fuel OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник

Page 203 of 309

Возење и ракување201Треба да додадете адитив за
горивото во наполнет резервоар за
гориво најмалку на секои 15000 км или по една година, кое и да
настапи прво. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забранети горива Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85 % етанол) и други
горива кои содржат повеќе од 15 % мора да се користат само во возила
со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Може да светне
индикаторското светло за дефект
Z 3 101. Ако се случи тоа,
побарајте помош од
автомеханичар.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е според EN 590 и со концентрација
на сулфур од најмногу 10 ppm.
Можат да се користат горива со
содржина на биодизел (според EN 14214) од најмногу 7 % од
волуменот (на пр., со име B7).
Ако патувате во земји надвор од
Европската Унија, можно е
повремено користење на гориво евро-дизел со концентрација на
сулфур помала од 50 ppm.Внимание
Честото користење на дизел
гориво што содржи повеќе од
15 ppm сулфур ќе предизвика
големо оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на