OPEL CORSA E 2018 Сопственички прирачник
Page 181 of 303
Возење и ракување179
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
кочницата и завртете го возилото, ако така бара ситуацијата.
Деактивирање Системот може да се деактивира.
Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.Ако е деактивирано
предупредувањето за преден
судир, чувствителноста на
предупредувањето е поставено на
„средно“ кога следниот пат ќе биде
вклучено палењето.
Поставките „блиску“, „средно“ или „далеку“ ќе бидат зачувани кога
палењето ќе се исклучи.
Општи информации9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
предмети.
Page 182 of 303
180Возење и ракувањеВо следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или под
влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е
при брзини поголеми од 40 км/ч.Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 105. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да
изберете ? и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за показател за
растојание однапред.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- сек.
Помош за паркирање
Општи информации Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117.
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користете
го системот за задна помош за
паркирање.
Page 183 of 303
Возење и ракување181Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот преку
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег на оддалеченост
до 1,5 метри. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост на Информативниот
центар за возачот со екран со
високо ниво 3 105 или, во
зависност од верзијата, на
Информативниот екран во боја
3 111.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката сопритискање SET/CLR на рачката за
трепкачот, показателот на
оддалеченоста се појавува пак.
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Во двата случаи светлото во
копчето се гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
Page 184 of 303
182Возење и ракувањенадвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка три секунди, потоа се гаси.
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 101 или
се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот преку
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Системот автоматски се вклучува и при брзина до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки пред
Page 185 of 303
Возење и ракување183возилото во опсег на оддалеченост
до 80 см и за потенцијално опасни
пречки зад возилото во опсег на
оддалеченост до 1,5 метри.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и напред се
прикажува со променливи линии за
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот со екран од
високо ниво 3 105 или, во
зависност од верзијата, на
Информативниот екран во боја
3 111.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката,
показателот за растојание
повторно ќе се појави.Растојанието до препреките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 111.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11км/ч.
Page 186 of 303
184Возење и ракување
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се деактивира системот,
светлото во копчето се гаси, а ако
се деактивира рачно, во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Целиот систем може да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палење или до повторно
активирање на изборникот за
приспособување. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 113.Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 105 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран во боја 3 111 , проследени со
звучни сигнали.
Page 187 of 303
Возење и ракување185Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Копче за помош за паркирање D
и логика за ракување
Напредната помош за паркирање и
предно-задната помош за
паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на D ја активира
или деактивира помошта за паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање, видете во посебниот
опис подолу.
Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на D на
следниов начин:
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за барање
место за паркирање, кратко
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за
наведување за паркирање,
краток притисок ја исклучува
напредната помош за
паркирање.
● Ако е активна напредната помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за напред или лер, кусо
притискање ја активира или
деактивира предната помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за назад,
кусо притискање ја активира
или деактивира предната и
задната помош за паркирање.
Page 188 of 303
186Возење и ракувањеАктивирање на предно-задна
помош за паркирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Системот автоматски се вклучува и
при брзина до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање D означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако D е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег на оддалеченост
до 1,5 метри и пред возилото во до
80 см. Зависно која страна на
возилото е поблиску до пречка, од
таа страна ќе слушате
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Информативниот
центар за возачот 3 105 или,
зависно од верзијата, на Инфо-
екранот во боја 3 111.
Оддалеченоста до задните и
предните пречки се прикажуваат со
менување на линиите на
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот 3 105.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со
притискање SET/CLR на рачката за
трепкачот, показателот на
оддалеченоста се појавува пак.
Page 189 of 303
Возење и ракување187
Растојанието до препреките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 111.
Деактивирање на предно-задна
помош за паркирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
кратко притискање на копчето за
помош за паркирање D.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува Park Assist
Off (Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното исклучување,
предната-задната помош за
паркирање повторно се активира
ако кратко се притисне D или ако
возилото е во рикверц.
Целиот систем може да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палење или до повторно
активирање на изборникот за
приспособување. Приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со
долго притискање на D.
Системот препознава и запомнува
десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање во
режимот за помош за паркирање.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Максималната дозволена
напоредна оддалеченост меѓу возилото и редот паркирани
Page 190 of 303
188Возење и ракувањеавтомобили е 1,8 метри за
напоредно паркирање и 2,5 метри
за напречно паркирање.
ФункционалностРежим за барање место за
паркирање
Показател во Информативниот
центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол со притискање на
SET/CLR .
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна.Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ознаки на Информативен екран во
боја