OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник
Page 241 of 371
Возење и ракување239Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на инфо-екранот со предупердување да се провери
опкружувањето околу возилото.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се постави во изборникот заприспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.● Задната врата не е затворена правилно.
● Возилото влече приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Известување за заден вкрстен сообраќај
Дополнително на ретровизорската
камера 3 237, известувањето за
заден вкрстен сообраќај
предупредува за сообраќај од
левата или десната страна кога се
вози наназад. Кога ќе се препознае вкрстен сообраќај и
ретровизорската камера е активна,
предупредувачки триаголник со
стрелка за насоката K се појавува
на инфо-екранот во боја и ја
покажува насоката на сообраќајот. Освен тоа, три писоци ќе се огласат од звучникот на односната страна.
Page 242 of 371
240Возење и ракување
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат
странично во задниот браник.
9 Предупредување
Известувањето за заден
вкрстен сообраќај не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека објектите
што се надвор од сензорите,
на пр. под браникот или под
возилото, не се прикажуваат.
Пешаци, деца или животни не се откриваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Известувањето за заден вкрстен
сообраќај се активира автоматски
заедно со ретровизорската камера
кога ќе се стави во рикверц.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 20 метри одлево и оддесно зад возилото.
Деактивирање
Известувањето за заден вкрстен
сообраќај се деактивира заедно со
ретровизорската камера кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за заден вкрстен сообраќај може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Page 243 of 371
Возење и ракување241ДефектСистемот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал или нешто друго ги прекрива сензорите.
● Возилото влече приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Помошник за сообраќајни
знаци
ФункционалностСистемот за помош со сообраќајни
знаци ги забележува назначените
сообраќајни знаци преку една
предна камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и за
забрането поминување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоЗнаци на пат
Почеток и крај на:
● автопати
● главни патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни сообраќајни знаци
● ограничувања за влечење приколки● ограничувања за влечење
● предупредување за влажен пат
● предупредување за мраз
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Можно е укажување на повеќе
знаци на екранот.
Page 244 of 371
242Возење и ракување
Знакот за извичник во рамка
укажува дека е детектиран
дополнителен знак што системот
не може јасно да го идентификува.
А позитивен знак во портокалово
квадратче покажува дека постојат
дополнителни информации кои се
дадени на Откривање сообраќајни
знаци во Информативниот центар
за возачот, види подолу
„Индикации на екранот“.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч во зависност од
осветленоста. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише,
на пр. кога се влегува во градска
зона. Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
DIC.
На екранот од основно ниво,
изберете Settings (Поставки) X
со притискање на MENU и
изберете ја ставката Откривање
сообраќајни знаци со тркалцето за
местење на рачката за трепкачите
3 124.
На екранот од средно и од горно
ниво изберете го изборникот Info со
десните копчиња на воланот и
притиснете P за да изберете
Приметување на сообраќајни
знаци 3 124.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно
ќе се одбере страницата Traffic sign
detection (Откривање сообраќајни
знаци), ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Page 245 of 371
Возење и ракување243Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни тревожења на
Информативниот центар за
возачот.
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите
или 9 на воланот.Илустрацијата го прикажува
основно ниво на Информативниот
центар за возачот.
Page 246 of 371
244Возење и ракувањеИлустрацијата ги прикажува
средното или горното ниво на
Информативниот центар за
возачот.
Кога е прикажана страницата за
поставување, изберете
Исклучување или одредете
тревожења I за да се исклучи
функцијата за тревожење.
Активирајте повторно избирајќи
On (Вклучено) или известувањата
J .
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавното тревожење се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Ресетирај и потврда
со притискање SET/CLR на рачката
за трепкачите или 9 на деснатаконтрола на воланот. По успешно
препоставување, ќе се огласи
мелодија и се покажува следниот
симбол додека не се открие следен
сообраќаен знак.
Во некои случаи, системот го
брише помошникот за сообраќајни
знаци автоматски.
Препознавање сообраќајни
знаци во спој со систем за
навигација
Ако возилото е опремено со систем за навигација, следниве функции
може да се достапни:
● постојано укажување на ограничувањата на брзината
● при тешки временски услови, се прикажуваат податоците за
навигација за ограничувањата
на брзината
Дефект
Системот за помош со сообраќајни
знаци може да не работи правилно кога:
● Областа на шофершајбната, каде е сместена предната
камера, не е чиста или е
покриена со надворешни
елементи на пр. налепници.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки. Во тој
случај, на екранот е прикажано No Traffic Sign Detection due to
Weather (Нема приметување
на сообраќајните знаци поради времето) .
Page 247 of 371
Возење и ракување245● Сообраќајните знаци сенеправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дапрепознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не препознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или ослободат од
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента ги набљудува
ознаките на лентите меѓу кои се
вози возилото преку предна
камера. Системот ги открива
менувањата лента и го
предупредува возачот во случај на ненамерно менување лента со
визуелни и звучни сигнали.
Критериуми за откривање
ненамерно менување лента се:
● Неупотреба на трепкачите.
● Неупотреба на педалата за сопирачките.
● Неупотреба на педалата за гас
или незабрзување.
● Неактивно управување со воланот.
Ако возачот е активен, нема да се издаде никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање на лента се активира
со притиснување на ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен. Кога
контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако има хоризонтална
сигнализација на коловозот.
Page 248 of 371
246Возење и ракувањеКога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање ), сијаличката во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч не може да
се работи со системот.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешни елементи, на пример,
налепници.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки.
Системот не може да работи кога
не е откриена ознака за линија.Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 324.Внимание
Не користете гориво или
адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Page 249 of 371
Возење и ракување247Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете Еуро-дизел
гориво со концентрација на сулфур
под 50 ppm.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Гориво за работа на течен
гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас, ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на притисок од
околу пет до десет бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и од соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Page 250 of 371
248Возење и ракувањеСелектор на гориво
Притиснете го LPG за да менувате
меѓу работа на бензин и работа на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температура на гасот и
минимална брзина на моторот).
Барања обично се исполнуваат по
околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
1 исклучување:работа на бензин1 трепка:проверка на
условите за
ракување со
претворањето на
горивото во
течен гас. Свети
ако се исполнети
условите.1 свети:ребота на течен
гас1 трепка пет
пати и се гасне:резервоарот за
течен гас е
празен или има
неправилност во
системот за
течен гас. Во
Информативниот
центар за
возачот се
прикажува
порака.
Избраниот режим на гориво се
зачуван и се реактивира во
следниот циклус за палење ако
условите дозволуваат.
Штом ќе се испразни резервоарот
за течен гас, автоматски се
вклучува работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Секои шест месеци празнете го
резервоарот за бензин додека не
светне контролната сијаличка i
или Y, па наполнете го. Тоа помага
да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е можен режимот за гас,
проверете го следново:
● Има ли доволно течен гас?
● Има ли доволно бензин за палење?
Поради екстремни температури во
комбинација со составот на гасот,
може да треба малку подолго
време додека системот се
префрли од бензин на гас.