OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015Pages: 361, PDF Size: 9.11 MB
Page 291 of 361

Нега на возилото289
5. Поставете ја дигалката напотребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
6. Отшрафете ги навртките на тркалото.
7. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 290.
8. Зашрафете ги навртките на тркалото.
9. Спуштете го возилото.
10. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 150 Nm.
11. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
12. Наместете го капакот на местото за дигалката.
13. Одложете ги сменетото тркало 3 290, прирачниот алат 3 277 и
адаптерот за клуч 3 77.
14. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.Положба за кревање за
платформа
Положба за задниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Page 292 of 361

290Нега на возилото
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на подот.
2. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Свртете ја пеперужната
навртка налево и извадете го
резервното тркало.
Под резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
вдлабнатината за резервното
тркало, прицврстете ја кутијата
со алатот со завртување на
пеперужната навртка и
затворете го капакот на подот.
Одложување на заменетото
тркало во вдлабнатината за резервното тркало
Вдлабнатината за резервното
тркало не е предвидена за гуми од
сите дозволени големини. Ако
треба да се стави тркало пошироко
Page 293 of 361

Нега на возилото291
од резервното во вдлабнатината
за резервно тркало, завртката за монтирање на тркалото мора да се
замени со подолгата завртка што
се наоѓа во кутијата со алатот
3 277 . За да ја замените завртката:
■ Извадете ја кутијата со алатот од
вдлабнатината за резервното
тркало.
■ Поставете ја шестаголната глава
на клучот за тркалата уверувајќи
се таа е добро поставена врз
завртката.
■ Завртете го клучот за тркалата налево за да ја разлабавите
завртката. Извадете ја
завртката.
■ Земете ја долгата завртка од кутијата со алатот 3 277 и
прицврстете ја со рака со
имбусот на клучот за тркалата.
■ Одложете ги кутијата со алатот и
оштетеното тркало од
надворешната горна страна на
вдлабнатината за резервното
тркало и прицврстете ги вртејќи
ја пеперужната навртка надесно
на завртката.
Подниот капак може да се стави
врз испакнатото тркало.
За да го ставите резервното тркало во вдлабнатината откако ќе го
поправите неисправното тркало,
повторно употребете ја кратката
завртка. Заменете ја завртката на
истиот начин.9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги тркалото, дигалката и алатите секогаш во
оригиналните складишни места
и прицврстувајте ги со
фиксирање.
Page 294 of 361

292Нега на возилото
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 283.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
Page 295 of 361

Нега на возилото293киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на возилото на отворен пламен
или на искри.
■ Испразнет акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со ист напон (12 волти). Неговиот
капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
■ Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
■ Исклучете ги сите непотребниелектрични потрошувачи.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време на
процесот на палењето со кабли.
■ Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.■ Ако има капак врз акумулаторот,
извадете го за да го полните или
за да го палите возилото со
кабли. Кренете го капакот од
задната страна и откачете го
однапред.
■ Отворете ги заштитните капаци на позитивната клема на двата
акумулатори.
Page 296 of 361

294Нега на возилото
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.Палење на моторот:
1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути при поврзани кабли.
4. Вклучете ги елктричните поторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Хечбек со 5 врати, лимузина со 4
врати , Sports Tourer: ослободете го
капачето оздола и извадете го
надолу.
Page 297 of 361

Нега на возилото295
Country Tourer: Вметнете одвртка
во процепот во долниот раб на
капачето. Ослободете го капачето со внимателно движење на
шрафцигерот удолу. За да се
спречи оштетувањето, се
препорачува да се стави крпа
помеѓу шрафцигерот и рамката.OPC: вметнете одвртка во
процепот кај горниот свиок на
капачето. Ослободете го капачето
со внимателно движење на
шрафцигерот удолу. За да се
спречи оштетувањето, се
препорачува да се стави крпа
помеѓу шрафцигерот и рамката.
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 277.Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Page 298 of 361

296Нега на возилото
Менувачот е во лер.Внимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со рачен менувач и погон на сите тркала: Ако возилото се
влече со сите четири тркала
наземја, тогаш нема технички
ограничувања за брзината или
растојанието. Ако само една оска
била крената, максималната
брзина е 50 км/ч. Нема
ограничување за растојанието.
Возила со автоматски менувач и
погон на предните тркала:
Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Возила со автоматски менувач и
погон на сите тркала: Возилото
мора да се влече со поглед
нанапред. Ако возилото се влече
со сите четири тркала на земјата,
максималната брзина е 50 км/ч и за најмногу 50 км. Ако предната оска
била крената, максималната
брзина е 50 км/ч. Нема
ограничување за растојанието.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Хечбек со 5 врати, лимузина со 4
врати, Sports Tourer: вметнете го
капачето оздола, свртете малку
надесно и затворете го капачето.
Country Tourer: вметнете го
капачето со горната фланша во
процепот и прицврстете го со
туркање.
OPC: вметнете го капачето со
долната фланша во процепот.
Притиснете го капачето во
браникот.
Page 299 of 361

Нега на возилото297Влечење друго возило
Хечбек со 5 врати, лимузина со 4
врати, Sports Tourer, OPC:
ослободете го капачето оздола и
извадете го надолу.
Country Tourer: Вметнете одвртка
во процепот во долниот раб на
капачето. Ослободете го капачето
со внимателно движење на
шрафцигерот удолу. За да се
спречи оштетувањето, се
препорачува да се стави крпа
помеѓу шрафцигерот и рамката.
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 277.Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Page 300 of 361

298Нега на возилотоВнимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Хечбек со 5 врати, лимузина со 4
врати, Sports Tourer, OPC:
вметнете го капачето оздола,
свртете малку надесно и заглавете го капачето.
Country Tourer: вметнете го
капачето со горната фланша во
процепот и прицврстете го со
туркање.Нега за изгледот
Нега на надворешноста БравиБравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка
бравите повторно со мазиво
автомеханичар.
Миење
Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.