прозорецот
се отвора автоматски до крајната
положба. За да се запре
движењето, притиснете го
прекинувачот уште еднаш.
Затворање
Кусо повлекување: прозорецот се
затвора постапно.
Подолго повлекување: прозорецот
се затвора автоматски до крајната
положба. За да се запре
движењето, притиснете го
прекинувачот уште еднаш.Безбедносна функција
Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па
повлечете го прекинувачот повеќе
пати за да се затворат прозорците
етапно.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракува со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за некое време.
Дефект Ако прозорците не може да се
отворат или затворат автоматски,
активирајте ја електрониката на
прозорците на следниот начин:1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Целосно затворете го прозорецот и ракувајте со
копчето уште пет секунди.
4. Целосно отворете го прозорецот и ракувајте со
копчето уште една секунда.
5. Повторете ја постапката за секој прозорец.
Греење на задното
стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Page 38 of 295
36Клучеви, врати и прозорци
Греењето на задното стакло
работи кога работи моторот.
Се исклучува автоматски по
шест минути.
Со притискање на Ü уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Греење на
шофершајбната
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето на шофершајбната
работи заедно со греењето на
задниот прозорец и кога работи
моторот.
Се исклучува автоматски по
шест минути.
Со притискање на Ü уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Интегралните ретровизори треба
да бидат затворени при возење.
На задната страна од штитникот за сонце се наоѓа држач за билети.Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Се ракува со преклопник кога е вклучено палењето (положба 2)
3 149.
Задржано исклучување 3 149.
Page 39 of 295
Клучеви, врати и прозорци37
Кревање
Држете го прекинувачот ü
притиснат додека подвижниот покрив не се крене одзади.
Отворање
Од кренатата положба, притиснете го и пуштете го прекинувачот ü:
подвижниот покрив се отвора
автоматски до крајната положба.
За да се запре движењето пред
крајната положба, притиснете го прекинувачот уште еднаш.
Затворање
Држете го прекинувачот d
притиснат од која било положба
додека подвижниот покрив не се
затвори целосно. Со отпуштање на
прекинувачот се прекинува
движењето во секоја положба.Внимание
Кога користите багажник за на
покрив, проверете го
слободното движење на
подвижниот покрив за да се
избегнат оштетувања.
Дозволено е само да се крене подвижниот покрив.
Забелешка
Ако врвот од покривот е воден,
навалете го подвижниот покрив, оставете водата да се слее, и
потоа отворете го подвижниот
покрив.
Не лепете налепници на
подвижниот покрив.
Ролетна
Со ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање. Ролетната
може да се користи во секоја
положба на подвижниот покрив.
Преоптоварување
Ако системот е преоптоварен,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Системот е заштитен со
осигурувачи во кутијата со
осигурувачи 3 227.
Иницијализирање на
подвижниот покрив
Ако не може да се ракува со
подвижниот покрив, активирајте ја
електрониката на следниот начин:
при вклучено палење, затворете го
подвижниот покрив и држете го d
притиснато најмалку 10 секунди.
Побарајте помош од
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.
Page 40 of 295
38Седишта, потпирачиСедишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 38
Предни седишта ......................... 39
Безбедносни ремени .................43
Систем на воздушни перничиња .................................. 46
Системи за врзување на деца ..53Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Предни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.