OPEL INSIGNIA BREAK 2018.5 Сопственички прирачник
Page 231 of 373
Возење и ракување229известување со LED-лента што
трепка црвено или појавен симбол
што се проектира на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Истовремено, се огласува и
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
кочницата и завртете го возилото,
ако така бара ситуацијата.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Притиснете K за да ја поставите
чувствителноста на
предупредувањето на блиску,
средно или далеку.
Првото притискање на копчето ја
прикажува тековната поставка во
Информативниот центар за
возачот. Дополнителните
притискања на копчето ќе ја
променат оваа поставка.
Избраната поставка ќе остане сè
додека не се промени. Времето на предупредувањето ќе се разликува според брзината на возилото.
Колку е побрзо возилото, толку
подалеку ќе се појави
предупредувањето. Земете ги
предвид сообраќајните и
временските услови кога го
одбирате времето на
предупредувањето.
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
Page 232 of 373
230Возење и ракувањепоставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Деактивирање
Системот може да се оневозможи
во изборникот за приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби, 3 140.
Ако е деактивирано
предупредувањето за преден
судир, чувствителноста на
предупредувањето е поставено на „средно“ кога следниот пат ќе биде вклучено палењето.
Кога палењето ќе се исклучи, ќе се
зачува последната избрана
поставка.
Општи информации9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Системски ограничувања
Предупредувањето за преден
судир е направено да
предупредува само за возила, но може да реагира и на други објекти.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возилото во
движење напред. Предната камера
на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е
при брзини поголеми од 40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот.
Page 233 of 373
Возење и ракување231На екранот од основно ниво,
одберете изборник Info
(Инфо) ? преку MENU на рачката
за трепкач и свртете го тркалцето
за прилагодување за да ја
изберете следната страница со
показател за растојание однапред, 3 125
На екраните од средно и високо
ниво, одберете го изборникот
Инфо преку вртливите копчиња на
воланот и притиснете å за да
изберете показател за растојание
однапред 3 125.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- сек.
Ако е активна приспособливата
контрола на патувањето, на оваа страница се прикажува поставката
за чувствителноста на
предупредувањето наместо
поставката за оддалеченост за
следење 3 218.
Системски ограничувања
Работата на показателот за
растојание однапред е ограничена
во следниве случаи:
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
Активно итно сопирање Активно итно сопирање може да
помогне да се намали штетата или повреди од судири со возила,
пешаци и пречки директно напред,
кога судирот веќе не може да се
избегне со рачно сопирање или со
вртење. Пред да се примени
активно итно сопирање, возачот
добива предупредување од
Page 234 of 373
232Возење и ракувањепредупредување за преден судир
3 227 или од предупредувањето за
предна заштита за пешаци 3 235.
Карактеристиката користи разни
информации (на пр., од сензорот
на камерата, радарскиот сензор,
притисокот на сопирачките,
брзината на возилото) за да ја
пресмета веројатноста за преден
судир.9 Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговата
функција е ограничена на
дополнително користење само
да се намали брзината на
возилото пред судир.
Можно е системот да не реагира на животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го
открие следното возило напред.
Возачот мора постојано да биде
подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките и да го
врти воланот за да избегнува
судири.
Функционалност
Ако има само предна камера,
активното итно сопирање работи
при брзина за движење напред што
е поголема од брзината на одење,
па до 85 км/ч.
Ако има радарски сензор,
активното итно сопирање работи
при секоја брзина за движење
напред што е поголема од
брзината на одење.
Предуслов е предупредувањето за преден судир со системот за
предна камера да не е
деактивирано во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Системот вклучува: ● систем за подготовка на сопирачките
● итно автоматско сопирање
● предно серво сопирање
● интелигентно серво сопирање (само со радарски сензор)
● преден систем за заштита на пешаците
Систем за подготовка на
сопирачките
Кога се приближувате до возило или пешак напред толку бргу што е веројатен судир, системот за
подготовка на сопирачките го
зголемува малку притисокот во
сопирачките. Тоа го намалува
времето на реакција, кога е
потребно рачно или автоматско
сопирање.
Системот на сопирачките се
подготвува така што сопирањето
може да биде побрзо.
Ако има само предна камера,
системот работи при брзина до
80 км/ч.
Итно автоматско сопирање
По активирањето на системот за
подготвување на сопирачките и
токму пред судирот, функцијата
Page 235 of 373
Возење и ракување233автоматски активира извесно
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот или да спречи
судир. Во зависност од
ситуацијата, возилото може
автоматски да сопре умерено или
нагло. Ова автоматско сопирање
може да се примени само ако се
открие возило напред, што ќе се
покаже со показателот за возило
напред A 3 227. На возилата со
предна заштита на пешаците,
предното автоматско сопирање
може да се случи и кога ќе се
открие пешак напред што се
прикажува со показателот за пешак
напред 7.
Ако има само предна камера,
системот работи при брзина до
80 км/ч.
Под брзина од 40 км/ч системот
може да примени целосно
сопирање.
Итното автоматско сопирање може да го забави возилото до целосно
сопирање за да се обиде да
избегне можен судир. Ако тоа се
случи, итното автоматско
сопирање може да ја активираелектричната сопирачка за
паркирање за да го сопре
возилото. За да ја ослободите,
притиснете го копчето за
електричната сопирачка за
паркирање или силно притиснете
ја педалата за гас.9 Предупредување
Итното автоматско сопирање е
карактеристика за подготовка за
итен судир и не е направена да
избегнува судири. Не
потпирајте се на системот за да
го сопрете возилото. Итното
автоматско сопирање нема да
сопре надвор од опсегот на
брзината за работа и одговара
само на откриени возила и
пешаци.
Предно серво сопирање
Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно
серво сопирање го прави сервото
почувствително. Затоа, не толку
силно притискање на педалата за
сопирачките предизвикува
моментално нагло сопирање. Оваа функција помага возачот да сопре
побрзо и посилно пред очекуван
судир.
Ако има само предна камера,
системот работи при брзина до
85 км/ч.9 Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да активира силно
самостојно сопирање или
автоматски да избегне судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира на
животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го открие следното возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот мора
постојано да биде подготвен да
Page 236 of 373
234Возење и ракувањедејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири.
Системот е конструиран да работи
со сите патници со врзани
безбедносни ремени.
Интелигентно серво сопирање Ако возилото има радарски сензор, интелигентното серво сопирање
може да се активира кога брзо ќе се притисне на педалата за сопирање така што ќе обезбеди помош при
сопирањето според брзината на
приоѓање и оддалеченоста на
возилото напред.
Во ваква ситуација нормална
појава се пулсирања на педалата за сопирање или движење на
педалата и притискањето на
педалата треба да продолжи
според потребите. Интелигентното серво сопирање автоматски ќе се
исклучи само кога ќе се отпушти
педалата за сопирање.
9 Предупредување
Интелигентното серво
сопирање може да го зголеми
сопирањето на возилото во
ситуации кога можеби не е
неопходно. Може да го
блокирате протокот на
сообраќајот. Ако тоа се случи,
тргнете ја ногата од педалата за сопирачките, па применете
сопирање според потребата.
Предна заштита за пешаци
3 235.
Деактивирање
Активното итно сопирање може да
се деактивира во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби, 3 140.
Ако е деактивирано, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот.
Системски ограничувања Во извесни случаи, активното итно
сопирање може да даде
автоматско сопирање во ситуации
што изгледаат непотребни, на
пример во паркинг гаражи, поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е нормална работа, на возилото не
му треба сервисирање. Силно
притиснете на педалата за гас за да го поништите автоматското
сопирање ако тоа го дозволуваат
ситуацијата и околностите.
Перформансите на активното итно
сопирање се ограничени во
следниве случаи:
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● Откривање на сите возила, особено возила со приколка,
трактори, калливи возила и др.
● Откривање возило кога временските услови ја
намалуваат видливоста, како
при магла, дожд или снег.
● При ноќно возење.
Page 237 of 373
Возење и ракување235● Времето ја ограничувавидливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
За да избегнете дефект, областите
на сензорот од камерата во
шофершајбната и радарскиот
сензор во решетката на
ладилникот секогаш треба да
бидат чисти и да нема прашина,
нечистотија, мраз и снег.
При возење, секогаш е потребно
целосно внимание, а вие секогаш
треба да бидете подготвени да
преземете дејство и да ги
примените сопирачките и/или
воланот на возилото за да
избегнете судир.Дефект
Ако на системот му е потребно
сервисирање, се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 138.
Предна заштита за пешаци
Предната заштита за пешаци може
да помогне да се избегне или да се намали штетата предизвикана од
предни судари со пешаци кога
возите во брзина за напред.
Системот ја користи предната
камера во шофершајбната за да го
открие пешакот што е директно
пред вас, во вашата патека.
Предната заштита за пешаци може да открие и да предупреди за
пешаци во брзина за напред при
брзини помеѓу 8 км/ч и 80 км/ч.
Дополнително, предната заштитаза пешаци може да помогне при
сопирањето или автоматски да го
сопре возилото.
При дневно возење, системот
открива пешаци на растојание до
приближно 40 метри. При ноќно
возење, перформансите на
системот се ограничени.
Предната заштита за пешаци може да се постави на Исклучено,
Предупреди или Предупреди и
сопри во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 140.9 Опасност
Сопирањето за пешаци напред
не дава предупредување и не го сопира автоматски возилото,
освен ако не открие пешак.
Системот може да не открие
пешаци, вклучувајќи и деца,
кога пешаците не се директно
напред, не се видливи целосно,
не стојат исправено или кога се
дел од група.
Page 238 of 373
236Возење и ракувањеПредната заштита за пешаци
вклучува:
● откривање пешак напред
● предупредување за пешак напред
● автоматско сопирање
Откривање пешак напред
Пешак напред на растојание до
приближно 40 м се прикажува со
контролната сијаличка 7 во групата
инструменти. Кај возила со горен
екран, на екранот се проектира 7.
Предупредување за пешак
напред
Кога премногу брзо се
приближувате до откриен пешак,
предупредување со LED-сијаличка
што трепка црвено или појавниот
симбол 7 се проектира на
шофершајбната во видното поле
на возачот. Се слуша и
предупредувачка мелодија.
Системот на сопирачките може да се подготви за да се изврши побрзо
сопирањето на возачот што може
да предизвика кратко, мало
забавување. Продолжете да
притискате на педалата за
сопирачките според потребите.
Контролата на патувањето или
приспособливата контрола на
патувањето може да се исклучат
кога ќе се појави предупредување
за пешак напред.
Автоматско сопирањеАко е неизбежен судар со пешак
директно напред, а сопирачките не
се активирани, автоматското
сопирање може автоматски да
сопре малку или да сопре силно.
Тоа може да помогне да се
избегнат некои судари со пешаци
при мали брзини или да се намалат повредите на пешаците.
Нивоата на автоматско сопирање
можат да се намалат при одредени
услови, како што се големи брзини.
Ако тоа се случи, автоматското
сопирање може да ја активира
електричната сопирачка за
паркирање за да го сопре
возилото. Отпуштете ја
сопирачката за паркирање. И
силно притискање на педалата за
гас ќе го отпушти автоматското
сопирање и електричната
сопирачка за паркирање 3 204.
Page 239 of 373
Возење и ракување237Овој систем вклучува
интелигентна помош за сопирање, а и системот за автоматско итно
сопирање може да реагира на
пешаци. Погледнете го делот
Активно итно сопирање 3 231.
Автоматското сопирање може да се оневозможи во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Општи информации9 Предупредување
Возачот мора постојано да биде
подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките и да го
врти воланот за да избегнува
судири.
9 Предупредување
Сопирањето за пешак напред
може да предупреди или
автоматски нагло да го сопре
возилото во ситуации кога тоа
не се очекува и не се сака. Може
погрешно да предупреди или да
сопре за предмети кои имаат
слична форма или големина на
пешаци, вклучувајќи и сенки.
Тоа е нормална работа и на
возилото не му треба
сервисирање. За да го
поништите автоматското
сопирање, силно притиснете ја
педалата за гас ако е безбедно
да го сторите тоа.9 Предупредување
Користењето на системот на
сопирачки за пешак напред при
влечење приколка може да
предизвика губење на
контролата над возилото и
судар. Ставете го системот на
Предупредување или
Исклучено во
приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби
кога влечете приколка.
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби
3 140.
Системски ограничувања
Во следниве случаи, предната
заштита за пешаци може да не
открие пешак напред или
перформансите на сензорот се
ограничени:
● Брзината на возилото што се движи напред е надвор од
опсегот од 8 км/ч до 80 км/ч.
● Растојанието до пешакот напред е поголемо од 40
метри.
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, когаима магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
Page 240 of 373
238Возење и ракувањеПомош за паркирањеОпшти информации
Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 140.
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Системот се активира автоматски
при брзини до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.