OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
Page 181 of 361
Возење и ракување179
Моторот ќе се изгасне, а палењетоостанува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP . Кај некои
верзии контролна сијаличка во
групата инструменти се пали кога
моторот е во Autostop.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови.
■ Cистемот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот е прицврстен
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
■ температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот
■ надворешната температура е над -5 °C
■ системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото било возено барем со брзина на одење од последното
Autostop
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето за контрола на
климатизацијата за повеќе детали
3 156.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Page 182 of 361
180Возење и ракување
Разработување на новото возило
3 174.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот од страна на возачот Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на кумплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 115.
Повторно палење на моторот од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
■ системот за сопирање-поаѓање е
исклучен рачно
■ багажникот е отворен■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата
■ температурата на моторот е прениска
■ наполнетоста на акумулаторот е под одредено ниво
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото било возено барем со брзина на одење
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење намоторот
■ климатизацијата е вклучена рачно
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Page 183 of 361
Возење и ракување181Паркирање■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Повлечете го прекинувачот за електричната сопирачка за
паркирање m околу една
секунда.
Затегнете ја рачната сопирачка за паркирање без притиснување
на копчето за ослободување.
Затегнувајте ја колку што може
поцврсто на угорници или
падини. Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
■ Исклучете ги моторот и палењето. Свртете го воланот
дури не се заглави истиот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
наместете ја рачката наменувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете
ги предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на удолница,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
Page 184 of 361
182Возење и ракување
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Типично му требаат помеѓу 7 и
12 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено, во
Информативниот центар за
возачот се појавува Diesel partic.
filter is full continue driving
(филтерот за дизелски честички е
полн, продолжете со возењето) .
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка и се огласува
предупредувачка мелодија
неколкупати кога филтерот за
дизелски честички го достигнал максималното ниво на полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.Ако во Информативниот центар за
возачот дополнително се појави порака дека бришењето не е
можно, побарајте помош во сервис.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Page 185 of 361
Возење и ракување183Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 235, 3 311 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачниот режим со потчукнување на рачката на менувачот или со
влечење на лостовите на воланот
3 185.
Екран на менувачот
Page 186 of 361
184Возење и ракување
Програмата за возење во
автоматскиот режим или
избраната брзина во рачниот
режим се прикажува на
информативниот центар за
возачиот.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е во
мирување и сопирачката за
паркирање е применетаR=рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN=лерD=автоматски режим со сите
брзини на менувачот<=рачно менување во поголема
брзина: поместете ја рачката
на менувачот во положба D
лево и потчукнете нанапред]=рачно менување во помала
брзина: поместете ја рачката
на менувачот во положба D
лево и потчукнете наназад
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалот на
сопирачките контролната
сијаличка j се пали.
Ако рачката на менувачот не е во P кога е исклучено палењето,
контролната сијаличка j и P ќе
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Page 187 of 361
Возење и ракување185
Моторно сопирањеЗа да се искористи дејството намоторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Рачка на менувачот
Поместете ја рачката на менувачот од положбата D влево за да
изберете рачен режим.
Потчукнете ја рачката на
менувачот
нанапред=менување во поголема
брзинананазад=менување во помала
брзина.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Лостови на воланот
Поместете ја рачката на менувачот од положбата D влево за да
изберете рачен режим.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините
десен
лост <=повлечете накусо за
да смените една
брзина погорелев
лост ]=повлечете кусо за
менување една брзина
подолу, повеќе влечења
овозможуваат да се
прескокнуваат брзини.
Page 188 of 361
186Возење и ракување
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Приверемен рачен режим во
режимот за возење D
Рачното менување со лостовите е можно и во автоматскиот режим D.
Откако ќе заврши рачното
менување брзини, менувачот се
префрлува во автоматски режим
D по предодредено време.
За прекин на рачниот режим: ■ притиснете го лостот < 1
секунда, или
■ поместете ја рачката на менувачот кон лево за рачен
режим и назад во положбата D.
Ако возилото е во мирување и
моторот работи во празен од,
менувачот ќе остане во привремен
рачен режим. Се менува во
автоматски режим кога се ракува
со педалата на гасот
предодредено време и не се смени
брзина со лост на воланот.Општо
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматски
се префрлува на работење в
место кога возилото е застанатово некоја брзина за напред и
педалот за сопирачките е
притиснат.
■ Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува брзините
при поголеми брзини на моторот
(освен ако не е вклучена
контролата на патувањето).
SPORT режимот 3 195.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога
се вози по угорници или
удолнини.
■ Кога поаѓате во снежни или мразни услови или на други
лизгави површини,
електронската контрола на
преносот автоматски бира
поголема брзина.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат докрај во автоматскиот режим,менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Page 189 of 361
Возење и ракување187
Заштита од прегревањеВо случај на прегревање на
преносот поради висока
надворешна температура или
спортски стил на возење,
вртежниот момент и максималната
брзина на моторот може
привремено да се намалат.
Дефект
Во случај на грешка, во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака за
возилото. Пораки за возилото
3 133.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и 2-рата брзина може да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзина само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 292.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Применете ја сопирачката за паркирање.2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола назад,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако Pили Nе одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
Page 190 of 361
188Возење и ракување
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот на
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го копчето за
ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.