OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Сопственички прирачник

Page 21 of 343

Накратко19Палење на моторот
● Прекинувач за палење:свртете го клучот во положба 2.
Копче за вклучување:
притиснете го
Engine Start/Stop неколку
секунди додека не се запали
зелената сијаличка.
● Помрднете го воланот малку за
да се ослободи бравата на
воланот.
● Притиснете ги куплунгот и сопирачката.
● Автоматски менувач:нагазнете ја педалата на
сопирачката и ставете ја
рачката на менувачот во P или
N .
● Не нагазнувајте го педалот за гас.
● Мотори на дизел: почекајте додека контролната
сијаличка ! за предзагревање
се изгасне.
● Прекинувач за палење: свртете го клучот во положба
3 и отпуштете го.Копче за вклучување:
притиснете Engine Start/Stop и
отпуштете.
● Моторот се пали по кратко одложување.
Палење на моторот 3 174.

Page 22 of 343

20НакраткоСистем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, Autostop е вклучен.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Рестартирањето е покажано од
иглата на вртежометарот со иглата
во положба на неактивна брзина.
Систем за сопирање-поаѓање
3 175.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Повлечете го прекинувачот
m околу една секунда и
проверете дали контролната
сијаличка m ќе светне.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 108.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за
палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на рамна
површина или на надолница,
ставете во рикверц брзина
или поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.

Page 23 of 343

Накратко21Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото со
копчето e на далечинскиот
управувач.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 32.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 261.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Систем на електронскиот клуч
3 22, Оставање на возилото да
стои подолго време 3 260.

Page 24 of 343

22Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............22
Систем на електронскиот клуч .......................................... 22
Меморизирани поставки .........24
Систем на централната брава ....................................... 25
Автоматско заклучување ........29
Детски брави ............................ 30
Врати ........................................... 31
Товарен простор ......................31
Безбедност на возилото ............32
Систем за заштита од кражба ..................................... 32
Систем за тревожење при кражба ..................................... 32
Имобилизатор .......................... 35
Странични ретровизори ............36
Конвексен облик ......................36
Електрично местење ...............36
Преклопни прозорци ................ 36
Ретровизори со греење ...........37
Автоматско затемнување ........38Ретровизори ............................... 38
Рачна заштита од отсјај ..........38
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 38
Прозорци .................................... 39
Шофершајбна .......................... 39
Електрични прозорци ..............39
Греење на задното стакло ......41
Греење на шофершајбната ....41
Штитници за сонце ..................42
Покрив ......................................... 42
Подвижен покрив .....................42Клучеви, заклучување
Систем на електронскиотклуч
Овозможува ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 25
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 174

Page 25 of 343

Клучеви, врати и прозорци23
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Забелешка
Не го ставајте електронскиот клуч
во товарниот простор.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува порака во
Информативниот центар за
возачот 3 128.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
За да го замените:
1. Притиснете го копчето на задната страна на уредот на
електронски клуч и извадете го
сечилото на клучот од
куќиштето.

Page 26 of 343

24Клучеви, врати и прозорци
2. Повторно вметнете го клучотоколу 6 мм и завртете го клучотза да го отворите куќиштето.
Ако повеќе го вметнете клучот
може да го оштетите куќиштето.
3. Извадете ја и заменете ја батеријата. Користете CR 2032
или еквивалентна батеријата.
Обрнете внимание на
положбата на инсталирањето.
4. Затворете го куќиштето и вметнете го клучот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 25.Меморизирани поставки
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, следниве поставки
автоматски се меморираат во
електронскиот клуч:
● автоматска контрола на климатизацијата
● светла
● инфозабавен систем
● централната брава
● Sport mode settings (поставки на спортскиот режим)
● поставки за удобност
Сочуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога ќе се
вклучи палењето со мемориран
електронски клуч 3 22.
Предуслов е Personalization by
Driver (Приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активирано во
личните поставки на
инфо-екранот. Тоа мора да се
постави за секој електронски клуч
што се користи. Промената на

Page 27 of 343

Клучеви, врати и прозорци25статусот е достапна само по
заклучување и отклучување на
возилото.
Доделената меморирана позиција
на електричното седиште
автоматски се враќа при палење и кога се активира Auto Memory
Recall (Автоматско повикување од
меморијата) на Инфо-екранот за
меморираниот електронски клуч.
Електрично седиште 3 49.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 130.
Систем на централната брава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и капачето на
резервоарот.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
соодветната врата.
Повлекувањето на рачката уште
еднаш ја отвора вратата.Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Предуслов за ова е
поставувањето да се активира во
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 130.Ракување со системот на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.

Page 28 of 343

26Клучеви, врати и прозорциОтклучување
Притиснете го копчето на
соодветната надворешна рачка на
вратите и повлечете ја рачката.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот. Може да се изберат две
поставки:
● Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
ќе бидат отклучени со
притискање на копчето на
некоја надворешна рачка
еднаш.
● Само возачката врата, товарниот простор и
вратичката на резервоарот ќе
бидат отклучени со
притискање на копчето на
надворешната рачка на
возачката врата еднаш. За
отклучување на сите врати,
притиснете го копчето
двапати.
Оваа поставка може да се измени
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 130.Заклучување
Притиснете копче на
надворешната рачка на некоја
врата.
Сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат заклучени.

Page 29 of 343

Клучеви, врати и прозорци27Системот се заклучува ако се
случи нешто од следново:
● Поминале повеќе од пет секунди по отклучување.
● Копчето на надворешна рачка било притиснато двапати во
рок од пет секунди за
отклучување на возилото.
● Секоја врата била отворена и сите врати сега се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена, електронскиот клуч
останува во возилото или
палењето не е исклучено, нема да
се дозволи заклучување.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и
палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Отклучување и отворање на
задната врата
Задната врата може да се отклучи
и да се отвори без раце со
движење на стапалото под задниот браник или со туркање на
допирниот прекинувач подамблемот кога електронскиот клуч е во опсег. Вратите остануваат
заклучени. Товарен простор
3 31.
Ракување со копчињата на
електронскиот клуч
Системот на централната брава
исто така може да се ракува со копчињата на електронскиот клуч.
Притиснете c за отклучување.
Притиснете e за заклучување.
Систем на електронскиот клуч
3 22.
Пасивно заклучување
Автоматско заклучување 3 29.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 130.
Копчиња за централната брава
Заклучување и отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на панелот на возачката врата.

Page 30 of 343

28Клучеви, врати и прозорци
Притиснете e за заклучување.
LED-сијаличката во копчето
светнува.
Притиснете c за отклучување.
Ракување со клучот во случај на дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
испразнет акумулатор или
батерија на електронскиот клуч,
возачката врата може да се
заклучи или отклучи со
механичкиот клуч.
Цилиндерот на бравата во
возачката врата е покриен со
капаче.
Електронски клуч: за да го
отстраните капачето, притиснете
го копчето на задната страна и
извадете го сечилото на клучот од куќиштето. Вметнете го клучот во
жлебот на дното на капачето и
завртете го клучот нагоре.
Систем на електронскиот клуч
3 22.
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
рачка двапати или со притискање
c од панелот на вратата на
возачот. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.

Page:   < prev 1-10 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 ... 350 next >