OPEL GRANDLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.7 MB
Page 211 of 309

Возење и ракување209Функционалност
Камерата е монтирана во задната
врата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од еден метар
проектирани на сликата за да ја
определат оддалеченоста од
прикажаните предмети.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Деактивирање на наведувачките
линии
Наведувачките линии може да се
деактивираат на Инфо-екранот.
Изберете Поставки I Возило I
Откривање судир I Наведувачки
линии за ретровизорската камера I
§ .
Инфо-екран 3 112.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Исклучување
Камерата се исклучува кога ќе се
избере брзина за движење напред.
Ограничувања на системот
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● зракот од предните фарови свети директно во објективите
на камерата
● времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег
● објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задната врата ќе се отвори
● возилото влече електрично поврзана приколка, носач за
велосипеди и др.
Page 212 of 309

210Возење и ракување● возилото се судрило одзадната страна
● има екстремни промени на температурата
Систем за панорамски поглед
Овој систем овозможува приказите на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
360° на Инфо-екранот, како поглед
од птичја перспектива.
Системот користи: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● ултрасонични сензори за паркирање во задниот браник
● предна камера, што се наоѓа во
предната решетка под
амблемот
● ултрасонични сензори за паркирање во предниот браник
Екранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела. На десната
страна има приказ од горе, а на
левата има приказ од назад или од
напред. Сензорите за паркирање
ги комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Активирање
Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере лер (приказ од предната страна)
● ќе се избере рикверц (приказ од задната страна)
● ќе се активира рачно од Инфо-
екранот кога возите побавно од
20 км/ч
Функционалност Во левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во секое време при маневрирање со
притискање на полето за допир во
левата долна зона од екранот и со
избирање на приказ од изборникот
за избор на приказ:
● Стандарден приказ
● Автоматски режим
● Зумиран приказ
● Приказ од 180°
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
Page 213 of 309

Возење и ракување211Автоматскиот режим е активиран
стандардно. Во овој режим,
системот го избира најдобриот
приказ за прикажување,
стандарден или зумиран, според
информациите од сензорите за
паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Стандарден приказ
Стандардниот приказ се состои од
заден приказ и преден приказ.Заден приказНа екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори. Насоката на линиите се променува
со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии
претставуваат растојание од околу 1 м и 2 м.
Овој приказ е достапен во
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.Преден приказ
На екранот се прикажува областа
пред возилото. Вертикалните
линии ја претставуваат ширината
на возилото со отворени
ретровизори. Насоката на линиите
се променува со положбата на
воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на предниот браник
на возилото. Горнитехоризонтални линии
претставуваат растојание од околу 1 м и 2 м.
Овој приказ е достапен во
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.
Автоматски режим
Овој режим е активиран
стандардно. Со користење на
сензорите во задниот или предниот
браник, автоматскиот приказ се
променува од заден или преден
приказ на приказ од горе, како што
некоја пречка се приближува во
текот на маневрирањето.
Зумиран приказ
Page 214 of 309

212Возење и ракувањеКамерата ја снима околината на
возилото во текот на
маневрирањето за да го
реконструира погледот од горе од
задната или предната страна на
возилото на блиската околина.На
тој начин се овозможува
маневрирање на возилото околу
пречките во близина. Овој приказ е
достапен со автоматскиот режим
или во изборникот за избор на
приказ.
Приказ од 180°
Приказот од 180° го олеснува
возењето во рикверц при
излегување од место за паркирање
и на тој начин овозможува да го
забележите приближувањето на
возила, пешаци и велосипедисти.
Овој приказ не се препорачува за
изведување на целосен маневар.
Се состои од три области: лево 1,
средина 2 и десно 3. Овој приказ е
достапен само од изборникот за
избор на приказ.
Деактивирање
Системот за панорамски поглед се
деактивира при:
● возење побрзо од 20 км/ч
● седум секунди откако ќе извадите од рикверц
● со притискање на иконата q во
левиот горен агол од екранот на допир
● отворање на задната врата
Општи информации9 Предупредување
Системот за панорамски поглед
не го заменува видот на
возачот. Нема да прикаже деца,
пешаци, велосипедисти,
вкрстен сообраќај, животни или
какви било други предмети
надвор од областа на погледот
на камерата, на пример, под
браникот или под возилото.
Не возете и не паркирајте го
возилото само со помош на
системот за панорамски поглед.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Прикажаните слики може да се
подалеку или поблиску од тоа што се прикажува. Прикажаната
област е ограничена, а
објектите што се поблиску до
некој од рабовите на браникот
или под браникот не се
прикажани на екранот.
Ограничувања на системот
Внимание
За оптимална работа на
системот, важно е објективот од камерата во задната врата
Page 215 of 309

Возење и ракување213помеѓу светлата за
регистарската табличка и
објективот во предната решетка под амблемот секогаш да бидат чисти. Исплакнете ги
објективите со вода и
избришете ги со мека крпа.
Не чистете ги објективите со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем
притисок.
Системот за панорамски поглед може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија.
● Возилото влече приколка.
● Возилото имало судар.
● Има екстремни промени на температурата.
Предупредување за напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента ги следи
ознаките помеѓу кои вози возилото преку предна камера што се наоѓа
во горниот дел од шофершајбната.
Системот го предупредува возачот
во случај на ненамерно напуштање на лентата преку визуелни и
акустични сигнали.
Предупредување за напуштање
лента нема кога се вклучуваат
трепкачите и во периодот од
20 сек. откако трепкачите ќе се
исклучат.9 Предупредување
Овој систем е помош за возење
кој не може, во ниту еден случај, да ја замени потребата за
внимателност од страна на
возачот.
Активирање
По вклучување на палењето,
системот за предупредување за
напуштање лента се активира. Ако
системот е активиран, LED-
сијаличката во копчето ½ не свети.
За да го активирате системот кога
е деактивиран, притиснете ½.
Со системот може да се работи само при брзини на возилото над
60 км/ч и ако се обележени
лентите.
Page 216 of 309

214Возење и ракувањеКога системот ќе препознае
ненамерно напуштање на лентата,
контролната сијаличка ) трепка
жолто. Истовремено се активира мелодичен звук.
Деактивирање
За да го деактивирате системот,
притиснете и задржете ½. LED-
сијаличката во копчето светнува и
½ свети жолто во групата
инструменти.
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Во случај на дефект, на таблата со
инструменти се појавува H
заедно со порака на екранот и
предупредувачка мелодија.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Ограничувања на системот
Системот може да не работи
правилно кога:
● Брзината на возилото е под 60 км/ч.
● Шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешнипредмети, на пример,
налепници
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Неповолни временски услови како пороен дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни предмети, на
пример, налепници.
● Сонцето свети директно во објективот на камерата.
● Блиски возила напред.
● Возење по накосени патишта.
● Возење по работ на патот.
● Возење по патишта со лоши ознаки за лентите.
● Нагли промени на осветлувањето.
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.
Помош за задржување налента
Помош за задржување на лента помага да се избегнат судири како
резултат на ненамерно напуштање на лентата. Предната камера ги
следи ознаките на лентата по која
вози возилото. Ако возилото се
Page 217 of 309

Возење и ракување215приближи до ознаките за лентата,
воланот нежно се врти за да ја
врати положбата на возилото во
лентата. Тогаш возачот ќе
почувствува вртење на воланот.
Завртете го воланот во истата насока, ако управувањето со
системот не е доволно. Завртете го
воланот нежно во спротивната насока, доколку е планирана
промена на лентата.
Кога системот управува за да
изврши корекции на траекторијата
на возилото, a трепка во групата
инструменти.
Порака за предупредување во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија го
предупредува возачот кога е
потребно итно дејство од возачот.
Системот не претпоставува
ненамерно напуштање лента кога
се вклучуваат трепкачите и во
период од 20 секунди откако
трепкачите ќе се исклучат.Забелешка
Системот може да биде исклучен, ако детектира ленти, кои се
премногу тесни, премногу широки
или криви.
Треба да се исполнат следниве
предуслови:
● брзината на возилото мора да биде помеѓу 65 км/ч и 180 км/ч
● возачот мора да го држи воланот со двете раце
● трепкачите не се вклучуваат при промената на насоката на
движење
● Електронската контрола на стабилноста е активирана, но
не работи
● возилото не е поврзано со приколка или носач на
електричен велосипед
● вообичаено возење (системот открива динамичен стил на
возење, т.е. притисок на
педалите за сопирачките или гаста)
● патишта со лоши обележувања
на лентите● не се користи резервно тркало
● возачот треба да биде активен
при корекцијата
● возилото не се вози во тесна уличка
Активирање
Ако системот е активиран, LED-
сијаличката во копчето Ó не свети.
За да го активирате системот кога
е деактивиран, притиснете Ó.
Системот работи при брзини на
возилото помеѓу 65 км/ч и 180 км/ч и ако лентите може да се откријат.
Возачот мора да го држи воланот
со двете раце. Системот за
Page 218 of 309

216Возење и ракувањеелектронска контрола на
стабилноста мора да биде
активиран.
Контролната сијаличка a трепка
жолто при коригирањето на
насоката на движење.
Ако возачот сака да ја задржи
насоката на движење на возилото,
може да го спречи коригирањето
така што цврсто ќе го стегне
воланот, на пример, при маневар
за избегнување. Коригирањето се
прекинува ако се вклучат
трепкачите.
Нема коригирање кога се
вклучуваат трепкачите и во
периодот од 20 сек. откако
трепкачите ќе се исклучат.
Ако системот открие дека возачот
не го држи воланот доволно цврсто во текот на автоматската корекција
на насоката на движење, тогаш ја
прекинува корекцијата. Порака за
предупредување во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија го
предупредува возачот кога е
потребно итно дејство од возачот.Деактивирање
За да го деактивирате системот,притиснете и задржете Ó.
Деактивирањето на системот се
потврдува со вклучување на LED-
сијаличката во копчето. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажани полни сиви
линии.
Дефект Во случај на дефект, на таблата со
инструменти се појавуваат a и
H заедно со порака на екранот и
предупредувачка мелодија.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Ограничувања на системот
Перформансите на системот може
да бидат под влијание на:
● шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешни
предмети, на пример,
налепници
● блиски возила напред
● накосени патишта● кривулести или ридски патишта
● рабови на патот
● нагли промени на осветлувањето
● неповолни временски услови, на пример, силен дожд или
снег
● промени кај возилото, на пример, гуми
Исклучете го системот, ако
системот е попречен од мрсни
дамки, сенки, пукнатини на патот,
привремени или градежни
обележувања на лентата или други видови на неповолности.9 Предупредување
Секогаш задржете го Вашето
внимание на патот и одржувајте ја соодветната позиција на
возило во лентата на патот,
Page 219 of 309

Возење и ракување217инаку може да дојде до
оштетување на возилото,
повреди или смрт.
Помошта за држење на лентата
не го управува возилото
постојано.
Системот може да не го
одржува возилото во лентата
или да даде предупредување,
дури и ако се откријат ознаките
за лентата.
Управувањето со помошта за задржување на лента можеби
не е доволно за да се избегне
излегувањето од лента.
Системот може да не открие
возење без раце поради
надворешни влијанија, како што се состојба на патиштата и
површината и временските
услови. Возачот има целосна
одговорност за контрола на
возилото и секогаш е потребно
да ги задржи рацете на воланот
за време на возењето.Користење на системот при
влечење на приколка или на
лизгави патишта може да
предизвика губење на контрола над возилото и незгода.
Исклучете го системот.
Предупредување за
возачот
Системот за предупредување за
возачот го следи времето
поминато во возење и
внимателноста на возачот.
Следењето на внимателноста на
возачот се заснова врз промената
на насоката на возилото во
споредба со ознаките на лентата.
Системот вклучува
предупредување за времето
поминато во возење во
комбинација со откривање на
поспаноста на возачот.
9 Предупредување
Системот не може да ја замени
потребата за внимателност од
страна на возачот. Се
препорачува да правите пауза
штом ќе се почувствувате
изморени или најмалку на секои два часа. Не возете ако се
чувствувате изморени.
Активирање или деактивирање
Системот може да се активира илидеактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 115
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе се исклучи
палењето.
Предупредување за времето на
возење
Возачот добива појавен симбол за
потсетување € во
Информативниот центар за
возачот заедно со акустично
предупредување ако не направил
пауза по два часа возење со
брзина поголема од 65 км/ч.
Предупредувањето се повторува
на секој час додека возилото не
запре, без оглед на тоа како се
менува брзината на возилото.
Page 220 of 309

218Возење и ракувањеБроењето на предупредување за
времето на возење се ресетира
кога палењето ќе се исклучи
неколку минути.
Откривање на поспаноста на
возачот
Системот го следи нивото навнимателност на возачот.
Камерата во горниот дел од
шофершајбната ги открива
промените на насоката во
споредба со ознаките на лентата.
Системот е особено погоден за
брзи патишта (со брзини поголеми
од 65 км/ч).
Ако насоката на возилото укажува
на одредено ниво на поспаност или невнимание на возачот, системот
го активира првото ниво на
предупредување. Возачот добива
известување преку порака и се
слуша звучен сигнал.
По првите три нивоа на
предупредување, системот
активира ново предупредување со
порака заедно со погласен звучен
сигнал.Во одредени услови на возење
(лош пат или силни ветрови),
системот може да дава
предупредувања независно од
нивото на внимателност на
возачот.
Откривањето на поспаноста на
возачот се активира повторно кога
палењето ќе се исклучи на неколку
минути или ако брзината се
одржува под 65 км/ч неколку
минути.
Ограничувања на системот Во следниве ситуации, системот
може да не работи правилно или
дури и да не работи воопшто:
● лоша видливост поради несоодветно осветлување на
патот, врнежи од снег, пороен
дожд, густа магла и сл.
● заслепување од фарови од возила што доаѓаат, ниско
сонце, одблесоци од влажни
патишта, излегување од тунел, менување на светло и сенка.● областа на шофершајбната пред камерата е покриена со
нечистотија, снег, налепници и
сл.
● не се откриени ознаки за лента
или има повеќе ознаки за лентапоради работи на патот
● блиски возила напред
● кривулести патишта или тесни патишта