OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Сопственички прирачник
Page 31 of 343
Клучеви, врати и прозорци29Рачно заклучување
Притиснете го внатре копчето за
заклучување на сите врати освен
вратата на возачот или притиснете
e на панелот на вратата на
возачот. Потоа затворете ја
возачката врата и заклучете ја од
надвор со вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
По заклучувањето, покријте го
цилиндерот на бравата со
капачето: ставете го капачето со
долната страна во жлебовите,
завртете и притиснете го капачето
додека не се вклопи на горната
страна.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога е во мирување по возење,
возилото ќе се отклучи автоматски
штом се извади клучот од
прекинувачот за палење, или со
системот на електронски клуч кога палењето е исклучено.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle (Возило) на инфо-
екранот.
Информативен екран 3 123.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 130.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 24.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите
врати, товарниот простор и
Page 32 of 343
30Клучеви, врати и прозорцивратичката на резервоарот
автоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не
била отворена.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
повторно заклучување може да се постави во изборникот Settings
(Поставки) , I Vehicle (Возило) на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 123.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 130.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи 3 24.
Пасивно заклучување Во возилата со систем на
електронски клуч, оваа функција го
заклучува возилото автоматски по
неколку секунди ако претходно бил
препознаен електронски клуч вовозилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во возилото.
Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да биде дозволено.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
За да спречите пасивно
заклучување на возилото, на
пример, кога полните гориво или
ако патниците останат во возилото,
системот мора да се оневозможи.
За да го оневозможите системот, притиснете го копчето за
централно заклучување c неколку
секунди додека една врата е
отворена. Ќе се слушнат три звучни
сигнали за да се потврди
деактивирањето. Функцијата
останува оневозможена сè додека
не се притисне копчето за
централно заклучување e или не се
вклучи палењето.Активирањето или
деактивирањето на пасивното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle (Возило) на инфо-
екранот.
Информативен екран 3 123.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 130.
Поставката може да се зачува за електронскиот клуч што се користи
3 24.
Детски брави
Page 33 of 343
Клучеви, врати и прозорци319Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Поместете ја иглата во задната
врата во предна положба. Вратата не може да се отвори однатре.
За да го деактивирате, поместете
ја иглата на задната позиција.
Врати
Товарен простор
Задна врата
Отворање
По отклучувањето, притиснете го
амблемот за брендот и отворете ја задната врата.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Централна брава 3 25.
Општи практични совети за
ракување со задната врата
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
Page 34 of 343
32Клучеви, врати и прозорцисе видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.
Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Вклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
пет секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Page 35 of 343
Клучеви, врати и прозорци33Ги надгледува:● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор, вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч од системот
на електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: се активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Систем на електронски клуч: се
активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со притискање на копче на
некоја од рачките на вратите
однадвор.
● Далечински управувач или електронски клуч: директно со
притискање на e двапати во
рок од пет секунди.
● Системот на електронски клуч со вклучено пасивно
заклучување: накратко се
активира откако ќе дојде до пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Активирање без надгледување на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
Page 36 of 343
34Клучеви, врати и прозорци1. Затворете ги задната врата,хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. LED
сијаличката во копчето o
свети најмногу десет минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Сијаличка за состојбаСијаличката за состојба е вградена во сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при кражба.
Систем на електронскиот клуч:
Отклучувањето на возилото со
притискање на копчето на која било
рачка на вратите однадвор го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.
Page 37 of 343
Клучеви, врати и прозорци35Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира со
притискање на c, со притискање на
прекинувачот на рачката на вратата со системот на
електронскиот клуч или со
вклучување на палењето на
моторот.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Дополнително, во
Информативниот центар завозачот се прикажува
предупредувачка порака откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 128.
Ако акумулаторот на возилото треба да се откачи (на пр. за
одржување), сирената на алармот
треба да се деактивира на
следниот начин: вклучете го па исклучете го палењето, а потоа
откачете го акумулаторот на
возилото во рок од 15 секунди.
Имобилизатор
Имобилизаторот се активира
автоматски.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење. Обидете се повторно со
клучот во џебот од предавателот.
Ракување кај возилата со систем
на електронски клуч во случај на
дефект 3 172.Ако контролната сијаличка d
продолжи да свети, обидете се да го запалите моторот со користење
на резервниот клуч.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 25, 3 32.
Контролна сијаличка d 3 112.
Page 38 of 343
36Клучеви, врати и прозорциСтранични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор од страната на возачот
содржи асферична област и ги
намалува слепите точки. Обликот
на ретровизорот предизвикува
предметите да изгледаат помали, што ќе повлијае врз способноста за
проценување на растојанијата.
Помошник за странична слепа
точка 3 233.Електрично местење
Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на í за левиот
ретровизор или ì за десниот
ретровизор. LED-сијаличката во
копчето го покажува изборот.
Потоа завртете ја контролата за да
се намести ретровизорот.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Page 39 of 343
Клучеви, врати и прозорци37Електрично свиткување
Притиснете n. Двата странични
ретровизора ќе се свиткаат.
Притиснете n повторно за да ги
вратите страничните ретровизори
во првичната положба.
Ако рачно се отвори некој
електрично преклопен ретровизор,
притискањето на копчето n
електрично ќе го отвори само
другиот ретровизор.
Преклопување на
ретровизорите со
далечинскиот управувач
Притиснете го e повторно по
заклучувањето и држете го
една секунда за да се склопат
ретровизорите.
Притиснете го c повторно по
отклучувањето и држете го
една секунда за да се отворат
ретровизорите.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
Приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран 3 123.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 130.
Поставките се зачувуваат
автоматски за клучот што се
користи 3 24.
Ретровизори со греење
Се користи со притискање на b
заедно со греењето на задното
стакло. LED-сијаличката во
копчето светнува.
Page 40 of 343
38Клучеви, врати и прозорциГреењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Автоматско затемнување Заслепувањето од следењето навозилата ноќе автоматски се
намалува со замаглување на
светлината на страничниот
ретровизор од страната на
возачот.Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.