OPEL GRANDLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Page 201 of 309
Возење и ракување199зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Покрај задната помош за
паркирање, предната помош за
паркирање се вклучува кога ќе се
открие пречка напред, а брзината
на возилото е под 10 км/ч.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање ¼ не свети.
Кога системот е деактивиран, LED-
сијаличката во копчето свети.
Показател
Системот го предупредува возачот со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред или зад
возилото.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад и напред се
прикажува со променливи линии за
оддалеченост на Инфо-екранот
3 112.
Ако возилото запре подолго од три
секунди во брзина за движење
напред, ако автоматскиот менувач
Page 202 of 309
200Возење и ракувањее во P или ако не се откриени други
пречки, не се даваат акустични
сигнали за предупредување.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото надмине 10 км/ч, со
активирање на електричната
сопирачка за паркирање или со
притискање на копчето за помош за паркирање ¼.
Кога системот е деактивиран
рачно, LED-сијаличката во копчето
свети.
Ако системот е деактивиран рачно, нема да се активира автоматски
при следното вклучување на
палењето.
Ограничувања на системот Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, во групата инструменти
светнува H. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажува порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот
дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Page 203 of 309
Возење и ракување201Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото при
паркирање.
Напредната помош за паркирање
помага за следниве маневри:
● влегување во паралелно место
за паркирање
● влегување во напречно место за паркирање
● излегување од паралелно место за паркирање
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Возачот може да ја преземе
контролата во секое време така
што ќе го фати воланот.
Можеби ќе биде потребно да се
движи напред и назад повеќе од
еднаш.
Упатствата се дадени на Инфо-
екранот 3 112.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Влегување во паралелно место за паркирање
Активирање
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Информативен екран во боја од 7
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
Page 204 of 309
202Возење и ракување(Помош за паркирање) на Инфо-
екранот. Потоа изберете Enter
parallel parking space (Влез во
простор за паралелно паркирање) .
Информативен екран во боја од 8
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
Инфо-екранот, изберете Функции
за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Системот нема да идентификува места кои се јасно помали или
поголеми од возилото.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и се дава прв
звучен сигнал. Возете бавно
напред. Кога ќе се даде вториот
звучен сигнал, запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите бавно. На Инфо-екранот
се дава визуелен приказ.Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата
на Помошта за паркирање додека не се означи крајот на
маневрирањето.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на Инфо-
екранот. Потоа изберете Enter
Page 205 of 309
Возење и ракување203perpendicular parking space (Влез
во простор за нормално
паркирање) .
Информативен екран во боја од 8
инчи: кога барате место за
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
Инфо-екранот, изберете Функции
за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
напречно место за паркирање .
Намалете ја брзината на возилото под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Кога ќе се најдат неколку
последователни места, возилото
ќе се насочи кон последното.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и се дава звучен
сигнал. Запрете го возилото,
ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите
без да надминете 7 км/ч.Движете се напред и назад според
упатствата, почитувајте ги
предупредувањата на помошта за
паркирање и внимавајте на
звучните сигнали додека не се
означи крајот на маневрирањето.
Кога ќе завршите, во групата
инструменти се исклучува $.
При маневрирањето за паркирање,
системот се деактивира
автоматски штом задниот дел од
возилото се приближи на 50 см од
некоја пречка.
Page 206 of 309
204Возење и ракувањеИзлегување од паралелно
место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7
инчи: кога излегувате од
паралелно место за паркирање,
активирајте го системот со
избирање Park Assist (Помош за
паркирање) на Инфо-екранот.
Потоа изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Информативен екран во боја од 8
инчи: кога излегувате од
паралелно паркирање, активирајте
го системот со притискање на Í.
На Инфо-екранот, изберете Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за
излегување со вклучување на
соодветниот трепкач.
Ставете во рикверц, пуштете го воланот и почнете да се движите
без да надминете 5 км/ч.
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата
на Помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето. Маневарот е
завршен кога предните тркала на
возилото ќе излезат од местото за
паркирање.
По деактивирањето, проверете
дали ја имате контролата над
возилото.
Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат: ● општи практични совети и пораки за предупредување
● барањето за запирање на возилото кога се приметува
паркирно место
● насоката на возењето за време
на маневрите за паркирање
● барање да се стави во рикверц
или во прва брзина
● барање да се застане или да се
вози побавно
● успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон
● откажување на маневар за паркирање
Деактивирање
Тековниот маневар од помошта за паркирање се откажува преку
копчето за враќање на почетниот
екран на Инфо-екранот. За да го
Page 207 of 309
Возење и ракување205деактивирате системот целосно,
притиснете ¼ во средишната
конзола.
Системот се деактивира
автоматски:
● ако се исклучи палењето
● ако моторот работи во место
● ако не се започне со маневрирање во рок од 5
минути откако ќе се изберете
типот на маневрирањето
● по подолго стоење во место на
возилото за време на
маневрирање
● ако се вклучи Електронската контрола на стабилноста
● ако брзината на возилото го надмине наведеното
ограничување
● кога возачот ќе го прекине движењето на воланот
● по четири циклуси на маневрирање (еден циклус на
маневрирање се состои од
едно движење наназад и едно
движење нанапред)● при отворање на возачката врата
● ако некое од предните тркала наиде на пречка
● ако маневрирањето за паркирање заврши успешно
Деактивирањето од возачот или од
системот за време на
маневрирањето ќе се прикаже на
екранот. Освен тоа, се огласува
звучен сигнал.
Системот се исклучува автоматски
кога се влече електрично поврзана приколка, носач за велосипеди и
др.
Контактирајте со продавачот за да
го исклучите системот на подолго
време.
Дефект
Во случај на дефект, во
Информативниот екран во боја се
прикажува порака и се слуша
звучен сигнал.Во случај на дефект на серво
управувањето, светнува H и се
прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Page 208 of 309
206Возење и ракувањеВнимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр.
тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е одговорен за тоа.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
мртва зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.
Page 209 of 309
Возење и ракување2079Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Активирање
Информативен екран во боја од 7
инчи: изберете Blind spot monitoring
( Следење на мртов агол) на Инфо-
екранот и активирајте ја
функцијата.
Информативен екран во боја од 8
инчи: притиснете Í. Изберете
Функции за возење на Инфо-
екранот, па Следење слепи точки .
Активирајте ја функцијата.
Во групата инструменти, B
постојано свети зелено за да ја
потврди функцијата.
Функционалност
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
Услови за работа
Следниве услови мора да бидат
исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● брзината на вашето возило е помеѓу 12 и 140 км/ч
● претекнување возило со разлика во брзината помала од10 км/ч
● друго возило претекнува со разлика во брзината помала од
25 км/ч
● сообраќајот е нормален ● возење на прав пат или пат со мали кривини
● возилото не влече приколка
Нема да се даде предупредување во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци
● со возила што се движат во спротивен правец
Page 210 of 309
208Возење и ракување● при возење на пат со многукривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај, возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзо
Деактивирање
Системот се деактивира во
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115. B
се гаси во групата инструменти.
Освен тоа, се огласува звучен
сигнал.
Состојбата на системот се
зачувува кога ќе го исклучите
палењето.Системот се деактивира
автоматски кога се влече
електрично поврзана приколка.
Поради лоши временски услови, како што е пороен дожд, може да се
случај погрешни откривања.
Дефект Во случај на дефект, на таблата со
инструменти трепка B неколку
секунди, заедно со R и со порака
на екранот. Контактирајте со
продавач или автомеханичар за да
се изврши проверка на системот.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на Инфо-екранот.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Вклучување
Ретровизорската камера сеактивира автоматски кога ќе се стави во рикверц.