OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Page 251 of 363
Нега на возилото249Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од мрзнење
до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Кај друг модел линијата за
означување на полнењето е
внатре во отворот за полнење. За
проверување отворете го
капачето.
Дополнително коло за ладење за турбо мотор
Садот за средството за ладење е
фиксиран кај куќиштето на
прочистувачот за воздух.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Page 252 of 363
250Нега на возилото
Општо9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз. За правилниот
однос на мешањето видете на
садот со течноста за миење.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелинана облогата на сопирачките, се слуша чкрипење при сопирање.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Page 253 of 363
Нега на возилото251
Течноста за сопирачките мора да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности во системот на сопирачки. Нека Ви ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото. Течност за
сопирачките и за куплунгот 3 300.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање-поаѓање се опремени со оловно- киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се
опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото подолго од 4 седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 151.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Page 254 of 363
252Нега на возилото
Акумулаторот на возилото е
покриен. Извадете го капакот за да го замените акумулаторот. Кренете
го капакот од задната страна и
откачете го однапред.
Кога се заменува акумулаторот, Ве молиме да се уверите дека нема
отворени дупки за проветрување во близина на позитивната клема.
Ако некоја дупка за проветрување
е отворена во тој предел, треба да
се затвори со нешто што личи на
капаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
го замените акумулаторот AGM
(Absorptive Glass Mat) со
акумулатор AGM повторно.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење на акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 289.
Page 255 of 363
Нега на возилото253
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:■ Без искри, отворени огнови или пушење.
■ Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се остави целосно да се испразни, системот за дизел
гориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Кренете ја рачката на бришачот и
отворете ја спојката за држење.
Page 256 of 363
254Нега на возилото
Откачете ја четкичката на
бришачот и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Притиснете ги двете спојки на
рачката, ослободете ја четкичката
на бришачот и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата! Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Page 257 of 363
Нега на возилото255Халогенски предни
фарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Преден трепкач (3)
Бихалогенски преден фар (1)
Од левата страна на возилото,
повлечете го цревото од
резервоарот со течност за миење на шофершајбната.
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
Page 258 of 363
256Нега на возилото
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на ламбата од кабел штекерот соблаго виткање на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја во штекерот.
5. Вметнете го држачот насијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот и вртете ги десно за да се
затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за дневно возење (2)
1. Свртете го капачето налево и извлечете го од фарот.
2. Притиснете ги јазичињата заприцврстување заедно и
извадете ја фасонката од
куќиштето.
Page 259 of 363
Нега на возилото257
3. Извадете ја ламбата одфасонката влечејќи ја.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
5. Вметнете ја фасонката во куќиштето и оставете да се
заглави.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странични/Светла за дневно
возење со LED-сијалици
Кај другите верзии страничните и
светлата за дневно возење се
конструирани како LED-сијалици.
Во случај на дефект, нека ви ги
заменат на сервис.Преден трепкач (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето.
2. Притиснете ја сијалицата во фасонката нежно, завртете ја
обратно од правецот на стрелките на часовникот и
извадете ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
4. Монтирајте ја фасонката во фарот, свртете надесно да се
заглави.
Page 260 of 363
258Нега на возилотоКсенонски предни
фарови9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте
го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Страничните светла за дневно возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.