OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
Page 301 of 361
Нега на возилото299
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување
восок
Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Page 302 of 361
300Нега на возилото
Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувач за бои, раствори што
содржат ацетон итн.) кисели или
многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање
врз подвижниот покрив.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
Page 303 of 361
Нега на возилото301
За боење и кога се користи комораза сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете ги флеките со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 304 of 361
302Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................302
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 303Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 111.
Европски сервисни периоди
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 30000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Литванија, Луксембург,
Македонија, Малта, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 111.
Меѓународни сервисни
периоди
Постои потреба од одржување на Вашето возило на 15000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 111.
Потврдувања
Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
Page 305 of 361
Сервисирање и одржување303
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење на работниот век намоторното масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 111.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи што не се
во согласност со овие
спецификации нема да биде
покриена со гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозитет дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензиските мотори важат и за
моторите на компримиран
природен гас (CNG), течен нафтен
гас (LPG) и етанол (Е85).
Page 306 of 361
304Сервисирање и одржување
Изберете соодветно моторно
масло според квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 308.
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитетот ACEA A1/B1
или единствено A5/B5 е забранета, бидејќи тие може да предизвикаат
долгорочни оштетувања на
моторот при определени работни
услови.
Изберете соодветно моторно
масло според квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 308.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Вискозитетот на маслото е означен
со две цифри, на пример ЅАЕ
5W-30. Првата цифра, проследена
со W, укажува на вискозитет со
ниска температура, а втората
цифра укажува на вискозитет со
висока температура.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 308.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење конструирано за одлична заштита од корозија и
од смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Page 307 of 361
Сервисирање и одржување305
Течност за сопирачките и за
куплунгот Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 308 of 361
306Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..306
Податоци за возилото .............308Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото се гледа преку
шофершајбната.
Идентификациска
табличка
Идентификациската етикета е
сместена на рамката на предната
лева врата.
Page 309 of 361
Технички податоци307
Информации на
идентификациската табличка:
1=Производител2=Број на сообраќајната дозвола3=Идентификациски број на
возилото4=Дозволена бруто тежина на
возилото во кг5=Дозволена бруто влечна
тежина во кг6=Најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7=Најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8=Податоци специфични за
возилото или земјата, на пр.
MY = Година на моделот
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 311.
За да го идентификувате моторот,
видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или другите национални документи за
регистрација.
Page 310 of 361
308Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување
Европски распореди на сервисите Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји
(освен Белорусија, Молдавија, Русија, Турција)
Само Израел
Квалитет на
моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––✔–dexos 2✔✔–✔
Во случај да не е доставен квалитетот на dexos може да користите макс. 1 литар моторно масло со квалитет АСЕА
С3 еднаш меѓу секое менување на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји и Израел
(освен Белорусија, Молдавија, Русија, Турција)Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40