OPEL INSIGNIA 2015 Прирачник за инфозабавата

Page 91 of 165

Навигација91
■ Оддалеченост до најблискатаулица на маршрутата.
■ Очекувано време на пристигнување при доаѓање до
следната улица.
За приказ на сите достапни
информации за одреден список со
ставки, изберете ја соодветната
ставка од списокот и потоа
изберете го екранското копче Info
(Информации) на горниот дел од
екранот.
Прикажување на списокот со точки на патот
Списокот со точки на патот ги
прикажува сите точки на патот од
пресметаното патување со точки
на патот, почнувајќи од следната
точка на патот.
Допрете го копчето со стрелка за
приказ на изборникот за водење
низ маршрутата на екранот и
изберете го табулаторот
WAYPOINTS (ТОЧКИ НА ПАТОТ) .
Се прикажува списокот со точки на патот.
Секоја ставка на списокот може да
ги прикажува следниве
информации:
■ Име или адреса на точката на патот.
■ Растојанието до следната точка на патот.
■ Очекувано време на пристигнување при доаѓање до
следната точка на патот.
Оптимизирање на патувањето со
точки на патот
Доколку се додадат неколку точки
на патот и патувањето со точки на
патот се измени неколку пати,
можеби би сакале точките на патот
повторно да се уредат на
најефикасен начин.
Изберете го табулаторот
OPTIMISE (ОПТИМИЗИРАЈ) .
Почекајте додека списокот со точки
на патот се ажурира.
Изберете го екранското копче Save
(Сочувај) на горниот дел од
екранот и зачувајте ги измените.
Уредување на патувањето со точки
на патот
За уредување на патувањето со
точки на патот по ваша желба,
допрете го копчето со стрелка за
приказ на изборникот за водење
низ маршрутата и изберете го
табулаторот EDIT (УРЕДИ) . Се
прикажува списокот со точки на
патот.
За промена на позицијата на
точките на патот во списокот,
изберете ги симболите ▲ или ▼ веднаш до соодветните ставки од
списокот.
За бришење на точка на патот од списокот, изберете го симболот ☓.

Page 92 of 165

92Навигација
За детален опис на начинот на
додавање нови точки на патот,
видете „Додавање точка на
патот“ погоре.
Изберете го екранското копче Save
(Сочувај) на горниот дел од
екранот и зачувајте ги измените.

Page 93 of 165

Препознавање говор93Препознавање говорОпшти информации...................93
Употреба ..................................... 96Општи информации
Вградена функција запрепознавање говор Вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем
овозможува ракување со различни
функции на инфозабавниот систем
со глас. Таа приметува наредби и
нумерички низи независо од
односниот говорник. Наредбите и
низа на броеви може да се кажат
без пауза во зборувањето помеѓу
поединечните зборови.
Во случај на неправилно ракување
или наредби, препознавањето
говор дава визуелна и/или звучна
повратна информација и бара
повторно да ја внесете саканата
наредба. Покрај тоа, контролата на
гласот потврдува важни наредби и
ќе се распраша ако е потребно.
Во основа, постојат три различни
начини за изговарање наредби за
да може да се извршат саканите
активности. Повеќето од нив, со
исклучок на записот за дестинацијаи гласовната табла со копчиња,
може да се извршат со единствена наредба.
Ако се потребни повеќе активности
за да се изврши наредба,
постапете како што следува:
Во првата наредба го наведувате
видот на активноста што сакате да
се изврши, како „Запис за
дестинација за навигација“.
Системот одговара со пораки што
ве водат низ дијалог за внесување
на неопходните информации. На
пример, ако е потребно водење низ маршрутата до дестинацијата,
кажете „Навигација“ или „Запис за дестинација“.
Забелешка
За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето говор
не се вклучува додека не се
активира.

Page 94 of 165

94Препознавање говор
Важни информацииЈазична поддршка■ Не сите достапни јазици за приказ на Инфозабавниот
систем се достапни и за
препознавање говор.
■ Доколку моментално избраниот јазик за приказ не е поддржан од
функцијата за препознавање
говор, тогаш препознавањето
говор не е достапно.
Во тој случај, треба да изберете
друг јазик за приказ, ако сакате
да го контролирате
инфозабавниот систем со
говорни влезни информации. За
промена на јазикот на приказ,
видете „Јазик“ во поглавјето
„Поставки за системот“ 3 48.Внесување адреса за дестинации
во странство
Доколку сакате да внесете адреса
на дестинација во странство преку
гласовна влезна информација,
треба да го смените јазикот на
инфозабавниот екран на јазикот на странската земја.На пример, доколку екранот е
моментално поставен на англиски
и сакате да внесите име на град
лоциран во Франција, треба да
смените јазикот на приказ на
француски.
Исклучоци: Ако сакате да внесете
адреси во Белгија, може да
изберете француски или
холандски јазик на приказ. За
адреси во Швајцарија, може да го
смените јазикот на приказ во
француски, германски или
италијански.
За промена на јазикот на приказ,
видете „Јазик“ во поглавјето
„Поставки за системот“ 3 48.Редослед на внес на адресите на
дестинацијата
Редоследот по кој деловите од
адресата треба да се внесуваат со користење на системот за
препознавање говор зависи од
земјата каде што се наоѓа
дестинацијата.■ Австрија, Германија:
<град> <улица> <број>
■ Белгија, Велика Британија, Франција:
<број> <улица> <град>
■ Италија, Португалија, Русија, Холандија, Швајцарија, Шпанија:
<улица> <број> <град>
Поставување на функцијата за
препознавање говор
Може да се извршат неколку
поставки и приспособувања за
вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем.
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) .
Изберете ја ставката Voice (Глас)
од изборникот за да го внесете
односниот подизборник.

Page 95 of 165

Препознавање говор95
Confidence Threshold (Праг на
доверба)
Во зависност од избраните опции
во соодветниот подизборник,
функцијата за препознавање говр е помалку или повеќе „доверлива“ во
точното тазбирање на вашите
наредби.
Confirm More (Потврдувај повеќе) :
Доколку се избере, системот бара
релативно често да ги потврдувате вашите наредби. Следствено,
системот извршува точни
активности во повеќето случаи.Confirm Less (Потврдувај помалку) :
Доколку се избере, системот помалку често бара да ги
потврдувате вашите гласовни
влезни информации. Следствено, системот може понекогаш
погрешно да ги протолкува
наредбите и да не ја изврши
точната активност.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката
Confirm More (Потврдувај повеќе)
може да ви биде од корист. Како
што ќе стекнувате поголемо
искуство, т.е. ќе научите како да ги
изговарате наредбите на начин
што функцијата за препознавање
говор точно ќе ве разбира,
користењето на поставката
Confirm Less (Потврдувај
помалку) може да биде од корист.Prompt Length (Должина на
известување)
Должината и деталноста на
прашањата и изјавите што ги дава
функцијата за препознавање говор може да се приспособат во
односниот подизборник.Audio Feedback Speed (Брзина на
чујните повратни информации)
Брзината со која функцијата за
препознавање говор поставува
прашања или дава изјави може да
се приспособат во односниот
подизборник.
Ако се избере Medium (средно) ,
стапката на говор на системот
одговара на природен говор.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката Long
(Долго) може да ви биде од
корист. Како што стекнувате
искуство, ќе може да ја користите
поставката Short (Кусо) .

Page 96 of 165

96Препознавање говор
Апликација за пренесување
на гласот
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон. Видете во корисничкото
упатство на производителот на
смартфонот за да видите дали
смартфонот ја поддржува оваа
функција.
Употреба
Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете го копчето w на левата
страна од воланот.Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба и изборник за
помош со најважните достапни
команди се прикажува на
информативниот центар за
возачот.
Штом функцијата за препознавање говор ќе биде подготвена за
гласовен инпут, ќе слушнете
сигнал. Симболот за
препознавање на говор во горниот лев агол на изборникот за помошод бел станува црвен.
Сега може да кажете говорна
наредба за директно почнување
системска функција (на пр.,
пуштање претходно поставена
радио станица) или да почнете
дијалошка низа со неколку
дијалошки чекори (на пр.
внесување адреса на дестинација),
видете во „Работа со гласовни
наредби“ во продолжение.
Откако ќе заврши дијалошката
низа, препознавањето говор се
деактивира автоматски. За да
почнете друга дијалошка низа,
треба повторно да го активирате
препознавањето говор.Активирање преку екранското
копче VOICE (ГЛАС) на
централниот екран
Изберете го екранското копче
VOICE (ГЛАС) на интерактивната
лента од главниот изборник на
централниот екран.
Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба и изборник за

Page 97 of 165

Препознавање говор97
помош со најважните достапни
команди се прикажува на
централниот екран.
Штом функцијата за препознавање говор ќе биде подготвена за
гласовен инпут, ќе слушнете
сигнал. Симболот за
препознавање на говор на десната страна од изборникот за помош од
црн станува црвен.
Сега може да ја изговорите
наредбата, видете го описот
погоре.
Приспособување на гласноста на
гласовните пораки
Притиснете го копчето ! / # на
десната страна од воланот нагоре
(зголемување на гласноста) или
надолу (намалување на
гласноста).
Прекинување на гласовна порака
Како искусен корисник, може да ја
прекинете гласовната порака со
кусо притискање на копчето w на
воланот.
Веднаш ќе слушнете сигнал,
симболот за препознавање говор
станува црвен, а наредбата може
да се изговори без да се чека.Откажување дијалошка низа
Ова се различни можности за
прекинување на дијалошката низа
и за деактивирање на функцијата
за препознавање говор:
■ Кажете „ Откажи“, или „Излези “.
■ Притиснете го копчето n на
левата страна од воланот.
■ Ако сесијата за препознавање говор беше активирана преку
екранското копче VOICE (ГЛАС)
на централниот екран, може да:
◆ Притиснете го копчето ; на
таблата со инструменти.
◆ Изберете ги екранските копчиња m или Exit (Излез) во
изборникт за помош.

Page 98 of 165

98Препознавање говор
Во следниве ситуации дијалошкитенизи се откажуваат автоматски:
■ Ако не кажете наредба одреден временски период (основно е
трипати да добиете потсетник да
кажете наредба).
■ Ако кажувате наредби што системот не ги препознава
(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете правилна
наредба).
Ракување преку говорни наредби Функцијата за препознавање говор
може да ги разбере наредбите што
се природно наведени во форма на
реченица или директните наредби
со наведување апликација и
активност.
За најдобри резултати: ■ Слушнете ја гласовната порака и
почекајте го сигналот пред да ја
изговорите наредбата или да
одговорите.
■ Кажете „ Помош“ или прочитајте
ги командите наведени како
пример на екранот.■ Говорниот потсетник може да се прекине со повторно притискањена копчето w.
■ Почекајте го сигналот и потоа природно изговорете ја
наредбата, ниту пребрзо, ниту
пребавно. Користете кратки и
директни наредби.
Вообичаено телефонските и аудио
наредбите може да се изговорат
како единствена наредба. На
пример, „Повикај го Давид
Симоновски на работа“,
„Пушти“ проследено со името на
изведувачот или песната или „Оди
на“ проследено со
радиофреквенција и бранова
должина.
Меѓутоа, дестинациите за
навигација се премногу сложени за една наредба. Прво, изговорете јанаредбата што го објаснува видот
на саканата дестинација, како на
пример „Насоки до адреса“,
„Навигација до клучка“, „Најди
место од интерес“ или „Насоки до
контакт“. Системот реагира со тоа
што ќе побара повеќе детали.Кога пребарувате „Место од
интерес“, само главните синџири
може да се изберат по име.
Синџири се деловни субјекти со
најмалку 20 локации. За други
места од интерес, изговорете го името на категоријата, како
„Ресторани“, „Шопинг центри“ или
„Болници“.
Системот полесно ги разбира
директните наредби, на пример,
„Повикај 01234567“. Примери на
вакви директни наредби се
прикажани на екранот додека е
активна сесијата за препознавање
говор.
Доколку кажете „Телефон“ или
„Телефонски наредби“, системот
разбира дека сакате да
воспоставите телефонски повик и
одговара со соодветни прашања,
додека не се соберат доволно
детали. Ако телефонскиот број е
сочуван со име и место, директната наредба треба да ги вклучува и
двете, на пример „Јави му се на
Даре на работа“.

Page 99 of 165

Препознавање говор99
Избирање ставки од список
Откако ќе се прикаже список,
гласовна порака бара да потврдите или изберете ставка од тој список.
Ставката од списокот може да се
избере рачно или со изговарање на редниот број на ставката.
Списокот на екранот за
препознавање говор функционира
исто со список на другите екрани.
Рачното лизгање низ списокот на
екранот во текот на сесија за
препознавање говор ја прекинува
моменталната активност за
препознавање говор и активира
порака како „Изберете од списокот
со користење на рачните контроли,
притиснете го задното копче на предната плоча или притиснете го
задното екранско копче за да се
обидете повторно“.
Доколку нема можност за рачен
избор во рок од 15 секунди,
сесијата за препознавање говор
прекинува, ве известува порака и се враќа претходниот екран.Наредба „Назад“
За враќање на претходниот
изборник, може да кажете „ Назад“,
притиснете го копчето k BACK на
таблата со инструменти или
притиснете го екранското копче m.Наредба „Помош“
Откако ќе кажете „ Помош“,
пораката за помош за
моменталниот екран ќе биде
гласно прочитана. Дополнително,
пораката е биде прикажана на
екранот.
Во зависност од начинот на
активирање на функцијата за
препознавање говор, пораката за
помош се прикажува на
информативниот центар за
возачот или на централниот екран.
За прекин на пораката за помош,
притиснете го копчето w. Се
огласува сигнал. Може да ја
изговорите наредбата.Апликација за пренесување
на гласот
Активирање на контролата на
гласот
Изберете ја иконата PHONE
(ТЕЛЕФОН) (со симбол микрофон)
на почетниот екран. Се прикажува
изборникот за апликацијата за
пренесување на гласот.
Изберете го екранското копче Start
(Палење) за да ја активирате
сесијата за препознавање говор.

Page 100 of 165

100Препознавање говор
Штом го слушнете сигналот може
да ја изговорите наредбата. За
список со поддржани наредби
видете го корисничкото упатство
на производителот на смартфони.
Во текот на сесијата за
препознавање говор, екранот на
инфозабавниот систем не се
менува.
Исклучок: Ако иницирате
телефонски повик преку говорна
наредба, се прикажува изборникот
за телефон на инфозабавниот
систем, како и достапните рачни
интеракции, се додека
телефонскиот повик е активен.
Прекинување на гласовна порака
Како искусен корисник, може да ја
прекинете гласовната порака со
избор на екранското копче Stop
(Стоп) .
Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Изберете го екранското копче Exit
(Излез) . Повторно се прикажува
почетниот екран на
инфозабавниот систем.

Page:   < prev 1-10 ... 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 ... 170 next >