OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник
Page 231 of 371
Возење и ракување229На пречките од задната страна
истовремено се укажува звучно и
визулено.
На пречките од предната страна се
укажува прво визуелно. На
оддалечености помали од 80 см,
исто се огласува звучен сигнал.
Прикажувањето на оддалеченоста
на Информативниот центар за
возачот може да се потисне од од
пораки за возилото со повисок
приоритет. По потврда на порака
со притискање SET/CLR на рачката
за трепкачите или 9 на десната
контрола на воланот, показателот на оддалеченоста се прикажува
повторно.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11 км/ч .
Можно е рачно деактивирање со
кратко притискање на копчето за
помош за паркирање r.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Освен тоа, на Информативниот
центар на возачот се појавува Park
Assist Off (Помошта при паркирање е исклучена) кога системот ќе се
исклучи рачно.
По рачното исклучување, предната
помош за паркирање повторно се
вклучува ако се притисне копчето
за помош за паркирање r или ако
возилото е во рикверц.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот.
Пораки за возилото 3 134.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Page 232 of 371
230Возење и ракување
Системот на напредна помош за
паркирање го маневрира возачот
на паркирното место со давање упатства на Информативниот
центар за возачот и звучни
сигнали. Возачот треба да ги
контролира забрзувањето,
сопирањето, управувањето и
менувањето брзини.
Системот ги користи сензорите на
системот за помош за паркирање
во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Активирање
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со притискање на (.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е
1,8 метри.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие соодветно место, на Информативниот центар за
возачот се даваат визуелни
повратни информации и звучни
сигнали.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Page 233 of 371
Возење и ракување231
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до
10 метри откако ќе се даде
пораката „Stop“ (Стоп). Системот ја
пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.Упатствата на екранот покажуваат:
● Навестување кога се вози побрзо од 30 км/ч.
● Барање за запирање на возилото кога е откриено местоза паркирање.
● Насока на возењето за време на маневрите за паркирање.
● Положба на воланот за време на паркирањето.
● За некои од упатствата се покажува лента за
напредување.На успешен маневар за паркирање укажува порака за крајна положба.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е наместен да примети паркирни места на совозачката
страна. За откривање места за
паркирање од возачката страна,
држете го ( притиснато околу
2 секунди.
Page 234 of 371
232Возење и ракувањеПриоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Показателот за напредна помош за
паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите
или копчето 9 на воланот,
повторно се покажуваат
упатствата за напредната помош
за паркирање и маневарот за
паркирање може да продолжи.
Деактивирање
Системот се деактивира со:
● притискање на (
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч
● исклучување на палењетоЗабелешка
Ако напредната помош за
паркирање се исклучи рачно или
од системот (на пр. завршил
маневар за паркирање), предната
и задната помош за паркирање
исто се исклучуваат. Вклучете ги повторно предната и задната
помош за паркирање притискајќи
го копчето за помош за паркирање
r или ставајќи во рикверц
еднаш.
На деактивирањето од страна на возачот или на системот за времена маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
На Информативниот центар за
возачот се појавува порака кога:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневрот за
паркирање.
● Системот не функционира.
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, се
појавува Stop (Застанете) на
Информативниот центар за
возачот. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се
отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Притиснете ( за да
се активира системот и да се
побара ново место за паркирање.
Page 235 of 371
Возење и ракување233Основни белешки за користење
на системите за помош за
паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош за паркирање може да се вклучи и да се исклучи
со менување на поставките во
Info-Display.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош за паркирање може да не реагира
на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимално наведување при
паркирање, потребна е возна
оддалеченост од најмалку 35 км,
вклучително и свиоци.
Page 236 of 371
234Возење и ракувањеИзвестување застранична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„слепа“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возилото или Ве
претекнуваат, жолтиот
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Ако е возилото опремено со
известување за менување ленти
3 235, симболот F се прикажува
во ретровизорите.
Page 237 of 371
Возење и ракување235
Системот може да се активира и
деактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
На деактивирањето укажува
порака во Информативниот центар за возачот.
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3,5 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона
почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди. Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект
Повремено, во нормални услови, може да се појават испуштени
предупредувања.
Известувањето за странична слепа точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег,мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење 3 311.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Известување за менување лента
Дополнително на известувањето
за странична слепа точка 3 234,
известувањето за менување лента
препознава возила што се
приближуваат брзо одзади на
паралелни ленти до возилото.
Ако е возилото опремено со
известување за менување лента,
известувањето за странична слепа
точка е секогаш вклучено.
Системот известува визуелно во
секој од страничните ретровизори
кога ќе открие возила што се
приближуваат брзо одзади.
Page 238 of 371
236Возење и ракувањеРадарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.9 Предупредување
Известувањето за менување
лента не го заменува видот на
возачот.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило
што се приближува одзади и вози
значително побрзо, портокаловиот
предупредувачки симбол F ќе се
запали во соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 3,5 метри паралелно
од двете страни на возилото и
околу 3 метри наназад за
известувањето за странична слепа
точка (А) и околу 70 метри наназад
за известувањето за менување лента (В) на паралелни ленти.
Зоните почнуваат од страничните
ретровизори. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Page 239 of 371
Возење и ракување237Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за менување лента може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
На деактивирањето укажува
порака во Информативниот центар за возачот.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимални перформанси, возете
што е можно поскоро по прававтопат со објекти покрај патот,
на пр. банкини и пречки, одредено
растојание.
Дефект
Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Системот може
привремено да предупреди на
објекти во слепата точка во
одредени временски услови (дожд, град и слично). Возење на мокар
пат или во премини од суво место
на влажна површина може да
предизвикаат системот да се
осветли, бидејќи водениот плисок
може да се толкува како објект.
Инаку, системот може да се
засвети поради банкини, знаци,
дрвја, грмушки или други
неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Известувањето за менување лента
не работи кога левиот или десниот
агол на задниот браник е прекриен
со кал, нечистотија, снег, мраз или
влажен снег. Упатства за чистење
3 311.Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
Page 240 of 371
238Возење и ракувањеза паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.