OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.75, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2015.75Pages: 295, PDF Size: 7.7 MB
Page 1 of 295
OPEL CORSAСопственички прирачник
Page 2 of 295
Page 3 of 295
Вовед............................................ 2
Накратко ....................................... 6
Клучеви, врати и прозорци ........23
Седишта, потпирачи ..................38
Складирање ................................ 61
Инструменти и контроли ............ 82
Светла ....................................... 124
Контрола на климатизацијата . 136
Возење и ракување ..................148
Нега на возилото ...................... 209
Сервисирање и одржување ....262
Технички податоци ................... 266
Информации за купувачот ....... 283 Индекс ....................................... 286Содржина
Page 4 of 295
2ВоведВовед
Page 5 of 295
Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service.
За возилата на гас препорачуваме
механичар на Opel овластен за
сервисирање возила на гас.
Сите Партнери на Opel Service
пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни Opel-ови
упатства.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во возилото.Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,
вклучувајќи ги оние за функциите на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возило поради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот од
левата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната страна е слично.
Page 6 of 295
4Вовед
■ Сопственичкиот прирачник гикористи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се наоѓаат
во поглавјето „Технички
податоци“.
■ Податоците за насоките на пр. лево или десно, или предно или
задно секогаш се однесуваат на
правецот на патувањето.
■ Екраните на возилото може да не
го поддржат Вашиот конкретен
јазик.
■ Пораките на екранот и внатрешните натписи се
напишани со масни букви.
Опасност,
Предупредувања и
Вниманија9 Опасност
Текстовите означени со
9 Опасност даваат
информации за ризикот од смртоносна повреда.
Игнорирањето на тие
информации може да Ви го
загрози животот.9 Предупредување
Текстовите означени со
9 Предупредување даваат
информации за ризикот од
незгода или повреда.
Игнорирањето на тие
информации може да доведе до
повреди.
Внимание
Текстовите означени со
Внимание даваат информации
за можните оштетувања на
возилото. Игнорирањето на тие информации може да доведе до
оштетување на возилото.
Симболи
Споменувањата на страниците
што се означени со 3. 3 значат
„видете на страницата“.
Ви пожелуваме многу часови
пријатно возење.
Adam Opel AG
Page 7 of 295
Вовед5
Page 8 of 295
6НакраткоНакратко
Првични информации
за возењетоОтклучување на
возилото
Притиснете c за да се отклучат
вратите и товарниот простор.
Отворете ги вратите со
повлекување на кваките.
За да ја отворите задната врата,
притиснете го допирниот
прекинувач под амблемот.
Далечински управувач 3 24,
систем на централната брава
3 25, товарен простор 3 28.
Page 9 of 295
Накратко7Местење на седиштата
Местење на положбата на седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Положба на седиштата 3 39,
Местење на седиштата 3 40.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
Потпирачи за грб
Свртете го тркалцето за да ја
прилагодите наваленоста. Не
навалувајте се на потпирачот за грб додека го местите.
Положба на седиштата 3 39,
Местење на седиштата 3 40,
Преклопување на седиштето
3 41, Спортско седиште 3 41.
Page 10 of 295
8Накратко
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=седиштето погореудолу=седиштето подолу
Положба на седиштата 3 39,
Местење на седиштата 3 40.
Местење на потпирачите
за глава
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Потпирачи за глава 3 38.
Безбедносен ремен
Извлечете го безбедносниот
ремен и заглавете го во бравата.
Ременот не смее да се превртува и
мора да лежи припиен до телото.
Потпирачот за грб не смее да биде навален премногу назад (најмногу
околу 25°).
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата за ременот.
Положба на седиштето 3 39,
Безбедносни ремени 3 43,
Систем на воздушни перничиња
3 46.