OPEL INSIGNIA 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015Pages: 165, PDF Size: 2.66 MB
Page 61 of 165

ЦД-уред61ЦД-уредОпшти информации...................61
Употреба ..................................... 62Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA.Внимание
Не ставајте под никакви услови
ДВД-а, сингл ЦД-а со пречник од
8 см или ЦД-а со посебен облик
во аудио плеерот.
Немојте да ставите налепници
на ЦД-ата. Тие дискови може да се заглават во единицита за ЦД
и да ја расипат единицата.
Тогаш неопходна ќе биде скапа
замена на уредот.
Важни информации за аудио
ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA ■ Следните ЦД формати можат да се користат:
CD, CD-R и CD-RW.
■ Следните формати на датотеки можат да се користат:
ISO9660 Ниво 1, Ниво 2, ( Romeo,
Joliet).
Датотеки во MP3 и WMA запишани во било кој формат освен наброените погоре можеда не се репродуцираат
правилно, и нивните имиња на
датотеки и имиња на папки може да не се прикажуваат правилно.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или воопшто да не се репродуцираат.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување
(CD-RW ) се поранливи во поглед
на неправилното ракување од однапред запишаните ЦД-а.
Правилно ракување треба да се
обезбеди, особено во случај на
самозапишаните ЦД-а за
запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување може
Page 62 of 165

62ЦД-уред
да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат.
■ На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
■ Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за да се заштитат од оштетувања и
валканост.
■ Валканоста и течностите на ЦД- ата можат да ги замачкаат леќите
на аудио плеерот внатре во
уредот и да предизвикаат
дефекти.■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
■ Следните ограничувања важат за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:
Максимален број датотеки/
песни: 800.
Максимален број папки во
хиерархија: 8.
WMA дадотеки со дигитално ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
Фајловите WMA може да се
репродуцираат безбедно само
ако биле направени со Windows
Media Player верзија 9 или
понова.
Применливи проширувања на списоците со
репродукции: .m3u, .pls.
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.Забелешка
Ова поглавје се занимава само со репродуцирањето на датотеки во
MP3 формат, бидејќи ракувањето
со датотеките во MP3 и во WMA е
исто. Кога ќе се вчита ЦД со
фајлови WMA, се прикажуваат изборници поврзани со MP3.
Употреба
Започнување репродукција од ЦД Вметнете аудио или MP3 ЦД со
страната со етикетата свртена
нагоре во отворот за ЦД додека не
се вовлече.
Постојано притискајте го копчето
MEDIA за да ја активирате
функцијата за ЦД.
Page 63 of 165

ЦД-уред63
Вадење на ЦД
Притиснете го копчето R. ЦД-то се
турка нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото ќе се
повлече повторно назад по неколку секуди.
Функциски копчиња
Паузирање на репродукцијата
на ЦД
Изберете го екранското копче = за
паузирање на репродукцијата.
Изберете го екранското копче l за
продолжување со репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете ги копчињата t или v
за репродукција на претходната
или следната песна.
Или пак, вртете го копчето MENU
за да преминете на претходните или следните песни.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени копчињата
t или v за премотување назад
или напред.
Список со песни
За приказ на списокот со песни,
може да:
■ Допрете каде било на екранот
■ Изберете го екранското копче BROWSE (РАЗГЛЕДУВАЊЕ) на
левата страна од екранот
■ Свртете го копчето MENU.
Се прикажува списокот со песни.
Забелешка
Песната што моментално се
репродуцира е истакната.Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.
Забелешка
Најдете детален опис за
прелистување на MP3 ЦД-иња
3 67.
Изборник за ЦД За приказ на менито за ЦД,
изберете го екранското копче
MENU (ИЗБОРНИК) на
интерактивната лента за избор.
Поставки за тонот
Побарајте детален опис 3 47.
Произволно
Ако Shuffle (Мешање) е поставен
на On (Вклучување) , сите песни на
активното ЦД се репродуцираат по случаен избор.
Наместете го Shuffle (Мешање) на
On (Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Автоматско поставување на
гласноста
Побарајте детален опис 3 48.
Page 64 of 165

64Надворешни уредиНадворешни уредиОпшти информации...................64
Репродукција на звук .................67
Репродукција на филмови .........69Општи информации
Приклучоците за AUX, USB и SD-
картичка за поврзување со
надворешни уреди се лоцирани
под потпирачот за раце на
централната конзола. Најдете
детален опис за подигнување на
потпирачот за раце во
Сопственичкиот прирачник.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
AUX приклучок
Може да се приклучи, на пр., iPod
или друг дополнителен уред во
приклучокот AUX.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува преку дополнителниот
уред.
Поврзување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во влезниот
приклучок AUX на инфозабавниот
систем, употребете го следниот
кабел:
со 3 дела за аудио-извор.
За исклучување на AUX-уред,
изберете друга функција и
отстранете го AUX-уредот.
Page 65 of 165

Надворешни уреди65
Функција за звук од AUX
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се содржани на дополнителните
уреди, на пр. iPod или смартфон.
Приклучок за USB MP3-плеер, USB-уред, iPod или
смартфон може да се приклучат на
приклучокот за USB.
Кога се поврзани со приклучокот
за USB, со споменатите уреди
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МP3-
плеери, уреди USB, iPod или
паметни телефони.
Поврзување/откачување уред
Приклучете го уредот USB или iPod
во приклучокот USB. За iPod,
користете го соодветниот кабел за
поврзување.Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, ќе се појави соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја меморијата USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од USB
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на мемории USB ili производи iPod/
iPhone.
Функција за филмови од USB
Инфозабавниот систем може да
прикажува филмови содржани на
меморија USB.
SD-картичка
SD-картичката може да се вметне
во просторот за SD-картички.
Откако ќе ја вметнете, со SD-
картичката може да се ракува
преки контролите и изборниците на инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите видови SD-
картички.
Внетнување/отстранување
SD-картичкаВнимание
Никогаш не користете SD-
картичка што е напукната,
деформирана или лепена со
лента. Така може да ја оштетите
опремата.
Вметнете ја SD-картичката во
просторот за SD-картички како што е прикажано во продолжение.
Музичката функција почнува
автоматски.
Page 66 of 165

66Надворешни уреди
Забелешка
Ако се поврзе SD-картичка што не може да се прочита, ќе се појави
соодветна порака за грешка и
инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли на
претходната функција.
За да ја отстраните SD- картичката,
најпрвин активирајте друга
функција. Потоа, нежно турнете ја
SD-картичката подлабоко. SD-
картичката ќе биде исфрлена и ќе може да ја отстраните.
Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Функција за филмови од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира филмски датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, MP3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
Побарајте детален опис за
поврзување Bluetooth 3 102.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на уредите со
Bluetooth, на пр. iPod или
смартфон.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Page 67 of 165

Надворешни уреди67
Инфозабавниот систем може да ги
репродуцира следните аудио и
филмски датотеки зачувани на
надворешни уреди.
Аудио фајлови
Формати на аудио датотеки што
можат да се репродуцираат се
.mp3, .wma, .аас, .m4а и .aif.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Филмски фајлови
Формати на филмски датотеки што
може да се репродуцираат се
.avi, .mpg, .mp4, .xvid и .wmv.
Се поддржуваат и вообичаени
аудио и видео комбинации за
мобилни уреди.
Репродукција на звукЗапочнување репродукција
Доколку не е поврзан, поврзете го
уредот 3 64.Притискајте го копчето MEDIA за
да го активирате саканиот
мултимедијален извор.
На пример: главен изборник за
USB.
Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се
достапни.
Паузирање на репродкцијата
Изберете го екранското копче = за
паузирање на репродукцијата.
Изберете го екранското копче l за
продолжување со репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете ги копчињата t или v
за репродукција на претходната
или следната песна.
Или пак, вртете го копчето MENU
за да преминете на претходните или следните песни.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени копчињата
t или v за премотување назад
или напред.
Функција за прелистување Забелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за AUX и Bluetooth, како
извори на медиум.
Page 68 of 165

68Надворешни уреди
За приказ на екранот за
прелистување, може да:
■ Допрете каде било на екранот
■ Изберете го екранското копче BROWSE (РАЗГЛЕДУВАЊЕ) на
левата страна од екранот
■ Свртете го копчето MENU.
Изберете PLAYLISTS (МУЗ.
ЛИСТИ) , ARTISTS ( ИЗВЕДУВАЧИ) ,
ALBUMS (АЛБУМИ) , SONGS
(ПЕСНИ) , GENRES (ЖАНРИ) или
MORE (ПОВЕЌЕ) . MORE
(ПОВЕЌЕ) вклучува дополнителни
категории: Podcasts (Подкасти) ,
Audiobooks (Аудио книги) , Videos
(Видеа) и Composers
(Композитори) .
Прелистувајте низ категориите
додека да ја најдете саканата
песна. Изберете песна за да
започне репродуцирањето.
Изборници за аудиоЗа приказ на соодветниот изборник
за аудио, изберете го екранското
копче MENU (ИЗБОРНИК) од
интерактивната лента за избор.
Забелешка
Не се достапни сите ставки во
сите изборници за звукот.Поставки за тонот
Побарајте детален опис 3 47.
Произволно
Ако Shuffle (Мешање) е активиран,
песните на активниот уред се
репродуцираат по случаен избор.
Забелешка
При репродуцирање од USB, SD
или iPod, функцијата за
произволно репродуцирање
зависи од режимот на
филтрирање што е избран за
репродуцирање на песната, на пример, албум, изведувач, жанр.
Наместете го Shuffle (Мешање) на
On (Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Автоматско поставување на
гласноста
Побарајте детален опис 3 48.
Управување со Bluetooth-уреди
(достапно само во изборникот за
музика од Bluetooth)
Page 69 of 165

Надворешни уреди69
Изберете Manage Bluetooth
Devices (Уредување уреди
Bluetooth) за да се прикаже
списокот со уреди.
Побарајте детален опис 3 102.
Сообраќајна програма (TP)
За постојано да примате вести за
сообраќајот, поставете Traffic
Programme (TP) - On (Сообраќајна
програма - Вкл.) .
Побарајте детален опис 3 56.
Репродукција на
филмови
Започнување репродукција на видео
Поврзете го уредот 3 64.
Притискајте го копчето MEDIA за
да го активирате саканиот
мултимедијален извор.
Изберете го екранското копче
BROWSE (РАЗГЛЕДУВАЊЕ) и
потоа табулаторот MORE
(ПОВЕЌЕ) . Изберете ја ставката
Videos ( Видеа) од списокот и потоасаканата филмска датотека.
Репродуцирањето на видеото
започнува.
Забелешка
Видео може да се репродуцира само ако е крената сопирачката за
паркирање.
Функциски копчиња
Паузирање на репродкцијата
Изберете го екранското копче = за
паузирање на репродукцијата.
Изберете го екранското копче l за
продолжување со репродукцијата.
Менување на претходна или
следна датотека
Изберете ги копчињата t или v
за репродукција на претходната или следната филмска датотека.
Или пак, вртете го копчето MENU
за да преминете на претходната
или следната филмска датотека.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени копчињата
t или v за премотување назад
или напред.
Изборник за видео За приказ на изборник за видео,
изберете го екранското копче
MENU (ИЗБОРНИК) од
интерактивната лента за избор.
Најдете детален опис на
изборникот 3 67.
Page 70 of 165

70НавигацијаНавигацијаОпшти информации...................70
Употреба ..................................... 72
Внесување дестинација ............. 80
Водење ....................................... 85Општи информации
Системот за навигација ќе ве води
прецизно до вашата дестинација.
Нема потреба од читање карти,
дури и да немате никакво
познавање на локацијата.
При пресметката на маршрутата се зема предвид и моменталната
состојба во сообраќајот. За таа
цел, Инфозабавниот систем прима сообраќајни соопштенија во
актуелната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, системот за навигација не
може да ги земе во обѕир
сообраќајните настани,
сообраќајните прописи изменети
без претходна најава и
опасностите или проблемите кои
се појавуваат ненадејно (на.пр.
работи на коловозот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на системот
за навигација Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на системот за
навигација. Поминатото
растојание се одредува според
сигналот на брзиномерот на
возилото, а вртењето на свиоците
со жироскопски сензор. Положбата
се одредува со употреба на GPS
сателитите ((Global Positioning
System) (систем за глобално
одредување на положбата)).
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти на SD-картичката, можно е да се
одреди положбата со прецизност
од околу 10 метри.