OPEL INSIGNIA 2016.5 Прирачник за инфозабавата

Page 121 of 141

ЦД-уред121ЦД-уредОпшти информации.................121
Употреба ................................... 122Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и MP3/WMA ЦД-а.Внимание
Никогаш не ставајте ДВД-а,
сингл ЦД-а со пречник од 8 см
или ЦД-а со посебен облик во аудио плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Тие дискови може да се
заглават во погонот за ЦД и да
го уништат плеерот. Тогаш ќе
мора да се замени уредот.
Важни информации за аудио
ЦД-а и MP3/WMA ЦД-а
● Може да се користат следниве формати на ЦД-а:
CD, CD-R и CD-RW
● Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO9660 Level 1, Level 2,
Romeo, Joliet
Фајловите MP3 и WMA
запишани во кој било формат
освен наведените погоре може да не се репродуцираат
правилно, а имињата на
нивните фајлови и папки може
да не се прикажат правилно.
● Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или воопшто да не се
репродуцираат.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а
за повеќекратно запишување
(CD-RW) се поранливи во
поглед на неправилното
ракување од однапред
запишаните ЦД-а. Правилно
ракување треба да се
обезбеди, особено во случај на самозапишаните ЦД-а за
запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување

Page 122 of 141

122ЦД-уредможе да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат.
● На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
● Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
● Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за
да се заштитат од оштетувања
и валканост.
● Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот
внатре во уредот и да
предизвикаат дефекти.
● Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
● Следните ограничувања важат
за податоците зачувани на
MP3/WMA ЦД:Максимален број датотеки/
песни: 800
Папки во хиерархија: 8
WMA дадотеки со дигитално
ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
WMA датотеки може да се
репродуцираат безбедно ако
се создадени со верзијата 9
или понова на Windows Media
Player.
Применливи екстензии на
списоците со
репродукции: .m3u, .pls
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
● Ова поглавје се занимава само
со репродуцирањето на
датотеки во MP3 бидејќи
ракувањето со датотеките во
MP3 и во WMA е исто. Кога е
ставено ЦД со датотеки во
WMA формат, се прикажуваат
изборници поврзани со MP3.Употреба
Започнување репродукција
од ЦД
Вметнете аудио или MP3 ЦД со страната со етикетата нагоре во отворот за ЦД додека не се
вовлече.
Постојано притискајте MEDIA за да
ја активирате функцијата за ЦД.
Вадење на ЦД
Притиснете R. ЦД-то се турка
надвор од процепот за ЦД.

Page 123 of 141

ЦД-уред123Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото ќе се
повлече повторно назад по неколку
секуди.
Функциски копчиња
Паузирање на репродукцијата
на ЦД
Изберете го екранското копче / за
паузирање на репродукцијата.
Изберете 6 за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете d или c за репродукција
на претходната или следната
песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходната или следната песна.
Брзо напред или брзо назад
Допрете ги и задржете ги d или c
за премотување назад или напред.Редослед на репродуцирање
За репродуцирање на песните од
ЦД-то по случаен избор, изберете
9 .
Забелешка
Ако се активира функцијата за
произволно репродуцирање, 9 се
истакнува во црвено.
За да ја деактивирате функцијата
за мешање, повторно изберете 9.
Список со песни Притиснете MENU за да се
прикаже изборникот за ЦД и потоа изберете Browse CD Media
(Разгледај ЦД) .
Се прикажува списокот со песни.
Забелешка
Песната што моментално се
репродуцира е истакната.
Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.
Забелешка
За детален опис за прелистување
на MP3 ЦД-иња 3 126.

Page 124 of 141

124Надворешни уредиНадворешни
уредиОпшти информации .................124
Репродукција на звук ...............126Општи информации
Приклучоците за AUX и USB
картичка за поврзување со
надворешни уреди се лоцирани
под потпирачот за раце на
централната конзола. Најдете
детален опис за подигање на
потпирачот за раце во
Сопственичкиот прирачник.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Влез AUX
Може да се приклучи, на пример,
iPod, смартфон или друг
дополнителен уред во
приклучокот AUX.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку
Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува од дополнителниот уред.Поврзување/откачување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во
приклучокот AUX на
инфозабавниот систем, користете
го следниов кабел:
со 3 дела за аудио-извор.
За да го откачите уредот AUX,
изберете друга функција, а потоа
отстранете го уредот AUX.
Функција за звук од AUX
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се содржани на дополнителните
уреди, на пр. iPod или Паметен
телефон.
Приклучок за USB MP3-плеер, USB-уред, iPod или
смартфон може да се приклучат на
приклучокот за USB.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.

Page 125 of 141

Надворешни уреди125Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МP3-
плеери, уреди USB, iPod или
паметни телефони.
Поврзување/откачување уред
Приклучете го уредот USB или iPod
во приклучокот USB. За iPod,
користете го соодветниот кабел за
поврзување. Музичката функција
почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, се
појавува соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја
меморијата USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од USB
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на мемории USB ili производи iPod/
iPhone.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат
профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
За детален опис за поврзување Bluetooth 3 129.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички фајлови
содржани на уреди Bluetooth на пр.
iPod или паметен телефон.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или
состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Инфозабавниот систем може да ги
репродуцира следните аудио
датотеки зачувани на надворешни
уреди:
MP3, WMA, AAC и AIF.

Page 126 of 141

126Надворешни уредиКога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Репродукција на звук Започнување репродукција Поврзете го уредот 3 124.
Притискајте MEDIA за да го
активирате саканиот
мултимедијален извор.
На пример: главен изборник за
USB.Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се достапни.
Паузирање на репродкцијата
Изберете / за да ја паузирате
репродукцијата.
Изберете 6 за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна датотека
Изберете d или c за репродукција
на претходната или следната
песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходната или следната песна.
Брзо напред или брзо назад
Допрете ги и задржете ги d или c
за премотување назад или напред.
Редослед на репродуцирање
За репродукција на песните по
случаен избор, изберете 9.Забелешка
При репродуцирање од USB или
iPod, функцијата за произволно
репродуцирање зависи од
режимот на филтрирање што е
избран за репродуцирање на
песната, на пример, албум,
изведувач, жанр.
За да ја деактивирате функцијата
за мешање, повторно изберете 9.
Забелешка
Ако се активира функцијата за
произволно репродуцирање, 9 се
истакнува во црвено.
Функција за прелистување
Забелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за AUX и Bluetooth, како
извори на медиум.
Папки
(достапно само ако структурата на
папката е зачувана на уредот)
Притиснете MENU и потоа
изберете Folder View (Преглед на
папки) . Се прикажува структурата
на папката на односниот уред.

Page 127 of 141

Надворешни уреди127Доколку е неопходно, движете се
низ структурата на папката и
изберете ја саканата песна.
Категории на медиуми
Притиснете MENU и потоа
изберете Browse (Разгледување) .
Се прикажува список што содржи
различни категории за
прелистување, на пример, Playlists
(Списоци на репродукции) , Artists
(Изведувачи) или Albums ( Албуми) .
Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.
Доколку е неопходно, движете се
низ поткатегориите и изберете ја
саканата песна.

Page 128 of 141

128ТелефонТелефонОпшти информации.................128
Поврзување Bluetooth ..............129
Итен повик ................................ 132
Ракување .................................. 132
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 136Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за

Page 129 of 141

Телефон129разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special
Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com.
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на мобилни телефони, модели iPod/iPhone и
други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth поставкиПритиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со
штекерот за напојување да се
полни.
Спoјување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .

Page 130 of 141

130ТелефонИзберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.
2. Изберете Pair Device (Уред за
спарување) или изберете
Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди и
потоа изберете PAIR (ПАР).
3. На инфозабавниот систем се прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
4. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Споредете го PIN-кодот
(доколку се побара) и
потврдете ги пораките на инфозабавниот систем и
Bluetooth-уредот.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем наBluetooth-уредот и
потврдете го внесот.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени.
7. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе се
преземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.
Забелешка
За Инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие мора да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.
Ако функцијата не е поддржанаод уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака на
инфозабавниот систем.
8. Ако уредот е успешно споен, повторно се прикажувасписокот со уреди.Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
Спојување преку апликацијата за
телефон
1. Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) . Се
прикажува главниот изборник
за телефонот.
2. Изберете Manage Phones
(Управување со телефони) за
да се прикаже списокот со
уреди.
3. Изберете го PAIR (ПАР).
4. Продолжете од чекор 3 од „Спојување преку апликацијатаза поставки“ (видете погоре).
5. Ако уредот е успешно споен, се
прикажува изборникот за
телефон.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.

Page:   < prev 1-10 ... 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 next >