OPEL INSIGNIA BREAK 2018.5 Сопственички прирачник

Page 241 of 373

Возење и ракување239Кога ќе се деактивира системот,
светлото во копчето се гаси и во Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред возилото на
растојание кое се движи до 80 см и
за потенцијално опасни пречки зад возилото на растојание кое се
движи до 50 см кога е во брзина за напред, односно до 1,5 метри кога
возилото е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Информативниотцентар за возачот 3 125 или,
зависно од верзијата, на Инфо-
екранот 3 133.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Звучниот сигнал се исклучува кога
е активирана сопирачката за
паркирање или кога рачката на
менувачот кај автоматскиот
менувач е во N.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 11 км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се
гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува Park Assist
Off (Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното деактивирање, предно-
задната помош за паркирање се
активира повторно ако се притисне
r .
Целиот систем може да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палење или до повторно
активирање на изборникот за
приспособување. Приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 140.

Page 242 of 373

240Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 138.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 125 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран 3 133, проследени со звучни
сигнали.
Кај возила со рачен менувач,
возачот мора да го контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, а
управувањето се врши автоматски.
Кај возила со автоматски менувач,
возачот мора да го контролира
забрзувањето и менувањето
брзини, а сопирањето и
управувањето се вршат
автоматски.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.

Page 243 of 373

Возење и ракување241
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со кратко притискање на (.
Системот препознава и запомнува десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање во
режимот за помош за паркирање.
Системот може да биде активиран
и да пребарува за место за
паркирање само со брзина до
30 км/ч.
Напредната помош за паркирање
може да не се активира кога возите
на многу остри стрмнини.
ФункционалностВо режимот на барање на место за паркирање, ознака во
Информативен центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку долго
притискање на копчето (.
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.

Page 244 of 373

242Возење и ракувањеОзнаки на Информативен екран во
боја
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната
икона на екранот.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се појави пораката Stop(Застанете). Системот ја
пресметува оптималната патека до
паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото со
рачен менувач се управува во
местото автоматски со тоа што на
возачот му се даваат детални
упатства за сопирање, забрзување
и менување брзини. Кај возилата
со рачен менувач, возилото се управува во местото автоматски со тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за забрзување и
менување брзини за напред или
назад. Возачот не треба да го
допира воланот. При режимот за наведување при паркирање,
брзината на маневрирање е
ограничена.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук укажува
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.

Page 245 of 373

Возење и ракување243Значи, ако поради нешто возачот
треба да преземе контрола врз управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Совет кога се вози побрзо од 30 км/ч во текот на режимот на
пребарување на паркинг
место.
● Барање за запирање на возилото кога е откриено местоза паркирање.
● Насока на возењето за време на маневрите за паркирање.
● Барање за менување во рикверц или во прва брзина,
или R или D кај автоматски
менувач.● Барање да се застане или да се вози побавно.
● За некои од упатствата се прикажува лента за напредокна Информативниот центар за
возачот.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на SET/CLR на рачката за
трепкачите или на 9 на воланот,
повторно се покажуваат
упатствата за напредната помош
за паркирање и маневарот за
паркирање може да продолжи.Деактивирање
Системот се деактивира со:
● кратко притискање на (
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
● возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
● откриено е попречување од возачот на воланот
● се надмине максималниот број
промени на брзините:
осум циклуси при паралелно
паркирање или пет циклуси при напречно паркирање
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) на екранот. Освен
тоа, се огласува звучен сигнал.
Автоматски менувач:
Ако напредната помош за
паркирање се деактивира при
маневар за паркирање или

Page 246 of 373

244Возење и ракувањеманеварот завршил успешно,
помошта го задржува возилото во положбата додека не се случинешто од следново:
1. се притисне педалата за сопирачките.
2. се активира електричната сопирачка за паркирање.
3. Рачката на менувачот е поставена во P
Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневрот за
паркирање.
● Системот не функционира.
● Дојде до некоја од причините за деактивирање опишани
погоре.
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, на
екранот се појавува Stop
(Застанете) . Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжиманеврата за паркирање. Ако не се
отстрани предметот, системот ќе
се деактивира.
Основни белешки за системитеза помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко

Page 247 of 373

Возење и ракување245непорамнување (повремено може
да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на ниски рабови
или тло, на пример, во градежни
зони. Возачот е одговорен за тоа.Забелешка
Новите возила треба да се
калибрираат при првото
користење. За оптимално
наведување при паркирање,
потребна е возна оддалеченост
од најмалку 10 км, вклучително и
свиоци.
Системот е калибриран на
фабрички поставените тркала.
Резултатите за паркирање се
поинакви со други гуми или
големини на тркала.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа
точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање штосе наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.

Page 248 of 373

246Возење и ракување
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори кратко ќе светнат за
да покажат дека системот работи.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа точка додека се
вози нанапред, без разлика дали
претекнувате возило или ве
претекнуваат, жолт
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е
побрзо од претекнатото возило
најмалку за 10 км/ч, може да не
свети предупредувачкиот симбол
F во соодветниот страничен
ретровизор.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи F во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи F
ќе светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Деактивирање Активирањето или
деактивирањето на известувањето
за странична слепа зона може да
се постави во изборникот заприспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Информативен екран 3 133.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу три метри наназад и
настрана. Висината на зоната е
приближно помеѓу половина метар и два метри од тлото.
Системот се активира ако возилото
влече приколка или ако е
прицврстен носач за велосипеди.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
ѕидови и греди. Паркирани или
возила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.

Page 249 of 373

Возење и ракување247Системски ограничувањаМоже да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Системот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите.
● Возење при поројни врнежи.
● Возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот за
откривање е оштетена или не е правилно поправена.
● Има екстремни промени на температурата.
● Возилото влече приколка.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, симболите во
огледалата ќе бидат постојано осветлени и се прикажува порака
на Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.Известување за
менување лента
Дополнително на известувањето
за странична слепа точка 3 245,
известувањето за менување лента
препознава возила што се
приближуваат брзо одзади на
паралелни ленти до возилото.
Системот известува визуелно во
секој од страничните ретровизори
кога ќе открие возила што се
приближуваат брзо одзади.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.9 Предупредување
Известувањето за менување
лента не го заменува видот на
возачот.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило
што се приближува одзади и вози
значително побрзо, жолтиот
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи во соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за менување лента е активно при сите брзини.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.

Page 250 of 373

248Возење и ракувањеЗони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 3,5 метри паралелно
од двете страни на возилото и
околу 3 метри наназад за
известувањето за странична слепа
точка (А) и околу 50 метри наназад
за известувањето за менување лента (В) на паралелни ленти.
Зоните почнуваат од страничните
ретровизори. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за менување лента може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби на Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 140.
Информативен екран 3 133.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Системски ограничувањаПовремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Системот може
привремено да предупреди на
објекти во слепата точка во
одредени временски услови (дожд, град и слично). Возење на мокар
пат или во премини од суво место
на влажна површина може дапредизвикаат вклучување на
контролната сијаличка F,
бидејќи водениот плисок може да
се толкува како објект. Инаку,
контролната сијаличка F може
да се вклучи поради банкини, знаци, дрвја, грмушки или други
неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Системот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите.
● Возење при поројни врнежи.
● Возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот заоткривање е оштетена или не е правилно поправена.
● Има екстремни промени на температурата.
● Возилото влече приколка.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува

Page:   < prev 1-10 ... 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 ... 380 next >