reset OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник

Page 195 of 295

Возење и ракување193
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите.Откако ќе се појави страницата со
поставки, изберете Alerts ON
(Вклучени тревожења) за
активирање на функцијата за
појавувачки предупредувања.
Деактивирајте со избирање на
Alerts OFF (Исклучени тревожења) .
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавниот показател се прикажува
околу 8 секунди во DIC.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset Scores
( Ресетирај резултати) и потврда со
притискање SET/CLR на рачката за
трепкачите подолго време. По
успешно ресетирање, ќе се огласи
тон и се покажува следниот симбол
додека не се открие следен
сообраќаен знак.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.