OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Page 281 of 363
Нега на возилото279
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Капаци на тркалата
Гумите со големина 245/35 R20
имаат специални капаци. За
вадење на капакот од
демонтираното тркало прво
откачете ги рачките едно по друго.
Потоа притиснете го капакот во
средниот предел одзади и
извадете го.
За составување прво дотерајте го
капакот на тркалото на тој начин
дека ногарката за местење на
положбата ќе се вклопи во
процепот.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Хечбек со 5 врати, Лимузина со 4 врати, Спортс турер
Синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
205/60 R 16, 215/60 R 16,
225/55 R 17, 225/45 R 18,
225/50 R 17 и 235/45 R 18.
Country Tourer
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
235/45 R 18.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Page 282 of 363
280Нега на возилото
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 mm или што се на
страничниот ѕид на гумата не може
да се поправат со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
преградата под капакот на подот во товарниот простор.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
Page 283 of 363
Нега на возилото281
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Page 284 of 363
282Нега на возилото
Притисок во гумите 3 329. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
врз слободната врска на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Page 285 of 363
Нега на возилото283
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слуша необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот за најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од
околу -30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 279.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
цврста и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право.■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 286.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
■ Исчистете ги завртките и шарите
на тркалото со чиста крпа пред
да го монтирате тркалото.
Page 286 of 363
284Нега на возилото9Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната со
куката. Прирачен алат 3 273.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
3. Некои верзии може да имаат покриено место за ставање на
дигалката. Извлечете го
капакот странично.
Page 287 of 363
Нега на возилото285
4. Уверете се дека дигалката еправилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
5. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од
земјата.
6. Отшрафете ги навртките на тркалото.
7. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 286.
8. Зашрафете ги навртките на тркалото.
9. Спуштете го возилото.
10. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 150 Nm.
11. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на
навртките на тркалото.
12. Наместете го капакот на местото за дигалката.
13. Складирајте ги заменетото тркало 3 286 и прирачните
алати 3 273.
14. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Page 288 of 363
286Нега на возилото
Положба за кревање за
платформа
Положба за задниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот.
Page 289 of 363
Нега на возилото287
За да го извадите:1. Отворете го капакот на подот.
2. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Свртете ја пеперужната
навртка налево и извадете го
резервното тркало.
Под резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало вовдлабнатината за резервното
тркало, прицврстете ја кутијата
со алатот со завртување на
пеперужната навртка и
затворете го капакот на подот.
Одложување на заменетото
тркало во вдлабнатината за резервното тркало
Вдлабнатината за резервното
тркало не е предвидена за гуми од
сите дозволени големини. Ако
треба да се стави тркало пошироко од резервното во вдлабнатината
за резервно тркало, завртката за
монтирање на тркалото мора да сезамени со подолгата завртка што
се наоѓа во кутијата со алатот
3 273 . За да ја замените завртката:
■ Извадете ја кутијата со алатот од
вдлабнатината за резервното
тркало.
■ Поставете ја шестаголната глава
на клучот за тркалата уверувајќи
се таа е добро поставена врз
завртката.
■ Завртете го клучот за тркалата налево за да ја разлабавите
завртката. Извадете ја
завртката.
■ Земете ја долгата завртка од кутијата со алатот 3 273 и
прицврстете ја со рака со
имбусот на клучот за тркалата.
■ Одложете ги кутијата со алатот и
оштетеното тркало од
надворешната горна страна на
вдлабнатината за резервното
тркало и прицврстете ги вртејќи
ја пеперужната навртка надесно
на завртката.
Подниот капак може да се стави
врз испакнатото тркало.
За да го ставите резервното тркало во вдлабнатината откако ќе го
поправите неисправното тркало,
Page 290 of 363
288Нега на возилото
повторно употребете ја кратката
завртка. Заменете ја завртката на
истиот начин.9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги тркалото, дигалката и алатите секогаш во
оригиналните складишни места
и прицврстувајте ги со
фиксирање.
Привремено резервно тркало
Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 279.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.