OPEL CROSSLAND X 2018 Сопственички прирачник

Page 211 of 289

Нега на возилото209Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото ќе се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста заладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.

Page 212 of 289

210Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.

Page 213 of 289

Нега на возилото2119Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните течности и средства за
подмачкување 3 255.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.

Page 214 of 289

212Нега на возилото
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа
коешто беше употребено при
поселдното менување.Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 267.
Наместете го капачето право и
затегнете го.

Page 215 of 289

Нега на возилото213ЛадилникТечноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу -37°C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 255.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.

Page 216 of 289

214Нега на возилотоВнимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 255.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 255.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.

Page 217 of 289

Нега на возилото215Паркирање на возилото подолго од
четири седмици може да доведе до празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 131.
Откачување на акумулаторот Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Откако ќе го поврзете
акумулаторот на возило опремено
со систем за тревожење при
кражба, почекајте 10 минути пред
да го стартувате моторот.Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, таа треба да се
затвори со нешто што личи на
капаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 245.
Предупредувачки натпис

Page 218 of 289

216Нега на возилотоЗначење на симболите:● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнилдокрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од пет секунди. Ако
моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Замена на четкичките набришачитеКренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло

Page 219 of 289

Нега на возилото217Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете
го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само исти вид на
сијалица за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебно куќиште за средно светло
и долго светло/трепкач.
Долго светло, трепкач ( 1)
Средно светло ( 2)
Долго светло

Page 220 of 289

218Нега на возилото1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Повлечете ја горната фасонка од куќиштето на фарот.
3. Извадете ја ламбата одфасонката така што ќе ја
повлечете.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја и турнете ја фасонката во куќиштето на
фарот така што ќе го поставите
држачот на местото.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Трепкач1. Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Завртете ја долната фасонка налево за да се ослободи.Повлечете ја фасонката одкуќиштето на фарот.

Page:   < prev 1-10 ... 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 ... 290 next >